miskokubrajt
Friday, December 9, 2022
АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ
Sunday, November 20, 2022
ЛУЛКАТА НА ВОЛКОТ
Таман си рекол дека ќе земеш воздивха, дека во 21 век човекот нешто научил дека барем има некакво однесување или незнам што! Кога на крајот на денот ја гледаш најголемата човечка гнаса. Се чудам мори мајко како во 21 век кога човештвото технолошки е најнапредно, демек човекот е најобразован, а всушност обратно е!. Драги мои во овој 21 век човекот морално најмногу падна, а образовно има формални дипломи, што правниците би рекле формално - правно за пред суд за ништо повеќе.
Thursday, August 11, 2022
како е уништен капиталистичкиот систем
Мишко Ливрински, Скопје, Македонија.
Monday, July 4, 2022
последниот ултиматум врз македонскиот народ
Веќе една недела како се занимаваме со францускиот предлог за влез на македонија во друштвото на европските земји. Францускиот предлог кој опфаќа бришење на македонскиот идентитет, македонската историја и јазик, што всушност е последен ултиматум за бришење на македонскиот народ и негова асимилација како дел на бугарскиот народ. Фактички со ова се затвара пандорината кутија во врска со Македонија која Европа ја започна во 19 век, преку Берлинскиот конгрес, букурешкиот договор, балканските војни, версајскиот мировен договор, втората светска војна, па се до случувањата од поновата македонска историја.
Овој пат наместо на Германија улогата за ултиматиум и припадна на старата ороспија Франција. да добро чувте старата оросипија Франција, со историски факти и докази може да се докаже нејзиниот ороспилук. Во средниот век уништени и убиени преку илјадници Катарени, по таа Албигинезите, па за време на вартоломејската ноќ и припадна уништувањето на хугенотите и денес ден католичката црква го слави празникот на вартоломејската ноќ како празник над победата над хугенотите. Да не ја заоборавиме Француската револуција која проела илјадници крв низ франција со нејзината луда идеја да се добие слобода преку гилотината. И сега Франција ја чека казната, да ја чека! Со тоа што францускиот народ по наталитет е веќе во изумирање. Како денес се сеќавам на мојот професор од средно Ристо Мегленов кој ни раскажуваше за посетата на Франција во 1971 година и како уште тоа време не можело да се сретне ни еден французин во големите градови како Париз, Лион, Марсеј. Еми казна! јас не познавам ни една држава на светот која има убиено толку многу народ од сопствените редови како што е тоа Франција, а за кој горе историски факти напоменавме.
Франција како држава една работа не може да и ја опрости на Македонија, а тоа е што Македонија ја имаше првата Република, Крушевската Република не на Балканот, ами прва во Европа. И тоа со вистинските принципи и начела на кои требаше да се заоснова француската револуција. Додека французите си ја продадоа револуцијата од внатре и од надвор. Од внатре со победата на Јакубинците и Робеспјер над Фонјаните и Жидроистите и поставуањето на гилотината, а однадвор со поставување на Наполеон Бонапарта за крал при што се изврши рестарвација на кралствата и кнежествата во Европа. Македонија си ја зачува автенчиноста на револуционерната мисла за слобода и идеалот за Република на еднакви граѓани. Се разбира никој не може да ни го прости тоа, затоа и во 1903 година, Македонија никој не ја подржа, освен САД која имаше силно републиканско движење, само едно да е јасно САД тогашни и ова денешнава САД не се истатата држава, се сосема различни држави.
За крај јас би и предложил на Франција наш договор за тоа што мене поради нејзината историја не ми се допаѓа како држава, би и предложил следен договор за нејзин понатамошен прием во унијата. Прво да си го смени името Франција, бидејќи името и е туѓо, води потекло од германското племе Франки, што значи приватност е на Германија. Второ Јазикот на кои зборуват французите изворно е Латински јазик, Шпанскиот и Иалијанскиот се наследници на латинскиот па зашто не го формулират во дијалект на шпанскиот јазик, па така Франција наместо Франција да се нарекува Северна Шпанија или Северно од Шпанија што убаво звучи! Трето нека главните историски личности како Наполеон и Луји 14 нека ги прогласта за Германци. Четврто Германија секогаш Викал дека вистинската Германија се протегла до Париз и со се Париз, па така нека се прогласи Франција за Германска Држава.
