Thursday, June 18, 2020

ИЗБОРИ ВО ДИВОГРАДБАТА СЕВЕРНА





Коромпиранава фашистичка елита на севернава, црпките од десно и лево кој кобајаги ти глумат различни партии, а всушност едно исто друштво се! Едните се дирекни извршители, убијци, уништувачи на Македонија и Македонскиот народ, а другите се нивни асистенти, соучесници во целиот процес на уништување на Македонија и Македонскиот народ. Е тие елити минусирајќи го Македонскиот народ од целава приказна си се договорија на 15 јули да има избори.
Image
Им се брза и на двете фашистички послушни партии. На црпкиве на заев им се брза во очи на пандемијата и хаосот кој тие го предизвика да направата избори во дивоградбата северна. Во хаосот очекуваат победа! Малку народ да излезе за да можат со лесно да ги фингираат изборите преку нивниот познат метод на местење и лажирање на избори. за тоа тие сакат брзи избори, без учество на ОБСЕ ( Не дека во целиот процес нешто ќе помогнат) без наблудувачи така полесно ќе ги фингират изборите. Од друга страна пак, опозицијата за која како што кажавме во целиот процес на уништување на Македонија и Македонскиот народ се најде како асистент. Се плаши од неизлезност на народот, и така таа би била губитник на изборите. ДУИ пак има друг стравови се плашат дека ако се отворат гранците многумина од Албанците ќе заминат надвор од државата ( Работа што Албанците вобичајно ја правата за време на избори за да не гласат за нивните шерифи), па така и нејзините гласачки кути би останале празни. Тоа се желбите, стравовите, причините за брзи избори.
Од црпнативе на власт знаеме дека изборите се распишани за дивоградбата Северна. Опозицијата се уште не ни објаснила на кои избори ќе оди во северна или Република Македонија? На која држава Мицковски сака да биде премиер на севернава или на Република Македонија? Ако беше на Република Македонија  немаше да игра вака како што до сега играше и тој и неговата партија. Уште од моментот кога ставија печат на пржинскиот договор се виде дека ДПМНЕ е асистент во целава работа со промена на името и уништувањето на Македонскиот народ.
Кога сме кај изборите постои една дилем дали Македонскиот народ треба да учествува на повикот за изборите?  Пак ќе кажам на кои избори  и за кого за северна или Република Македонија? Си седам и си гледам во личната карта ми пишува дека сум жител на Република Македонија, истото ми го пишува на пасошот, во државјанството, во изводот од матичната книга на родените пишува дека сум роден во Македонија. Дипломите од училиште и од факултетот ми се издадени од Република Македонија. Е сега нека ми одговори некој нормален човек или правник како јас како државјани на Република Македонија треба да излезам и да гласам за дивоградбава северна. Нели кога ќе ме фатат ќе бидам казнет и за тоа ќе одговоарам. Нели со мојата документација ако гласам во Германија за бундестагот кога ќе ме фатат ќе ме казнат.
Ај што треба да учествувам во криминал, туку и нема и  за кого да гласам. Веќе со години не и верувам на опозицијата дека има цврсти ставови за враќање на името Македонија и државата на вистински пат, односно раскинување на пржински договор, бугарски договор, тиранска платформа, рамковен договор. за сега не сум чул дека опозицијата јавно и гласно тоа му го соопштила на Македонскиот народ. Ми текнува дека и во 2006 година на тогашните парламентарни избори Никола Груевски беше најавуван како човек  кој ќе му ја скрши кичмата на Али Ахмети. И што се случи ? После две години од владењето на Никола Груевски и ДПМНЕ, токму обратното се случи, токму на Груевски му ја скршија кичмата со упикувањето на Али Ахмети во владата преку мајскиот договор.
Јас најискрено сум на мислење дека од нивните ветувања нема ништо да има. Убеден сум дека и овој пат ќе се вадат на истата работа, Не можеме! Потпишано е веќе! Малечки сме! Македончиња сме! ќе се налутат нашите стратешки партнери. Мене не ме радува само заев да падне, ако не се врати името, не се заштити идентитетот, не се поништат срманите договори, тогаш што има фајде од падот на заев, кога останува се исто!  Сето тоа ни кажува дека СДС и ДПМНЕ се две крилја на една иста банда од еден ист орел. Прашањето е како да му се скршат крилјата на орелот?
Едноставно преку Револуција! Преку нови луѓе кои не се испрлале од миросот на орелот. Луѓе кои не ги чипирал и извалкал орелот. Мене навистина ми е жал што ВМРО-ДПМНЕ кои го имаше мнозинството од народот не ја искористи шансата за да направи револуција, да свика конвент ( Народно и Уставотворно собрание) како Французите кои организира народен конвент у очи на Француската револуција и така го натера тристалежното собрание да си поднесе оставка со што започна Француската револуција.  Тоа и ние можевме да го направиме! Но орелот на едното крило не му даде. Па така немаше ни која да поведе народ, ниту пак кој да организира народен конвент . Тоа е разликата помеѓу нас и Французите од време на Француската револуција. Па така додека се појави таква сила која ќе поведе народ и ќе организира народен конвент и ќе има сила да се сноси со тоа, за престојниве избори во дивоградбава северна нека ни биде слоганот СЕДИ ДОМА.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Saturday, June 6, 2020

ПАДОТ НА ИМПЕРИЈАТА 



Нас од сево ова ние најинтересно дека центарот на досегашната западна империја веќе гори. А тоа горење покажува една работа, а тоа дека империјата е веќе во изумирање. Досега непослушност на империјата и покажуваа одредени локални господари, локални провинции и тие поради тоа беа нападнати и пострада. Но во изминативе две недели сме сведоци дека и центарот на империјата Америка почна да гори, а тоа пак нужно води до заклучок дека империјата е веќе мртва! Во изумирање!.

