Во изминативе години бевме сведоци на тотален пад и крах на левите партии, секаде во светот па така и кај нас. Во моментов рикна сите леви партии: Во Грција, Во Хрватска. фрнцуската левица се чека да рикне, Шведската левица рикна како и сите останати
На што се должи тоа? на измислување на нов политички центар, така наречени партии на центарот. Низ историјата биле организирани и поделени на лево и десно. Леви и десни политички партии постоеле уште за време на Рим, така во Рим постоеле Патриции и Плебејци, Плебејците биле левичари, а Патриците десничари, потоа за време на Француската револуција се поедлиле на Жиродинци и Јакубинци, каде Јакубинците ја имат улогата на левичарска партија. Ваквата поделба на политичките партии како што гледаме е задржанан до денешен ден.
Левицата после падот на реалсоцијализамот и Варшавскиот пакт, првата грешка која ја направија беше откажување од филозофската и теоретската подлога на Карло Маркс на чија филозофија теоретски подлегнуваше левицата. Тоа е нивната прва грешка, затоа и од левицата сите се откажа , вклучувајќи ја и работничката класа која традиционално беше врзана за неа.
Појавата на филозофијата на Жак Дерида за создавање на левица од неолибералистичка проивиненција, што значеше спојување на левицата и крупниот капитал, што се разбира дека самото по себе е неубоза, бидејќи левицата не се врзува за крупниот капитал, таа традицинално се борела против капитализамот и капиталистот, а во полза на работништвото и угнетената класа, која во таква ситуација се нашла поради експлатацијата на капиталистот.
Врз основа на филозофијата на Жак Дерида, Британскиот левичар Тони Блер во текот на 90-тите години го промовираше така наречениот трети пат или партии на центарот.
Центар како место на политички партии никогаш не постоело, историски секогаш постоело лево и десно. Во моментот кога се прогласи центар, односно политички партии на центарот, што се случи? партиите од левицата сите пројдоа во центарот и себе си се прогласија за граѓански партии или либерали, на тој начин остана празни без идеологија и суштина на своето постоење.
Што е суштината на создавањето на партии на центарот? суштината на создавањето на овие партии така наречени граѓански или либерални партии е што тие се без идеолошка подлога како што се традиционалната левица или десница. Нивната суштина е во создавање на политички партии кои тесно ќе ги застапуват бизнис интересите на големите светски компани, корпораците, на банкарскиот систем, значи слуги кои ќе ги застапуват бизнис интересите на профитерите. Во тоа е суштината на постоењето на партите на центарот.
Први кои што се прешалта од лево кон центар беше Американската левица, односно Демократите на Клинтон и Олбрајт и Британската левца. Ние тоа можевме да го видиме во изминативе години со договорите ТТИП, ТИСА, и ТЕЦ со кои требаше да се изврши приватизација и плачка на јавните добра на човештвото како што се: води, реки, планини, дожд, атмосфера, полиција, улици, паркинзи, плоштади. И сето ова го предлага токму Демократите на Обама, односно Американската левица. Истата филозофија ја следат и левичарите од целиот свет.
И кај нас е истиот тренд, Го гледаме СДС кој нема никаква левичарска идеолошка подлога. Нели се залагат за граѓански концепт на држава? Па тоа е партија на центарот. Не сум ни вамте, ни тамте, не сум ни лево ни десно, не сум ни риба ни девојка. Ништо не се занае без идејна и идеолшка партија е центарот.
Она што нас не изненадува е што и десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ ќе се прешалтува во центар, односно ќе стане граѓанска партија. Тоа ни го навести Груевски за време на изборната кампања на локалните избори, навестувајќи ни нова ера на неговата партија. А тоа е тоа преминување од десно кон лево. Кон тоа ако го дадеме умерениот национализам и лошото однесување на ова партија во моментов кога Македонскиот народ се бори за голи опстанок на нацијата и државата може да се пресуди дека најверојатно дека ова партија веќе одлучила да се прешалта од десно кон центарот. Значи нашите партии од лево и десно одат кон центар.
Она што никој не го забележува почнува да станува тренд во Европа и Светот е појавата на народните партии. Партии кои внатре во самата држава со своите програми,планови и проекти личат и делуват како да се левица, а надвор од државата во светото со своето однесување личат на национални и националистички партии. Такви партии се појавуват во Чешка, Словачка, Полска, Франција. Германија, Италија, тоа е партијата на Виктор Орбан во Унгарија. Кај нас тек допрва ќе почнат да се конституират или се веќе во фаза на нивно конституирање и појавување.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје.
No comments:
Post a Comment