Monday, August 13, 2018

Самрак на Европската идеја



Луѓето кои живееат на планетава земја  се поделени помеѓу себе од најразлични работи, јазикот, културата, обичаите, религијата, историските околности, економските околности, бојата на кожат и сл. сите тие работи, а и останати работи довеле до формирање на различни народи и нации, тоа пак условило поделба помеѓу народите и наците со значителни разлики помеѓу нив. 
За да се надминат сите овие разлики помеѓу луѓето, секогаш во историјата постоела идеја за обединување на сите нации во една нација, односно надминување на сите разлики и креирање на наднационален идентитет, тој идентитет во современата Европска епоха, се нарекува граѓански концепт.                                             
                                                                                                                                                                                                    
                                 

                                                                                                                                                               
Во текот на историјата концептот за изградување на една супернација бил присутен од дамнешни времиња. Така во најстарата книга Библијата  во стариот завет после потопот потомците на Ное се собрале во Сенарската долина  и решиле да го градат градот Вавилон заедно со Вавилонската кула, целта била земјаните да си спечалат име, односно да се обединат во една нација. Сепак тој проект со интервенцијата на Бога се покажал како неуспешен.
После Вавилон секоја империја која владела со светот ја имала истата идеја, обединување на сите нации во една нација. Тоа идело преку Вавилон и Медо -Персија, Римската империја, Светот Римско царство, Австро-Унгарија, Британската империја, Отоманската империја, Руската империја, Наполеоновата империја, Хитлеровата империја, па се до денешен ден тоа за цел го имат Американската и Европската либерална империја.
Европската либерална империја се протега на Европскиот континент. Европа е дом на многу нации, вери и култури. За првпат речиси цела Европа била обединета за време на Римската империја, подоцна таа империја се поделила на Западен и Источен дел. Ова поделба ќе остави стравотни разлики помеѓу Источна и Западна Европа и последиците од таа поделба до денешен ден се чуствуват.
Денес после две илјади години од Римската империја повторно се оживеа старата идеја за обединување на Европа, но се чини дека токму на таа идеја и доаѓа крајот. Во педесетите години на минатио век  се создаде идејата за создавање на Европска економска заедница во 1957 година, од страна на шест Европски држави. Во 1992 година прерасна во Европска Унија која ја сочинуват дваесет и осум држави.
Се чини дека последните настани и случувања ја ставија ЕУ пред свршен чин и дефинитивен самрак на она што се викаше Европска идеја.
А што беше тоа Европска идеја? Европската идеја беше едноставно замислена  да ЕУ се изгради како заедница на региони, а не држави. Со тоа како заедница на региони би се исправиле претходните лоши одлукии  донесени од претходните воени политики, бидејќи сите Европски држави не се на етнички чиста територија, денес секоја држава во Европа околу себе има своја дијаспора. Како пример за изградба на регион ние Албанскиот регион каде Албанците од Албанија, Црна Гора, Косово, Србија, Македонија и Грција, го формират Албанскиот регион, тоа не е официјално и правно Голема Албанија, но како таков е поднослив во рамките на ЕУ, бидејќи народот си комуницира слободно, слично е и со Српскиот Регион. Значи првична замисла беше да се формират ваквите региони за да народите полесно комуницират помеѓу себе, со тек на времето би следело овие региони да прераснат во нови национални држави, на тој начин би се исправиле грешкитен од претходните воени политики. За жал ова идеја на Европската политика е веќе одамна напуштена.
Ова идеја е напуштена од кога ЕУ воведе двојни стандарди. Едни се стандардите кои треба да ги исполни Србија, Други се стандардите за Македонија, Трети се за Албанија, Четврти се за Црна Гора, пети се за БиХ. И.Т.Н. Впечатлив беше примерот со Украина, Русија го попречи влезот на Украина во ЕУ, Брисел постигна консензус Украина мора со сила да влезе во ЕУ. Со Македонија е сосема обратно Грција го блокира нашиот прием, Брисел со консензус вели дека мораме да ги исполниме барањата на Грција, односно да го промениме името и да се откажеме од нашиот идентитет. Еве ви приказ за двоен стандард и двоен арш.
Референдумот и излезот на Британија од унијата целосно ја разниша од корен унијата. Се виде дека се судрија два модели  за изградбата на унијата, Федералниот и конфедералниот модел. Конфедералниот модел беше проследен од страна на Британија. Германската идеја за изградба на Соединети Европски држави( СЕД) по примерот на САД е оневозможен од голем број на причини како што се различните националности и верската поделеност, различното политичко уредување и економскиот развој на државите, различното историско минато и културата на народите, сите овие работи потврдуват дека Германскиот модел за изградба на СЕД е мртвороденче. 
После Британскиот брегзит во ЕУ се има чуство дека се случува внатрешна поделба помеѓу земјите членки. Имено новите членки на ЕУ како што се : Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Австрија, па дури и Италија, барат реформи на самата унија со што на државите на унијата  ќе им се овозможи зачувување на националниот идентитет и суверенитет на земјите членки на унијата, во тоа е најгласна Полска подржана од вишеградската групација која влегува во директен судир со останатите земји на унијата во прв ред со Германија  и останатите земји на стара Европа.
Во 1990 година, Тото Кутуњо ја отпеа победничката песна на изборот на песна за Евровизија, насловена како Insieme 1992,  за обединувањето на Европа пееше тој. Од тогаш па се до денешен ден Европа остана необединета, изгледа дека судбината на Европа била одредена кај кулата Вавилонска и идејата за обединување на сите народи во една нација  станала утопија.  Веруваме ли ние во таа утопија? прашувам бидејќи нашите политичари како слепци за стап уште одамна нија преодредија судбината  дека треба да веруваме во таа утопија, како единствена божја вистина, не бре се работи за црковна догма.





Мишко Ливрински-кубрајт, Скопје.      


( објавена во дневник 2016 година)
                                      

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...