Friday, August 10, 2018

Да си прашам јас?



да си прашам јас? со оглед на ситуацијава што не снајде, ми се поставија неколку прашања и дилеми, затоа ќе започнам со следниов редослед.

прво, да си прашам јас? да ги прашам сите оние кои беа убедени , дека Русија ќе интервенира , и дека ќе ја спасува ситуацијата во која се најдовме, зошто се уште Русија никаде ја нема? нели ќе се вклучи во спасување после светското првенство, а пројде и светско и регионално и домашно првенство, и пак нема ништо. Да сите се запалија на изјавата на Александар Дугин, дека никој нема право да ни го менува името и идентитето, се согласувам со него, али не можам да видам дека Русија нешто помага на терен да го решиме овој наш проблем. Искрено познавајќи ги империте низ историјата на човештвото, како што биле : Римската, Британската, Австро-Унгарската, Германската , Отоманската и другите империи, знаеме дека тоа не се ни лоши ниту добри империи, тие имат само свои лични интереси, па гледат да си најдат некои свои играчи кој ќе ги застапуват нивните интереси  и ќе им служат за нивни цели како некои муштикли, па кога ќе им заврши нивната употреба ќе ги фрлат на буниште како некоја испушена муштикла. Поради тоа моите залагања се Македонија да прогласи неутралност, во однос на ЕУ и НАТО, во однос на Исток и Запад, за да не завршиме како испушена муштикла.
Русите и Американците на крајот на краиштата повторно заедно ќе седнат на маса да се договоарат и ќе се договорат да го делат пленот во согласност со своите интереси и цели. Тоа го правеа во минатот, а истото можат да го прават и денес.  гледате како наеднаш се договорија Путин и Трамп за косово и неговата поделба. Затоа и се чуствува вознемиреноста во целиот регион. Пред тоа истиот случај го имаме и со БиХ, каде Република Српска е под влијаније на Русија, а останатито дел под влијание на Западот, значи завладај, подели и потоа контролирај. Старо Римско Кредо.  Истата ситуација е ,и во Украина. А што мислите дека истото не може да се случи и со нас, да не поделат на два дела на Албански и Бугарски дел, преку Албанскиот дел да има влијание Западот,  а преку Бугарскиот дел Русија, чиста работа сите среќни и задоволни, само Македонецот со лонгета на прстот во устата ќе шета. Немојте да мислите дека за ваква варијанта на се размислува и мисли.
Втора работа, ВМРО ни јави дека на 10 септември ќе знат дали ќе бојкотират референдум. Што е работава бре човеци? како да чеката некоја тендерска понуда од квислиншкава власт. До сега требаше илјадници пати да бојкотирате. Причини за бојкот и напуштање на собранието веќе две години има многу, прво нелегитимната изборна власт ви беше прва причина да излезете на бојкот и да го напуштите собранието. Во што ли ви е играта? веселата математика ли?
Трета работа, да си прашам јас ? каде ми е Никола Груевски? нели требаше да биде национален лидер на Македонскиот народ? а имаше шанса за тоа. Чим јас кои традиционално имам левичарска филозофија ме привлече мене и токму со работите кои го крена духот на Македонскиот народ, работите како што се Скопје 2014, тужбата против грција, отварањето на прашањето за имотите на протераните Македонци од Беломорска Македонија, Република Македонија како ерга омнес за севкупна употреба, овие и други работи мене лично ме привлекоа и кој кај мене преставува надеж дека после долго време добивме национален лидер. Али по се изгледа дека сум се излажал. Каде си сега Груевски? народот да го поведеш во одбрана на државата и во бојкот на престојниот референдум. Чекаш ли мицковски да ти каже  што треба да правиш? не ти треба негова дозвола за да го направиш тоа. Доволно е да имаш срце и душа и Македонска национална свест, другото само по себе ќе си дојде.
Трета работа, да си прашам јас? станува збор за комарците на шилегов. гледам се поголем замав земат, ништо не ги ништи. Абе лути се и лути ќе останат, али и тие се на бојкот како Македонците,зошто и тие знат што е пресушено мочуриште, бидејќи ти шилегов заедно со твоите сопартици од СДС токму во тоа сакаш да ја направиш Македонија во пресушено мочуриште. Па кога сите ние тоа го гледаме ти се нафрливме на бојкот кака комарци. Ќе има комарци до 30 септември,а богами и после тоа ама и пострашни и кој повеќе ќе касат од овие од сега.
За крај да резимирам: Македонскиот народ и овој пат како и за време на втората светска војна сам да се брани и да се изборо за правото да има своја држава и идентитет. За време на втората светска војна сам си ја ослободи својата држава без црвена или плава армија, без партизани од Југославија, туку сам со своите сили. Затоа и после втората светска војна го доби правото да формира своја држава,  и сега по се изгледа дека истот е, Македонскиот народ повторно ќе треба  сам да се избори за својата слобода, за својот национален идентите и правото да има држава.

Мишко Ливрински, Скопје, Македонија.

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...