Friday, December 20, 2019

АМЕРИКАНСКАТА ПОЛИТИКА ЗА НОВОТО ВРЕМЕ 







На секои педесет до сто години сведоци сме дека секогаш на светот му престоеле промени. Тоа е секогаш поради тоа што одреден политички систем и политика која до тогаш се спроведувала се наоѓала на крајот од нејзиното владење во состојба на крах, пад и истрошеност. Тоа од историјата го знаеме еден систем се менувал со друг како што било робовладителски, феудален систем, капиталистички, социјалистички, либерален систем. 

Денес како историјата да сакала да бидем сведоци токму на пропаѓање на еден такво систем и сведоци на раѓање на еден нов систем. Капитализамот од либерален тип веќе дојде на својот крај и изумирање. Причината е едноставна се работи за тоа што капитализамот од либерален тип почиваше врз догмата „ Се почнува и завршува со парите.“ Па така, поради таа негова основа светот се најде во ситуацијата која се наоѓа денес. За последици светот го има следново:  Производ на мулти корпораци кои све користат за да создадат еномерни профити на сметка на бедата на обичните луѓе, обичните луѓе стана лакоми кои се вклучуват во трка за пари тоа пак влијаеше врз рушење  и паѓање на човечкиот морал и моралните вредности за кои денес сме сведоци дека во светот владе неморалот и неморалните луѓе се носители и креатори на политиките и општествените збивнувања. Се произведе голема маса на корумпирани политичари и интелектуалци како последица денес речиси многу ретко можете да сретнете луѓе со висок кредибилитет и морал како од типот на Че Гевара, Анштајн, Боливар, Мартин Лутер, Јан Хус и сл. Ваквото семе како да изумре. Целта на либералниот капитализам која беше остварување на високи профити, однесе голем број на држави и народи како жртви во Африка и Азија, се изврши убивање, колеж и девастација на народите и сето тоа во име на профитот и парите.
Денес сме сведоци дека досегашната политичка филозофија на либералниот капитализам е речиси веќе мртва. Тоа го гледавме на овогодишното есенско собрание на обединетите нации во кое Американскиот преседател Доналд Трамп ни ја престави Американската политика за новото време кое допрва доаѓа.
Трамп својот говор го започна со реченицата : „ Иднината не им припаѓа на глобалистите, иднината им припаѓа на патриотите.“ Со што им впери директен шамар на глобалистите и на оние кои се залагат за некакви интерграции како нашиве квислиншки политичари од лево и десно, а сите на мајка им во центарот. И сега што ќе прават? Кога преседателот на најмоќната држава на западот јавно на седница на генералното собрание објави дека глобализамот е мртвороденце, а иднината на светот е во сувереноста на нациите кој според зборовите на Трамп треба да биде основата, односно темелот на демократијата и слободата врз кои треба да почива современото човештво. Со тоа ќе се  стави крај на досегашната пракса на доаѓање на власт на лидери и партии на фингирани и наместени избори, сатрапи и луѓе по ќеиф и интерес на одредена империја или центар на моќта.
Токму на овогодишното есенско генерално собрание на обединетите нации Трамп ја најави новата американска политичка филозофија која опфаќа неколку точки : Слободниот  и демократскиот свет да се темели на национални основи; тоа значи дека нема изумирање на нациите, туку напротив враќање на нивната сувереност и самостојност како идни владители на нивните суверени и национални држави, Второ демократијата да се темели  врз суверениот народ; тоа значи дека народот треба да одлучува за тоа кого тој ќе постави како негов владител во својата држава по пат на фер и демократски избори, и трето да се сака сопствената нација.
Како што и од самиот почеток со неговото доаѓање трамп ни најави дека ќе го започне ловот на вештерки,односно на сите оние ликови кои од претходниот американски систем биле вмешани во разните ломови по светот. Тој најави дека ловот на вештерките продолжува, а како што можевме да видиме на листа му се најде Џо Бајден. Секако има огромни причини Џо Бајден да биде гонет од страна на американската администрација, човекот не е само одговорен за украинскиот случај, вмешан е , и во косовскиот случај и во македонскиот случај. Бајден му нудеше на Груевски да го прифати името на државата Севернамакедонија, дури и за тоа му се налути. Па од таа гледна точко разбирам зошто демократите барат импечмент на Трамп не работата само Бајден, ами и новата политичка филозофија која тој ја најави, а која се коси со претходната администрација, односно со политиката на демократите.
И сега што правиме ? Сега кога и на запад се раѓа нова политичка филозофија. Нашиве мртви политичари и од лево и од десно го гледат ли сето ова или мислат дека старото ќе се врати. И двете партии и ДПМНЕ и СДС имат доверба во демократите и во целост се ставија во нивна служба, сега ќе се менуват ли или ќе си ја продолжат патеката по која одат. ДПМНЕ дури се појави како финансиери на преседателската кампања на Хилари Клинтон со што ја навлекува лутината на Трамп не само врз него, туку и врз македонскиот народ. Тешко дека од нив можеме да очекуваме промени на тој план, особено ако се знае дека нивните политички и изборни програми се финансирани од страна на УСАИД и инстиутот за демократија кој е под дирекна контрола на Медлин Олбрајт.
За крај сакам да кажам дека време е и кај нас во Македонија да се појави нов политички субјект кој ќе произведе нова политичка филозофија во корелација со ново настанатата политичка ситуација во целиот свет. Потребно е некој кој ќе има храброст да постави нови темели на политиката во согласност со ново настанатата светска ситуација, од стариве субјекти толку е од нив не може да очекуваме нешто ново, тие си го трансферирале својот пат по устроената патека од која тешко може да се врати човек. Затоа појавата на нов субјкет во македонската полтичка ситуација во овие моменти е од пресудно значење.

Мишко Македонски Ливирински, Скопје, Македонија.

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...