Friday, July 27, 2018

 ВЕСЕЛАТА МАТЕМАТИКА




Евидентно  е дека годинава со внесувањето на Тројанскиот коњ на нашата политичка сцена, односно со потпишувањето на договорот за самоукинување на Македонија и на Македонскиот народ, се виде кој за што е! се виде кои играчи се за самоукинување, а кој не! на површина исплива кои биле за ова држава, а кој против.
За СДС, јасно ми е дека тие беа донесени со една цел, да ја извршат задачата која им ја додели Западот за самоукинување на Македонскиот народ. Но неми е јасна позицијата, односно политиката која што во моментов ја води раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледно е дека последнава година се покажа вистинското лице на ВМРО, а најочигледно е дека нивното раководство ја прифатило веселата математика. На тоа укажуват неколку битни факти: Прифаќање на владата на СДС за легитимна, учество во работата на собранието наместо напуштање и негов бојкот, бојкот на собранието требаше да започне со потпишувањето на договорот за добрососедски односи со Бугарија. Се гледа дека нивното раковдство ја менува политиката на самата партија, што е видливо во нивниот вокабулар, па така наместо терминот Македонски народ, тие денес го употребуват терминот Граѓани, ја напуштија седницата кога се гласаше договорот за капитулација  и бришење на Македонскиот народ, но него бојкотира собранието, и не го свика народот во одбрана на државата, туку Македонскиот народ во моментов сам се брани.
Сето ова покажува дека раководството на ВМРО ја прифатило играта на веселата математика. Исто како тоа што го направи раководството на СДС на чело со Бранко Црвенковски во 1998 година. Имено, тогаш Бранко Црвенковски му го препушти местото на  Љубчо Георгиевски и ВМРО за да тие ја извршат валканата работа, односно да го подготват теренот за фингирана војна во 2001 година и ппромена на уставот со што Македонскиот народ се спушти од државотворен народ во една етничка заедница, тоа и беше целта на фингираната војна во 2001 година.
Истото е и сега, само играчите се обратни. Денес се повеќе личи дека ВМРО ја игра истата игра, препуштајќи му го теренот на СДС за тие да ја извршат валиканата работа за промена на името Македонија и самоукинување на Македонскиот народ, за да ВМРО на крај покаже дека биле со народот, исто како што Бранко Црвенковски покажа дека во 2001 година бил со народот за да на крај го потпише рамковниот договор.
Фактички ВМРО го започнува истиот процес како и СДС, со учипавање во своите работи на салонаши, салонски луѓе, луѓе без интергритет и идентитет, без идеи и идеали, туку послушници  спрема надворешниот фактор, ги видовме сите трчкланици на Мицковски и останатите во Америчката амбасада.
Не знам зошто раководството на ова партија, не сака да учи од нивнитен претходници, СДС кое буквално ваквото однесување ги донесе оваму кај што се денеска.
Има уште една работа кога сме кај договорот со Грција, а тоа што за негово функционирање и имплементација  е потребен потписот на ВМРО-ДПМНЕ, исто како и во 2001 година, за рамковниот договор беше потребен потписите на четрите поглавици. Сега тоа е играта како да се добие потписот на ВМРО! затоа и е предложено решение кое го видовме деновиве, а тоа е решението за технипчка влада составена од четрите поглавици која би била во прилог на добивање на потписот на ВМРО, се е исто како во 2001 година, се видовме и чувме, истото сценарио ккао и во 2001 година.
Само една работа е различна , а тоа е што времето не е исто, Македонскиот народ не е ист како и во 2001 година, а и светот повеќе не е ист.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје

Sunday, July 22, 2018

 ПОМЕЃУ ВАШИНГТОН И МОСКВА 







Има една синтагма  од почетокот на деведесетите година, во екот кога се распаѓаше бившата Југослвија, нашата интелектуална елита зборуваше „ кога би бирале помеѓу Белград и Софија, ние би го избрале Белград“. И денес истото прашање се поставува „кога би бирале помеѓу Вашингтон и Москва“. Нашите власти го избра Вашингтон за нивни центар , а зашто да бираме помеѓу еден или друг, а зашто да не бидеме она што сме Македонци, зошто не го бираме Скопје за наш центар на моќта. Тоа зависи од едукацијата, образованието, знаењето, како е образована е една елита и сл.
И денес во 2018 година, сме како во 1948 година, да бираме помеѓу Исток и Запад, актуелната власт е за Запад, одредени политички партии и групации кои се појавуват се залагат за Исток, односно евроазиската унија.

Ние би рекле дека покрај овие две опции имаме и трета опција, да бидеме неутрални, да не бидеме врзани ни за еден сојуз или табор, а во исто време да имаме соработка со двата блока, и со Исток и со Запад. Неутралноста не значи изолација како што многумина велат, туку напротив, тоа значи неутралност во политичка и сојузничка мисла, да не припаѓаш на ниеден политички сојуз, а само да имаш добри политички и економски односи и со Истокот и со Западот, тоа е денес Швајцарија, тоа во минатото беше Југославија.


