Friday, December 20, 2019

УЛОГАТА НА ДРЖАВАТА ДА СЕ ВРАТИ





Глобализамот кој е структуриран да ја поништи државата сега дојде до целта да ги земе во потполност ингеренците на државата и тоа во двете најзаначајни области економијата и социјалната политика.


Сведоци сме дека од 2008 година од кога и започна економската криза и рецесија светот се најде во транзиција која треба да произведе нов светски поредок, ново поимање на светот, нова вредност. Причините за пропаста на стариот поредок сенајразлични, но една е глобална, а тоа е што глобализацијата имаше за цел да ги поништи државите, наците и народите на сметка на корпоративните бизниси и правење на профити.
Image
Сите заборават дека државата како форма или апарат се појавила во историјата кога човештвото преоѓало од една во друга развојна фаза, односно  од сточарство во земјоделство за кое било потребно поголем труд и усовршување на средствата за производство,  тогаш се создале класите, сталежите, социјалните разлики помеѓу луѓето биле евидентни. Тоа произведувало меѓусебни конфликти помеѓу класите и сталежите, што најпросто би рекле класите и сталежите дошле во состојба на меѓусебна борба, со други зборови на сцената се појавил социјалниот конфликт кој е опасност да ја разјаде заедницата. За да не се дојде до таква опасност се појавила потребата да постои некаква институција која ќе го регулира овој конфликт и во одредена мера ќе го ублажува, така на светската сцена се појавила државата.
Од тука можеме да ја видиме која е улогата на државата како и нејзиното значење, но и неопходноста од нејзиниото постоење. Покрај воента, економската и политичката функција, државата има и социјална улога за која може да се види дека во историјата имала нај значајна улога која трае се до денешен ден.
Создавањето на државата од либерален тип беше продукт од искуството на европските народи со апсолутистичкото владење  на средновековните монархи.Творците на либералните држави Томас Хобс, Џон Лок, Жан Жак Русо, Стујарт Мил и останатие зборува за ограничена власт на државните функционери ( Мохархот и носителите на власта) во поглед на немашањето на власта во приватниот живот на човекот, тоа беше последица од средновековната држава каде на пример власта на народот му одредуваше и која религија истиот тој народ да ја исповеда, а за останатите работи да не се ни зборува.Од тука и е разбирливо зошто тие се залагале за ограничена власт не само во мешањето на власта во приватниот живот на човекот, туку и од злоупотреба на носителите на власта за нивни сопствени цели и потреби.
Се чини дека век и половина после творците на либералните држави со појавата на глобализамот  либералната држава се измести од својот колсек. Глобализамот кој е структуриран да ја поништи државата сега дојде до целта да ги земе во потполност ингеренците на државата и тоа во двете најзаначајни области економијата и социјалната политика.
Во економијата на таков начин што како единствен механизам за одлучување се остава пазарот да ги донесува сите одлуки без никаква интервенција на државата во цените, профитите, производите. Во сферата на социјалната политика  со воведување на плуралната социјална политика се планира социјалната заштита и помош од рацете на државата да прејде во рацете на приватните корпорации.
Токму овие две функции економската и социјалната која ја предизвикале појавата на државата, денес на истата таа држава сакат да и се одземат. Тоа значи воскреснување на стариот конфликт помеѓу класите и сталежите. Затоа и на многумина не им е јасно! Зошто во последно време толку многу демонстрации и протести  во целиот свет? Во последно време во Чиле, претходно во Франција, Германија, Бугарија, Скандинавија и други европски земји. Затоа што стариот конфликт измеѓу класите повторно воскреснува и тој е предизвикан благодарение  на одземањето на интервенцијата на либералните држави во економската и социјалната сфера.
До сега, а и низ историјата на човештвото не е пронајден друг механизам освен државата кој може да го регулира социјалниот конфликт помеѓу масите. Кога тој ќе се појави во една држава, односно општеството не може никој друг да го смири или анулира освен државниот апарат. Затоа и постоењето на државата е неопходност. На крај без постоењето на државата кој ќе го регулира правото? Сите зборуват за правото, а сите заборават дека државата е носител и чувар на правото! таа се грижи за негово спроведување во праксата. Во тој случај ако веќе не постои државата, тогаш кој ќе биде  спроведител, извршител и чувар на правото? Некоја приватна корпорација на која е газда некој како Рокфелер или Ротшилд? Човештвото не дојден во фаза на својот општествен развој да нема потреба од постоење на држава. Зошто? поради не еднаквоста на класите, сталежите. Се додека постои не еднаквост во секаква смисла, а најмногу Социјална ( очигледно е дека тоа никогаш нема да биде возможно, бидејќи историјата потврдила дека човештвото секогаш социјално било не еднакво) еднаквост секогаш ќе постои социјалниот конфликт помеѓу класите, па и помеѓу народите и нациите. За да тој конфликт се држи под контрола мора да постои држава или државен апарат кои тој конфликт ќе го смирува. 
Тоа што треба да се направи во либералните капиталистички држави е да се направи целосна промена, односно реформа. Државата таму мора да си ја врати својата улога. функцијата на интервенвција во економијата и социјалната сфера. Либерализамот мора да се врати на првобитната состојба. Интервенцијата на државата е неопходна за да се регулира социјалниот конфликт и за да не тргне човештвото во состојба на анархија, без редие и без излезност. Враќањето на интервенцијата на државата не значи крај на капитал односите, односно дека ќе нема повеќе приватна сопственост или крај на слободите и правата. Тоа ќе значи дека државата ќе мора да биде регулатор, односно да се грижи за нивно спроведување во праксата. Да речеме за мене е фрапатно сознанието  како приватните мултикорпорации со никаков закон  не се ограничени во поглед на нивното делување, работење, влијание,  до која рамка можат да одат и сл. Државата мора да се грижи за правото на работниците во приватниот сектор, право на синдикално организирање.
Сето ова на некој начин допринесе до пад на либералниот капитализам, за тој да преживее или да се трансформира во нешто подобро мора да си ја врати социјалната компонента, државата мора да се грижи за својот народ и за своите права, што всушност историски преставува  една од најголемите причини за нејзиното постоење.
Познат е примерот после втората светска војна, периодот од 1945- 1980 година, кога западните либерални држави има поглема интервенција и ингеренции. Можеби затоа и тој период горе долу беше стабиле период и многу подобар период во историјата на човештвото. Добар пример дека е потребно враќање на интервенцијата на државата.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...