Се случи она што го очекувавме и се најавуваше веќе
подолго време. Украина ја клекна на колена! Русија ги одбрани територите
населени со руси во украина Доњецк и Лугански стана нови руски републки.
Со
право или не? По меѓународно право или не! Во моментов не битно тоа прашање.
Прашањето ми е кои се последиците од се она што се случува во Украина за
Европа. Европа како и секогаш се прави будала која ништо не разбира, а самата
си е крива за тоа што денес и се случува на нејзината територија и последиците
сама ќе си ги сноси. Европа
заборава дека првиот преседант од ваков тип за отцепување на оделна територија
од друга територија се случи пред дваесет години со Косово кога како отцепана
територија од Република Србија и спротивно од меѓународното право и
резолуцијата во ООН со која се штити територијалниот интегритет на Србија беше
прогласен за република. Тоа е првиот преседант направен на територијата на
Европа. Тогаш Брисел не размислуваше! По америчко барање ја прифатија
независноста на Косово. Така еднаш кога
си направил преседант треба да прифатиш преседант и од друг. Се знаеше после
Косово дека на врата ќе тропат и другите и каталонци, шкотлањи, баварци, срби,
бошњаци и други, и ќе барат истот што го дозволија на Косово. Во овој случај имаме двоен арш на глупавата
Европа, за едни може, за други не може. Околу
случувањето со Русија и Украина на
седницата на советот за безбедност во ООН најубаво и најкристално , јасно што
се случува и кој е виновен ни објасни Кенискиот дипломат Мартин Киман: „ Вие ги
нацртавте границите и не поделивте без никаков обзир за античките народи што
живееат таму“, а заврши со кениската лекција за границите и поделените народи.
Всушност со овој говор кенискиот дипломат ни кажува све! Дека за ситуацијата во
која денес се наоѓа светот е крив токму колонизамот на западот. Фактички
колонизаторскиот запад е крив затоа што пострада цела Африка и Азија. На
балканот сите еден со друг не раскара благодарејќи на тој колонизаторски запад,
па така денес нејкеме едни со други да се видиме. Европа си е сама крива што се најде во ваква без излезна ситуација во која
денес се наоѓа. И да не не чуди ако за
брзо време во портите на Брисел затропат и други народи со молба за независност
и одцепување од други држави : Каталонци, Баварци, Баски, Срби и други. Кога
даваш на еден треба и на друг да дадеш тоа е правило. И
што направи Европа во поглед на ситуацијата со Украина последниве денови ништо
само вербално ги осуди нападите од страна на Русија како демек агресија извшила
врз Украина. Воена помош никаква не видовме од НАТО. Што според нас е
намешталка за да се покаже дека Путин и
Русија се агресори врз Украина и да бидат на крај прогласени за виновни. Санкците
кои западот ги најави спрема Русија, нема да и наштетат на самата Русија, туку
на Европа. На Русија и е отворен цел Азиски континент, па дури и добрите врски
со латинска америка и пружат трговска соработка. Но што ќе прави Европа на која
главен проблем е што е закачена за газопром, а Брисел не направи никаков
значителен исчекор во намалување на
независноста. Во 2020, 35% од вкупниот увоз на гас во ЕУ доаѓа од Русија. Во
2021 увозото на рускиот гас во ЕУ изнесуваше 42%. Освен природниот гас ,
ЕУ е врзана со Русија и преку суровата нафта, па во 2020 година Русија е
најголем извозник на нафта во ЕУ. Русија го
покрива и спласнатото европско
производство на јаглен. Европа е
глупава и тупа не сваќајќи дека Русија и е природен сојузник и врата за поврзување на западот со истокот, истокот со
западот, на Европа со Азија. Русија и, е природната врска за развој на трговија
и економска соработка на двата континента. Али како тоа да се разбере во
Брисел, кога Брисел не води самостојна политика, неговата политика зависи по
нарачка од политиката од САД. Европската унија во своето посотење не изгради
самостојна политика надворешна, трговска политика. По сите правила и по сите
мерила од санкците најмногу ќе ги плаќа ЕУ и Европа, ниту САД нема да биде
толку оштетена колку што ќе биде ЕУ, на крај војната во Украина се води на
територијата на Европа и нормално е последиците да ги трпи таа. Значи Европа е
шаховското поле меѓу Америка и Русија, и тоа е толку слепа да не можеше да го
види и процени низ годините, дека во војните помеѓу Америка и Русија нема да
паѓат бомби во Москва и Вашингтон, ами во Европа изгледа по се дека да. На крај да завршам и
Америка и Русија успеја да ја клекнат на колена Европа. А Европа како и секогаш
е Будала која не разбира ништо. А што би очекувале од таква унија и континент
во кои владеле лудаци како Нерон, Цезар, Наполеон, Хитлер, Мусолин. На
денешната Европа и Вавилонската блудница од стариот завет може да и завиди со
зборовите „ Ќерко ме надмина и мене со своето блудство.“
Мишко Ливрински
No comments:
Post a Comment