Friday, December 20, 2019

 ВРЕМЕ Е ЗА ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ 



 Европските избори исто како и Македонските избори  покажа дека европските народи како и македонскиот народ слабо излегуват на избори. Тоа се должи на фактот што обичните луѓе  повеќе не им веруват  на своите политичари и политички партии. Разочаран е од нив!


Пројдоа и минато неделните европски избори за европскиот парламент. И како што сите видовме и очекувавме на изборите во голема мера на изборите победија десничарските и националните партии наспроти левичарските и либерално- централистичките партии, исходот беше за очекување, предвидувањата го покажа тоа.

Во Франција победи Мари Лапен, Макрони отиде на буништето, во Италија победа издвојува Матео Салвини, во Велика Британија Фараш, во Германија зелените, во Шведска десничарската партија, во Унгарија Виктор Орбан, во Хрватска Марија Петри, А Грчкиот народ на Ципрас му даде шут картон.  Европските избори исто како и Македонските избори  покажа дека европските народи како и македонскиот народ слабо излегуват на избори. Тоа се должи на фактот што обичните луѓе  повеќе не им веруват  на своите политичари и политички партии. Разочаран е од нив! се разбира, бидејќи Либерално-чентралистичките партии кои досега владеа со европската унија своето владења го претворија во профитерство, владење од свои лични интереси. Дури и урушувањето  на традиционалните заедниции како што се нацијата, религијата, семејството и се останато што преставува заедница им беше со една цел како на лесен начин  да се дојде до профит и бизнис. Водени од таа цел либерално-централистите заедно со европската левица ( која све е само не левица) сега ќе си ја платат цената.
За разлика од нив десните и националните партии кои ја сватија работата за што станува збор, кои сватија што се крие зад овој моструозен проект глобализам се свртија спрема народот и неговите потреби. Затоа Салвини е победник, бидејќи во секој негов говор на прво место е Италија и италјанскиот народ, нема кај него Еу и Нато, Туку Италија и италјанскиот народ. Затоа и во Италија ужива толку голема популарност. 
Доаѓа до возбудлива ситуација во самата унија. Сигурно дека глобалистиве ќе се обидат да направат све само евроскептиците  и националните партии да не дојдат на власт. Но во тој момент кога ќе се обидат да го направат истото што и го направија и на Македонија, да ја заобиколат волјата на народот, тогаш сигурно ќе можат да си стават крст на челото. Зошто? бидејќи оној кој што не сака да види, а се гледа од вселената дека од овој момент се искристализира  јасно двата концепти за иднината на унијата, односно две струии. Едната која до сега ја гледавме преставена преку левицата и либерално-  централистите  кои Европа сака да ја претворат во она што преставува Соединети Американски држави и која своевидно преставува најголема утопија, бидејќи Европа не е исто што и САД. Европа има друга историја, друг политичко-правен развој од Америка. Американскиот систем не може да се инсталира во Европа, секое негово инсталирање  во Европската унија, тоа Европа крваво ќе го плати. И втората струја така наречените Суверенисти и националисти кои Европа ја гледат само како заедница на национални и суверени европски народи, народи со потполен и признаен национален идентитет со сите негови атрибути кои произлегуват од него.
Да се вратиме кај нас! Чекав веќе две три недели од преседателските избори дали ќе има некаква најава за промена во политиката на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ? дали веќе конечно ќе почнат нивната политика да ја орентирата спрема волјата на народот? Дали ќе има промени во досегашниот курс за ЕУ и НАТО или се уште не ги разбират промените кои допрва доаѓат на европската политичка сцена.  60% од  Македонскиот народ на преседателските избори не излез да гласа тоа е добар показател дека Македонскиот народ како и Европските народи не одговара на политичката понуда. Тоа за секоја нормална политичка партија е доказ дека треба да ја менува својата политичка понуда. Сакав да верувам дека ВМРО-ДПМНЕ после дебакалот на преседателските избори ќе се совземе и ќе направи радикални политички промени во неговата политика во полза на Македонскиот народ, колку што гледам нема ништо од тоа. Пошто од тоа нема ништо!време е ние како и европјаните  сами да си организираме пролетно чистење. Чистењето почна од референдумот продолжи со преседателските избори и сега повторно продолжува, сега кога и во Европа дојде време на пролетно чистење.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
.

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...