Времето во кое денес живееме, е токму како она што беше од 1948 година, кога бевме ставени во позиција да бираме помеѓу Исток и Запад, а приврзаноста кон одреден политички табор или сојуз во исто време знчи против друг табор, па така ако сме приврзани спрема Исток, тогаш сме против Западот и обратно ако сме приврзани за Западот тогаш сме против Истокот, за да се избегне ваквата ситуација имае трета опција, а тоа е неутралноста.
Искрено ние сме против Западот, Америка и Нато поради нивната политика не само спрема Македонија, туку и поради нивната политика  спрема целиот светот која сака од светот сака да направи прчварија. Исто така знаеме од историја  дека големите сили како што се Америка и Русија најчесто си ги гледале своите лични интереси, али не интересите на малите земји, затоа и секогаш во линијата на одбраната на големите сили секогаш страдале малите земји.
Што се однесува  до Евроазиската унија или сојуз лично немаме ништо против зачленување во таков сојуз, но мислам дека пристапувањето се уште е рано за стапување во евроазискиот сојуз, сепак тој сојуз се уште се оформува, мисла дека можеби покасно би можеле да се приклучиме кога цела Европа би се приклучила на тој сојуз, бидејќи сега е време на војна и приклучувањето кон некој табор ќе зачи дека си против другиот сојуз, затоа за да се спасиме од таквата ситуација најдобро е неутралниот статус.
Секогаш се има избор, покрај Нато, Европската унија, Евроазиската унија, имаме и трет избор, на крај останува на нас што ќе избереме.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје.

Thursday, July 5, 2018

 ВАВИЛОНСКА УТОПИЈА 










Некој ја викат старата дама, други блудница, најпозната е по името Вавилон, али нејзиното вистинско име е Европа. Имено, Европа е новиот Вавилон или библиската блудница, али поради една причина, а тоа е идејата која ги влече своите корени од стариот Вавилон.
Имено, господата од брисел преставени од Англоскасонските олигарси, корпоративниот банкарски систем, поради своите цели остварување на профити на туѓи сметки и туѓи грб, зациментира создавање на еден нов  унифициран идентитет “ Европски“, “ Европјани“ како замена за постојаните национални идентитети на Европските народи, чим паѓат нациите, паѓа и нивната сувереност и државност, така се умртвува све.
А овој нов Европски идентитет треба да се пополни со ЛГБТ заедницата, со луѓе кои имат чуство само за инвидувалност, али не и заедништво, Во новиот Европски и светски идентитет, во новиот светски поредок на поимот и содржината заедништво му се препишува анатема како источен грев. Се што се подразбира под поимот заедништво: Семејство, Нација, Црква, Религија, друштво сето тоа треба да се избрише од сеќавањето на човештвото. Во новиот светски поредок и Европски идентитет Бог ( Јехова, Алак, Буда, Христос) треба да бидат заменети со нови Богови како што се Рокфелер и Ротшилдови, а за црковни институции треба да се сметат Вол стрит и Лондон сити, пошто нели така не учат дека од нив и од нивните пари ни зависел животот.
Сега да се вратиме на историскиот Вавилон. Според записите на Мојсеј во стариот завет, луѓето во тоа време биле еден народ со еден јазик, биле една супериорна нација која имала за цел владење со целиот свет, мислеле и работеле како едно тело. Бидејќи тоа не му одговарало на Бога тој решил да им ги помеша јазиците и на тој начин настанале народите и нациите.
Прашањето кое ние овдека го поставуваме  е зошто Бог се долучил на ваков чекор, на ваков начин  да им ги поремети плановите притоа создавањеи нации и народи.


Секоја нација и народ  се засебни со своја ДНК која во себе содржи сво код, јазик, култура, минато, традиција и сл.Таа национална ДНК се разликува  една од друга и ја покажува разликата од една до друга нација, тука е, и одговорот зошто повеќе никогаш човекот, не се обединил во една нација, во една супер држава, тоа е благодарение на неговата разлика  во националната ДНК.
Токму и ова е причината која ги пореметува плановите  на моќниците и лудаците, бидејќи тоа што тие ќе го предложат или сакат да го остварат, наоѓа отпор од другите различни на нив. Тоа е тајната на Вавилон. Така на пример на планот на Макрони за создавање на суперевропска држава со Европски идентитет  кои имат за цел како што рековме поништување на националниот идентитет ( кои беше и една од целите на глобализацијата) на народите, на ова идеја се спротиставија повеќето Европски држави како што се: Полска, Унгарија, Чешка, Австрија, Русија, Италија и другите народи и држави, па и ние Македонците денес се спротиставуваме. Втор пример, Американците  сака пред некоја година да го воведат светото во општ хаос и во целосна приватизација и ропство со нивните еконосми и мафијашки договори познати како ТИП, ТИСА и ТЕЦ  со кои му се закануваше на светот општа плачка,  на овие договори се спротиставија сите Германија, Велика Британија, Кина и Русија, па дури и самите Американци, првата работа што ја направи трамп од неговото доаѓање во белата куќа е токму повлекувањето на овие договори.
За крај да резимираме: Идејата на Вавилон за создавање на супер нација и една супер држава е одамна мртва , Нејзината судбина е веќе одмана преодредена како Вавилонска утопија. И самиот Исус во Евангелието според Матеја вели: И одете научете ги сите народи, секое племе, колено и род, крштевајќи ги во името на отецот, синот и светиот дух( евангелије по матеја 28:19,20), значи до крајот на светото народите опстојуват.  Иднината на светот е во креирање на самостојни, суверени и независни држави со свои национални народи кои ќе бидат способни самостојно да донесуват одлуки за самостоен живот и за својата иднина. Све останато е утопија, како што рековме Вавилонската идеја за супернација и од Вавилон до денешен ден е мртвороденче.

Мишко Македонски Ливрински


АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...