Што велиш Емануел Макрон за мојот предлог? Ти се бендисува ли? Се разбира дека не! Бидејќи ти не даваш преименување на својата држава и историја. Преименуват само оние кои што даваат. Сега прашувам пак ли ќе дадеме да не расчеречат.
Мишко Ливрински
Sunday, July 3, 2022
проклетството на волкот
зошто волкот никој не го сака ?
Своевремено Ноам Чомски на едно негово предавање на трумановиот институти за политика на едно прашање поставено од стрна на еден студент како и во која област да се насочам? Чомски му одговори имате два избора:
првиот избор вие да одберет да работите за доброто на човештвото, да му служите на добар начин за негово добор и општ јавен интерес. Од овој избор неможете да очекувате премногу, пошто луѓето нема многу да го ценат.Јавноста и камерите ке бидат исклучени за вас. Но ке бидете среќни поради изборот и службата да му служите на човештвото што сте ја направиле.
вториот избор вие да им служите на одредени центри на моќта. Да работите по нивни налози и директиви. Во овој случај сите камери ке бидат вклучени кон вас, цела јавност ке ви аплудира, али нема да можете да спиете мирно, бидејќи работите по туѓи директиви и наредби.
Двата избора кои Чомски горе ни ги нуди се два избори на луѓе кои денес постојата, а јас лично ги карактеризирам како кучето и волкот. При што првиот избор ние волкот, а вториот кучето. Разликата помеѓу волкот и кучето вие во послушноста, кучето е секогаш попослушно од волкот, додека волкот е борец, сам се бори за својот живот, не чека на човекот.
Рековме дека првиот избор го окарактеризираме како избор на волк, од тука ни станува јасно зошто сите го мразат волкот? Волкот како животно е самостоен, не се лингури и не очекува од својот газда ништо сам си се грижи за својот живот за разлика од кучето кој е спротивен на волкот. Живее во глутница волци кое формира чопор од волци, значи во заедница од волци, исто како и човекот. Главниот волк се грижи за гултницата волци, во едно семејство од волци, младенчињата од првата генерација се должни да се грижат за младенчињата од втората генерација волци, па така постои заедница на грижа на волци која се одвива од генерација на генерација.
Особита карактеристика на волкот е неговата непослушност спрема господарот. Вие сте виделе ли некогаш во циркус волк да настапува.Веќе кога зборуваме за волкот да направиме кратка споредба помеѓу него и човекот. За разлика од човекот, волкот остантите животни ги лови за исхрана. За разлика од него човекот ги лови покраја храна, за забава, разонода, спорт и рекреација, за правење на ташни, алати, чизми и сл. Притоа не водејќи сметка дека на тој начин го уништува синџирот на исхрана во природата, ја уништува природната рамнотежа со што го доведува во опасност опстанокот на планетата земја. Волкот за разлика од луѓето не си го јаде својот вид, не е познато волците да се јадат из меѓу себе, како што е тоа со луѓето. Длабоката историја и војните помеѓу луѓето токму спротивното го тврди. Не е познато дека волците донеле одлуки како луѓето да речеме дека од утре ќе ги ништиме сите мачки и кучиња, па така волчите почнале да организират логори во кои ќе ги упикат сите кучиња и мачиња и во кои ќе им го пуштат гасот одозгора и печките одоздола или пак живи да ги стават на клада за горење. За разлика од волците човечката историја е полна со вакви примери во која луѓето си се ништеле измеѓу себе. Или не заборавајте и ова што денес нас ни се случува како Македонци кои сакат како такви да не избришат.
Wednesday, March 2, 2022
ДВОЈНИТЕ АРШИНИ
Деновиве си седам и ги слушам Џо Бајден и еврооатлантистите во врска со случувањата во Украина се повика на кршење на меѓународнот право и се прашувам? бре дечки какво меѓународно право кога вие први со години го испокршивте меѓународнот право и кога го прогласивте за мртво, тогаш кога Обама од јавна говорница во советот на обединети нации кажа дека Америка е посебна и над останатите и на неја нема да и се суди.
