Friday, July 27, 2018

 ВЕСЕЛАТА МАТЕМАТИКА




Евидентно  е дека годинава со внесувањето на Тројанскиот коњ на нашата политичка сцена, односно со потпишувањето на договорот за самоукинување на Македонија и на Македонскиот народ, се виде кој за што е! се виде кои играчи се за самоукинување, а кој не! на површина исплива кои биле за ова држава, а кој против.
За СДС, јасно ми е дека тие беа донесени со една цел, да ја извршат задачата која им ја додели Западот за самоукинување на Македонскиот народ. Но неми е јасна позицијата, односно политиката која што во моментов ја води раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледно е дека последнава година се покажа вистинското лице на ВМРО, а најочигледно е дека нивното раководство ја прифатило веселата математика. На тоа укажуват неколку битни факти: Прифаќање на владата на СДС за легитимна, учество во работата на собранието наместо напуштање и негов бојкот, бојкот на собранието требаше да започне со потпишувањето на договорот за добрососедски односи со Бугарија. Се гледа дека нивното раковдство ја менува политиката на самата партија, што е видливо во нивниот вокабулар, па така наместо терминот Македонски народ, тие денес го употребуват терминот Граѓани, ја напуштија седницата кога се гласаше договорот за капитулација  и бришење на Македонскиот народ, но него бојкотира собранието, и не го свика народот во одбрана на државата, туку Македонскиот народ во моментов сам се брани.
Сето ова покажува дека раководството на ВМРО ја прифатило играта на веселата математика. Исто како тоа што го направи раководството на СДС на чело со Бранко Црвенковски во 1998 година. Имено, тогаш Бранко Црвенковски му го препушти местото на  Љубчо Георгиевски и ВМРО за да тие ја извршат валканата работа, односно да го подготват теренот за фингирана војна во 2001 година и ппромена на уставот со што Македонскиот народ се спушти од државотворен народ во една етничка заедница, тоа и беше целта на фингираната војна во 2001 година.
Истото е и сега, само играчите се обратни. Денес се повеќе личи дека ВМРО ја игра истата игра, препуштајќи му го теренот на СДС за тие да ја извршат валиканата работа за промена на името Македонија и самоукинување на Македонскиот народ, за да ВМРО на крај покаже дека биле со народот, исто како што Бранко Црвенковски покажа дека во 2001 година бил со народот за да на крај го потпише рамковниот договор.
Фактички ВМРО го започнува истиот процес како и СДС, со учипавање во своите работи на салонаши, салонски луѓе, луѓе без интергритет и идентитет, без идеи и идеали, туку послушници  спрема надворешниот фактор, ги видовме сите трчкланици на Мицковски и останатите во Америчката амбасада.
Не знам зошто раководството на ова партија, не сака да учи од нивнитен претходници, СДС кое буквално ваквото однесување ги донесе оваму кај што се денеска.
Има уште една работа кога сме кај договорот со Грција, а тоа што за негово функционирање и имплементација  е потребен потписот на ВМРО-ДПМНЕ, исто како и во 2001 година, за рамковниот договор беше потребен потписите на четрите поглавици. Сега тоа е играта како да се добие потписот на ВМРО! затоа и е предложено решение кое го видовме деновиве, а тоа е решението за технипчка влада составена од четрите поглавици која би била во прилог на добивање на потписот на ВМРО, се е исто како во 2001 година, се видовме и чувме, истото сценарио ккао и во 2001 година.
Само една работа е различна , а тоа е што времето не е исто, Македонскиот народ не е ист како и во 2001 година, а и светот повеќе не е ист.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...