зошто волкот никој не го сака ?
Своевремено Ноам Чомски на едно негово предавање на трумановиот институти за политика на едно прашање поставено од стрна на еден студент како и во која област да се насочам? Чомски му одговори имате два избора:
првиот избор вие да одберет да работите за доброто на човештвото, да му служите на добар начин за негово добор и општ јавен интерес. Од овој избор неможете да очекувате премногу, пошто луѓето нема многу да го ценат.Јавноста и камерите ке бидат исклучени за вас. Но ке бидете среќни поради изборот и службата да му служите на човештвото што сте ја направиле.
вториот избор вие да им служите на одредени центри на моќта. Да работите по нивни налози и директиви. Во овој случај сите камери ке бидат вклучени кон вас, цела јавност ке ви аплудира, али нема да можете да спиете мирно, бидејќи работите по туѓи директиви и наредби.
Двата избора кои Чомски горе ни ги нуди се два избори на луѓе кои денес постојата, а јас лично ги карактеризирам како кучето и волкот. При што првиот избор ние волкот, а вториот кучето. Разликата помеѓу волкот и кучето вие во послушноста, кучето е секогаш попослушно од волкот, додека волкот е борец, сам се бори за својот живот, не чека на човекот.
Рековме дека првиот избор го окарактеризираме како избор на волк, од тука ни станува јасно зошто сите го мразат волкот? Волкот како животно е самостоен, не се лингури и не очекува од својот газда ништо сам си се грижи за својот живот за разлика од кучето кој е спротивен на волкот. Живее во глутница волци кое формира чопор од волци, значи во заедница од волци, исто како и човекот. Главниот волк се грижи за гултницата волци, во едно семејство од волци, младенчињата од првата генерација се должни да се грижат за младенчињата од втората генерација волци, па така постои заедница на грижа на волци која се одвива од генерација на генерација.
Особита карактеристика на волкот е неговата непослушност спрема господарот. Вие сте виделе ли некогаш во циркус волк да настапува.Веќе кога зборуваме за волкот да направиме кратка споредба помеѓу него и човекот. За разлика од човекот, волкот остантите животни ги лови за исхрана. За разлика од него човекот ги лови покраја храна, за забава, разонода, спорт и рекреација, за правење на ташни, алати, чизми и сл. Притоа не водејќи сметка дека на тој начин го уништува синџирот на исхрана во природата, ја уништува природната рамнотежа со што го доведува во опасност опстанокот на планетата земја. Волкот за разлика од луѓето не си го јаде својот вид, не е познато волците да се јадат из меѓу себе, како што е тоа со луѓето. Длабоката историја и војните помеѓу луѓето токму спротивното го тврди. Не е познато дека волците донеле одлуки како луѓето да речеме дека од утре ќе ги ништиме сите мачки и кучиња, па така волчите почнале да организират логори во кои ќе ги упикат сите кучиња и мачиња и во кои ќе им го пуштат гасот одозгора и печките одоздола или пак живи да ги стават на клада за горење. За разлика од волците човечката историја е полна со вакви примери во која луѓето си се ништеле измеѓу себе. Или не заборавајте и ова што денес нас ни се случува како Македонци кои сакат како такви да не избришат.
No comments:
Post a Comment