На ден пред 75 годишнината сме од денот на победата над фашизамот во Европа. Ден кој Европската унија си го украде како свој ден и од ден на победа на фашизамот го прогласи како ден на ЕУ се со една цел да ја избрише историјата и сопствениот страм дека цела Европа за време на втората светска војна имаше квислиншки и фашистички влади со исклучок на неколку држави : Русија, Велика Британија и Македонија ( ако не ги земаме во обзир неутралните држави Швајцарија и Шведска). Само за потсетување во текот на втората светска војна свои квислиншки влади имаше цела источна и западна Европа, Грција, Бугарија, Албанија со Балистите, Србија со Недиќ, Лојтиќ и Михајловиќ, Хрватска со Анте Павелиќ, Словенија, Унгарија,Романија,Чехословачка, Украина, Белорусија, Балтичките држави, Норвешка го имаше Квислинг, Полска, Холандија, Белгија, Франција, Шпанија, Италија сите има квислиншки и марионетски влади кое му служеа на фашизамот. Тоа е срамното минато кое Европа сака да го избрише со тоа што претварајќи го денот на победата над фашизамот во денот на ЕУ.
Но Фашизамот не е мртов како што многумина денес веруваат. Тој е жив и денес се пракиткува во Европа. Конкретен случај и пример за тоа вие Македонија.Барањето на Европа да се избрише Македонија и Македонскиот народ од од картата на народите, не давајќи му на македонскиот народ право на самоопределување да се изрази онака како што тој самиот се чуствува е фашистички процес исто како и оној на Хитлер за уништување на Евреите во втората светска војна.
Она што замене како Македонец е голем срам е тоа што ние Македонците за време на втората светска војна кога беснеше фашизамот во Европа немавме квислиншко-фашистичка власт, а денес имаме таква збироштина која сака да му удоволи на глобално либералниот фашизам. Како што е групировката СДС, Денко Малевски и редица на негови колеги напикани во разни институции во окупиранава Македонија.
Барањето на ЕУ да си го промени Македонија своето име како што гледате не се однесувало само на името, туку и на промена на македонскиот идентитет, Бидејќи нашиот идентитет извира токму од тоа име. Како што можевме да видиме на последниов самит на ЕУ во загреб на кои нашиве фашисти се надева дека од фашистите на ЕУ ќе добијата препорака за учество во клубот на фашистите. Ами самитот пројде со предупредување на ЕУ дека услов за започнување на преговори за Еу е задоволување на Бугарските барања за бришење на Македонскиот јазик и Македонската историја со што Македонскиот народ ќе се претвори како остаток на Бугарската нација кој треба да се дефинира. Чист фашизам! Апла од Фашизам. Дури и за време на Хитлер на Евреите не им беше оспорен идентитетот, туку напротив како таков сакаше да се уништи. Ова што на нас денес ни се случува е тоа што сакат насила да те претворат во жив мртовец! Ем да живееш! Ем да бидеш мртов! Да не бидеш она што си се родил.
Европа си ја продолжи својата замислена цел уште од самиот почеток на независноста на Македонија. Во текот на овие триесет години еве ви ги Фашистичките барања на ЕУ спрема Македонија и македонскиот народ:
-1992- Лисабонска Декларација со која се бара Македонија да го смени своето име и во новото име да не го содржи името Македонија за да добие признание од ЕУ.
-1993-Менување на македонското знаме. Откажување од малцинствата во соседните држави со што станавме единствена држава која нема малцинства во соседните држави, а сите соседи имат малцинства во нашата држава. Што преставува добар услов за креирање на вештачка нација.
-1995- Потпишување на временската спогодба и добивање на референцата БЈРМ.
-1998-Промена на статусот на државата во регистарот на ЕУ, со што Македонија од држава прерасна во територија.
-2001- Фингирана војна и потпишување на рамковинот договор со што македонскиот народ од државотворен народ се пртетвори во една заедница и со тоа добивме племенско уредување.
-2004- Територијална поделба на Македонија која преставува вовед во федерализација на Македонија.
-2017-Бугарски договор за добрососедство, Тиранска платформа, закон за јазици.
-2018-Промена на името Македонија.
-2020-Нова лисабонска декларација со која се бара од Македонија да го промени својот идентитет и да се откаже од јазикот.
Како што многумина претпоставува така и излезе дека после промена на името, доаѓа промена на македонскиот идентитет и откажување од јазикот, што преставува своевиден фашистички процес.
зошто од Македонија се бара да се откаже од името, идентитетот и јазикот, поради две работи:
1. Поради политиката на Европа од 19 век, па наваму со што се бара Македонија да се избрише од картата на светот. Гревовите на Европа спрема нас се големи, тие ја мачат, нашето постоење ја потсетува на нејзините гревови. Имено Европа со неколку договори има потврдено дека Македонија и македонскиот народ не постојата: Берлински конгрес (1878), Букурешкиот договор (1913), Версајскиот мировен договор (1918), Јалтскиот договор (1943), Париска мировна конференција (1946).
2. Македонија е избрана за експемент за изградба на ЕУ без нации и идентитети, онака како што сакаше глоблистот и фашистот Макрони, она за што на времето сонуваше императорот Баросо.
После сето ова изнесено можеме само да потврдиме дека денешнава ЕУ е продолжеток на фашистичка Европа од втора светска војна. Немам сомнеж во тоа дека и денешниов фашизам како и во минатото ќе биде поразен, не може да стане тој наше секојденвие, тоа е болест на човештвото.
Додека тоа се случи нека ни е среќен 9-ти мај ден на победата над фашизамот.
Смрт на фашизамот! слобода на народот!
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
No comments:
Post a Comment