Веќе две недели како во Америка не стивнува масовно лажираните протести и немири. Поводот за овие немири и протести беше убиството на Афроамериканецот Флоид тоа беше поводот , но целта и намерата е сосема друга, а која на сите нас ни е добро позната тоа е Доналд Трамп да се бутне од власта, да му се оневозможи следен избор во ноември, со тоа што ќе се оцрни неговото лице во очите на Американецот. На тој начин ќе заврши веќе поднесената тужба против длабоката држава, а највжно е старата екипа Клинтон-Обама да се врати на власт. Не за џабе е активиран Обама на протестиве, тоа покажува колку во длабок очај е длабоката држава. Веќе станува јасно дека корона операцијата имала за цел рушење на Трамп. Преку негов не реизбор пролета сметале дека земјата поради корона вирусот и затварање на американската економија власта во САД ќе ја превземе генералштабот во САД, па на тој начин ќе се решат од Трамп. Пошто планот А не им успеа пројдоа на планот Б што сега во моментов низ устанци, протести, востанија и немир се реализира.
Image

Колку за потсетување американската држава вакви фингирани сценариа со убиства на човек со кои го креваше адреналинот на народите за да се кренат на куртон револуции го имаше претходно креирано и во Македонија, претходно во Украина. Фингирана беше таксим револуцијата во Турција. Сценариот секаде е исто, бидејќи и нарачителот е ист. Додека две недели ги гледам и слушам овие случувања и настани во Америка, а неможам да не се сетам на таквите искреирани револуции, востанија и војни кои длабоката држава ги приреди на балканот во кои настрада огромен број на Срби, Босанци, Хрвати, Македонци кои во последниве триесет години им беа ченгелче за поткусурување. Не можам, а да не се сетам на Вејарче, Масакарот на мавровските работници, на убиството во смилковското езеро.
На истиот начин и истите луѓе ја носат куртон револуцијата во Америка кој што ја водеа куртон револуцијата во Македонија. Сорос, Антифа, Отпор, разни левичарски организаци ( ко бајаги левичарски ) како Солидарност, Ленка кој во суштина подржуваат неофашиза. Антифа една од организаците предводник на куртон револуцијата во Америка ги користи истите методи и средства како нашите куртон револуционери со фарбање, рушење на институции, дискриминација на противникот. Денес со истите средства Антифа ја крева куртон револуцијата во Америка. Антфа, вусшност е исто што и Канвас или Отпор на Срѓа Поповиќ, као демке преку пат на ненасилен метод  за промена на власта, а всушност нивното делување е токму преку насилни  методи да се урива легитимно избраната власт како што беше случајот во Македонија. Целиот проект беше смислен од Србинот Срѓа Поповиќ во деведесетите години. Од нив ЦИА го превзема проектот и го шири низ целиот свет онаму каде што таа има таргетирано влади и политичари што не и се по ќеиф како што беше случајот со Македонија, Венецуела, Турција и други земји. Создавајќи различни организаци под различни имиња како Отпор, Канвас, Антифа како демек се работи за различни организаци, а всушност се работи за една иста организација со различни имиња со една единствена цел како по насилен пат да се срушат  непосакуваните влади и политичари таргетирани од страна на империјата. Ама тоа уривање да биде све изведено од внатре во самата држава, без надворешна интервенција.
Нас од сево ова ние најинтересно дека центарот на досегашната западна империја веќе гори. А тоа горење покажува една работа, а тоа дека империјата е веќе во изумирање. Досега непослушност на империјата и покажуваа одредени локални господари, локални провинции и тие поради тоа беа нападнати и пострада. Но во изминативе две недели сме сведоци дека и центарот на империјата Америка почна да гори, а тоа пак нужно води до заклучок дека империјата е веќе мртва! Во изумирање!.
Американеците денес се поделија! Америка е веќе држава на поделено општество. Дали тоа ќе има поголеми импликации врз натамошното функционирање на државата и спас на Америка како држава ( А не како империја) тоа веќе ќе го гледаме во наредниот период во зависност од тоа како ќе се одвива ситуацијата. Америка во својата историја имала една голема граѓанска војна со тешки последици и со се уште не извлечливи рани. Поделбата север и југ кој во граѓанската војна беше проследен од различни политички гледишта, но и од верски импликаци север протестанство, југ католицизам! Може и денес да се разгорат старите страсти и несогласувања помеѓу северот и југот што би можел да доведе до поделба на САД на два дела.
Американците можеби за првпат во историјата доживуваат вакви револуции, шарени, кадифени, куртон револуции, и ако нивната држава беше нарачател и спонзор на вакви револуци во светото, вклучително и кај нас  во Македонија. Можеби ние сме во предност пред нив што ние имавме искуство со куртон револуција, али Американците за сега го имаат цврстиот Доналд Трамп политичар со цврста рака, нешто што ние го немавме за време на куртон и пред куртон револуцијата, а кој на нас ни беше потребен за да апси и притвара, да води истраги, да спречи уривања на државата, за разлика од нас Американците за сега имат кој да апси, притвара и да води истрага и да спречи уривање на државата.


Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...