Јас јавно да прашам дали меѓународнот прав важеше за Руанда, за Ирак, за Сирија, за Сабра и Шатила, Србија или само за Украина важи меѓународното право. Кога Америка и западот ги правеше војните тогаш не важше меѓународното право.
Меѓународното право не важи ни за Македонија, и ако по меѓународното право Македонија има право да се именува онака како што таа самата избрала, а не да се притиска и од неа да се бара на сила да си го промени своето име и идентитет, историја, јазик на сила со кршење не само на меѓународното право, туку и со кршење на човековите права, хелсиншката конвенција и останатите меѓународно право.
Колку за потестување САД во своето владење има направено околу триесетина војни од 1948 година, па до денешен ден со кршење на меѓународното право и со рипање на советото за безбедност. Тоа се следниве: Кореја 1950-1953, Гватемала 1954, Индонезија 1958, Куба 1959-1961, Гватемала 1960, Конго 1964, Лаос 1964-1973, Перу 1965, Виетнам 1961-1973, Камбоџа 1969-1970, Гватемала 1967-1969, Ел Салвадор 1980, Никрагва 1980, Гренада 1982,Либан 1983-1984, Либија 1986, Иран 1987, Панама 1989, Ирак 1991, Самалија 1993, Судан 1998, Авганистан 1998, СР Југославија 1999, Авганистан 2001, Ирак 2003, Пакистан 2007, Самалија 2007,Јемен 2009,Либија и Египет 2011, Сирија 2014 година. Значи за овие држави не вжеше меѓународнот право кога се урива и плачка. Западот ќутеше и не се повикуваше на меѓународнот право.
Сад со својата политика со преврти и донесување на власт квинслишки влади ( послушни кучиња) до сега има направено преврти во 70 земји и тоа : Албанија, Авганистан, Аргентина, Анголија, Босна и Херцеговина, Боливија, Бразил, Бугарија, Венецуела, Виетнам, Германија, Грција, Гренада, Гвама, Гватемала, Гамбија, Доминиканската република, Египет, Ел Салвадор, Индонезија, Иран, Ирак, Јужна Докота, Јемен, Југославија, Кореја, Кувајт, Комбоџа, Кина,Колумбија, Колардо, Конго, Куба Лаос, Либан, Либија, Либерија, Македонија, Мексико,Никарагва, Оман, Пакистан, Панама, Порторико, Русија, Самоа, Саудиска Арабија, Самолија, Судан, Сирија, Србија, СССР, Турција,Уругавај, Украина, Филипини, Хаити, Хаваи, Хондурас, Хрватска, Црна Гора, Чиле.
Тоа е слободата и демократијата која ни се продаваше триесет години.
Јас не сум ниту русофил, ниту пак обожавател на Путин, но сакам да бидам правичен. Џо Бајден и западниве евроатлантисти нека ми набројат список на војни кои ги направила Русија во текот на последниве 50 тина години или преврти во нормални и суверени држави.
За крај повторно да го цитирам Кенискиот дипломат и неговата изјава во генералното собрание на обединети нации во која ни кажа од каде и од кого потекнува сето денешено зло кое го најде современото човештво : „ Вие ги нацртавте границите и не поделивте без никаков обзир за античките народи што живееат таму.“ Кој знае да чита ќе го најде виновникот без да го именувам по стоти пат, а тоа е колонијализамот на западна европа.
Мишко Македонски Ливрински
Thursday, February 24, 2022
Европа е будала која ништо не разбирa
Се случи она што го очекувавме и се најавуваше веќе
подолго време. Украина ја клекна на колена! Русија ги одбрани територите
населени со руси во украина Доњецк и Лугански стана нови руски републки.
Мишко Ливрински
АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ
АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести ср...
-
ПАРАДИГМАТА НА НАРОДНОТО И УСТАВОТВОРНОТО СОБРАНИЕ Гледам и слушам од опозицискиве политичари никој од нив не нуди конкретно решение...
-
Има ли капетан на кoрмилото Пројдоа неколку дена од фамозното интервју на преседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски дадено за т...
-
ГРЕШКИТЕ СЕ НАПЛАЌАТ Слушам од вчерашните пресови на Никола груевски како се жали дека бил цел на напад на сегашнава квислиншка власт ...