Sunday, July 22, 2018

 ПОМЕЃУ ВАШИНГТОН И МОСКВА 







Има една синтагма  од почетокот на деведесетите година, во екот кога се распаѓаше бившата Југослвија, нашата интелектуална елита зборуваше „ кога би бирале помеѓу Белград и Софија, ние би го избрале Белград“. И денес истото прашање се поставува „кога би бирале помеѓу Вашингтон и Москва“. Нашите власти го избра Вашингтон за нивни центар , а зашто да бираме помеѓу еден или друг, а зашто да не бидеме она што сме Македонци, зошто не го бираме Скопје за наш центар на моќта. Тоа зависи од едукацијата, образованието, знаењето, како е образована е една елита и сл.
И денес во 2018 година, сме како во 1948 година, да бираме помеѓу Исток и Запад, актуелната власт е за Запад, одредени политички партии и групации кои се појавуват се залагат за Исток, односно евроазиската унија.

Ние би рекле дека покрај овие две опции имаме и трета опција, да бидеме неутрални, да не бидеме врзани ни за еден сојуз или табор, а во исто време да имаме соработка со двата блока, и со Исток и со Запад. Неутралноста не значи изолација како што многумина велат, туку напротив, тоа значи неутралност во политичка и сојузничка мисла, да не припаѓаш на ниеден политички сојуз, а само да имаш добри политички и економски односи и со Истокот и со Западот, тоа е денес Швајцарија, тоа во минатото беше Југославија.


Времето во кое денес живееме, е токму како она што беше од 1948 година, кога бевме ставени во позиција да бираме помеѓу Исток и Запад, а приврзаноста кон одреден политички табор или сојуз во исто време знчи против друг табор, па така ако сме приврзани спрема Исток, тогаш сме против Западот и обратно ако сме приврзани за Западот тогаш сме против Истокот, за да се избегне ваквата ситуација имае трета опција, а тоа е неутралноста.
Искрено ние сме против Западот, Америка и Нато поради нивната политика не само спрема Македонија, туку и поради нивната политика  спрема целиот светот која сака од светот сака да направи прчварија. Исто така знаеме од историја  дека големите сили како што се Америка и Русија најчесто си ги гледале своите лични интереси, али не интересите на малите земји, затоа и секогаш во линијата на одбраната на големите сили секогаш страдале малите земји.
Што се однесува  до Евроазиската унија или сојуз лично немаме ништо против зачленување во таков сојуз, но мислам дека пристапувањето се уште е рано за стапување во евроазискиот сојуз, сепак тој сојуз се уште се оформува, мисла дека можеби покасно би можеле да се приклучиме кога цела Европа би се приклучила на тој сојуз, бидејќи сега е време на војна и приклучувањето кон некој табор ќе зачи дека си против другиот сојуз, затоа за да се спасиме од таквата ситуација најдобро е неутралниот статус.
Секогаш се има избор, покрај Нато, Европската унија, Евроазиската унија, имаме и трет избор, на крај останува на нас што ќе избереме.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје.

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...