СЕЛО БЕЗ КУЧИЊА
Веќе една недела како измина од кога македонскиот институт во Софија ги истакна своите осум услови кои Софија треба да му ги постави на Скопје за Бугарија да не ја блокира Севернава во нејзиниве ЕУ интерграции. Што се однесува до нас слободно бре нека стави вето и онака што ние бараме во фашистичка Европа.
Но мене друго ми е зборот! ме чуди што во нашава јавност нема никаква рекација по повод условите кои ги поставува овој институт, а кои дирекно задават во македонскиот националне идентитет и македонската држава. Отсуството на реакција покажува дека целокупното македонско општество премолчено се согласува со произнесените услови.
Ги нема борците од НОБ да се кренат против поставените услови со кои дирекно се задава удар на суштината на нивната борба во текот на втората светска војна која според поставентие услови станува безпредметна и залудна. Еден од условите е да се избришат националните празници како 11 октомври кои се слави како ден кога македонскиот народ се кренал против фашистичката бугарска окупација. Сега според условите како ќе го празнуват овој ден? против кого ли ја воделе својата борба? против самите себе си ли?
Ни глас! ни трепет против договорот не може да се слушне ниту од интелектуалците,ниту од историчарите, од политичарите. Во моментов ние сме село без кучиња! ниту мачка, ниту куче имаме да не одбрани. Ах се јави сервилниот Стојан Андов кои почна како некој гурур да не просветлува со неговата историја, да ни проповеда како Бугарите на овие наши простори биле административци! си менаџирале бре луѓето со нашиот простор. Авторов сервилниов старец ( аналогно на старецот и морето) не ни раскажува што тие административци администрирале во воена окупација и војна.
За политичариве пак да не правам муабет! квислиншката власт на црпко не може ни да бекне, си потпишаа тие свој договор за добрососедство и сега ќе си ги трпат последиците од нивната распродажба. На овие евроатлански квислинзи крајот име стравотен, ќе им биде исто како и на квислинзите од време на втората светска војна.
Но опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ исто така не реагира, ниту раководството, ниту членството, ниту пак Будинпештанецот. Све си има свое логичко објаснување! се тепат за да бидат наследници на славата на историското ВМРО, а кога треба да се брани тоа исто име никаде ги нема. Логичко објаснување за ваквото однесување на опозицијата и во својата последна колумна ни дава почитуваната Мирка Велиновска со која можеме да се согласиме, а тоа е јасно дека како бел ден се во лајна до гуша се со усмредени коски или преведено сите цапнале во мито и корупција и сега се уценети, образот не им е чист! затоа и си молчат!Секој нормален и здраво разумски човек може да се согласи со логиката на нештата, многумина од нас истото го имаме добро сватено и разбрано наназад со години. Поради сето ова македонскиот народ веќе не ги ни ферма, тој си сака луѓе со чист образ. На идните избори таквите партии, групи и поедници ќе бидат изборот на македонскиот народ.
Да се вратиме на Бугарите!Сите ние знаеме дека тие сакаат да си ја ретушират историјата на наша сметка и да се исчистат од своето срамно минато како фашисти за време на втората светска војна. Само што Бугарите самите себе си се лажат што мислат дека сите во светот се како Македонските политичари, интелектуалции и историчари, па си мислат дека менувањето и бришењето на историјата е така лесен процес. Мене се уште ме држи случајот од пред пет и повеќе години, кога Бугарите проба да ја менуват нивната историја изјавувајќи дека Бугарите не ги депортирале Евреите за време на втората светска војна, туку тие самите си влегле во возовите за аушвиц. Одма после тоа реагираше Светскиот Еврејски Конгрес кажувајќи им на Бугариве да не се лажат, бидејќи документација има, се знае кој, кога, кого, каде и како Бугарите го предале. Е така реагираат другите, за разлика од нас Македонците! затоа се прибира и чува доказен матрејал,документација, архива која кога тогаш треба да послужи за одбрана. Во нашиов случај ние имаме документација, ами никој не сака да ја искористи за наша одбрана. Како што можеме да видиме никој не реагира, глас не им се слуша, ниту на господава од МАНУ, а камоли да ја искористат документацијата која постои против Бугарија.
За крај уште еднаш можеме да потврдиме она што и досега сме го констатирале дека во Европа на големо парадира Фашизамот, доказ е токму барањето на Бугарија и Грција да се избрише Македонскиот народ и Македонската држава.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.