Friday, December 20, 2019

СЕ ЗАПОЧНА ВО ШЕСЕТИТЕ ГОДИНИ




Во последниот текст рековме дека либералната демократија се најде во голема криза во текот на педесетите години на минатиот век. Поради тоа се воведе нов термин, односо филозофски правец неолиберализам како нова филозофија во економијата и политиката која би требало да ја извлече од кризата западната либерална демкоратија. Тогаш е донесена одлуката да се реформира класичната демократија со тоа што ќе се сведе на минимум улогата на државата и на народот, народната волја да биде заобиколена и на тој начин да му се одземе суверенитетот на народот. Сето тоа почна да се прави со раѓањето на новата филозофија чиј преставник е Јозеф Шумпетер кои се залагаше народот наместо да гласа за политички програми и идеи да гласа за политички лидер кои место него ќе одлучува за судбината на народот и неговата земја.


Од кога веќе ја курдиса десницата во нова десница на ред дојде левицата во шесетите години и неа да ја курдисат. Целта на курдисувањето на левицата и десницата е всушност изместување на дотогашниот прифатен модел  на партиско-политички систем во кои партите функционира во системот организирани како десница и левица. Таквиот систем на некои начин води свое потекло уште од римско време.  Во Рим биле организирани на патриции ( Десница) и плебејци ( левица), за време на француската револуција исто така ја имаме истата ситуација Жидроисти ( десница) и Јакубинци ( левица), тој партиски систем на левица и десница продолжил да опстојува и после француската револуција.
Во текот на педесетите и шесетите години очигледно за да може лесно да се иплементира неолиберализамот  во политиката и економијата таквиот систем веќе почнал да им смета.  Се разбира дека поделбата на партите на левица и десница и идеологијата на лева и десна  си има свои корени, традиција, историја и таа преставува некои симбол во кои народот нешто препознава, нешто што можеби Жак Дерида со деконструкцијата не може да го забележи.
Курдисувањето на левицата започна со филозофската теорија на Жак Дерида теоријата за Деконструкција. Деконструкцијата преставува систем на анализи и критики која ја открива разликата помеѓу стурктурата  и основното значење на субјектот. Токму филозофијата на Дерида  до денешен ден е најзаслужна за упропастување на секој збор и неговото вистинско значење. Деконструкцијата не му го објаснува вистинското значење на суштината и симболиката на зборот, туку напротив Дерида со неговата деконструкција го испреврте секое значење на зборовите одземајќи ја неговата првобитна суштина.
За да ја објасниме деконструкцијата на Дерида, најдобар пример ќе ни помогне неговиот следбеник Френсис Фукујам кои во периодот од 1989/1990 година во времето кога се распаѓаше источниот блок, прогласи крај на историјата, токму тоа го разработува во неговата книга крајот на историјата и последниот човек. За да прогласиш крај на историјата, неменливо е дека треба да прогласиш и крај на времето, бидејќи историјата е врзана за времето, настаните и случувањата кои ги проучува историјата се врзани за одреден временски период. За да дојде до крај на историјата, треба да престане часовникот да чука. Се додека часовникот чука времето си тече, а со тоа и историјата продолжува. Така да тврдењето на Фукујам дека со пропаѓањето на Социјализамот и победата на либерализамот настанала крајот на историјата  воопште не е издржано, бидејќи како што рековме за да настане крајот на историјата  мора да запре часовникот, да престане да чука, односно да сопре времето да тече. И колку што можме да видиме дека времето после 1989 година не сопре туку напротив продолжи да тече, а со тоа историјата продолжува да тече. Еве ви типичен пример за извртување на значењето на зборовите кои Дерида го воспостави или пак, што да речеме за идејата за мека диктатура на либералниот капитализам, ем е мека, ем е либерална, ем е капиталистичка, ем е диктатура ни еден збор во низата не одговарат еден со друг.
Во текот на шесетите години започна све! ова лудило што денеска се случува по светот. Во тоа време се создаде нешто  ново, нова левица, нова партија така наречената либерална партија, социјалдемократска партија, она што Тони Блер и Бил Клинто во текот на 90-тите години ќе го наречат „ Третиот Пат“ така наречениот центар  кој претходно во политиката не постоел. Како што добро сите знаем центарот е без идеологија и матрица, без идејност, програма, неговата функција е работа за интересите на крупниот капитал. Од моментот од кога е прогласен центарот во него одма први влета левичарите преоѓајќи во либерали и социјалдемократи. Третиот пат- центарот и ако за првпат е изговорен во деведесетитет години, неговите почетоци токму започнуват во шесетите години.Неговата имплементација  започна во шесетитет години со светските студентски демонстрации. Тогаш е родена новата левица, односно она што денес модерно се нарекува социјалдемократија. Студентските протести кои беа со барање за подобар социјален статус и живот на луѓето во општеството фактички ја отворија вратата за влез на неолиберализамот  како едниствен систем без никаква друга алтернатива. Во многу земји студентските демонстрации ги прекина веќе започнатите економски реформи како што беше случајот со Југославија и Франција.
Она што треба да се знае е токму кога ова шесет и осмашка генерација кога ќе дојде на секаде на власт во сите држави настанува хаос. Тоа го гледавме во 90-тите години на балканот и се уште го гледаме, во западна европа, америка и секаде каде што шесет и осмашката генерација е на власт во политиката, општеството, економијата. Од 68 се Бил Клинтон, Тони Блер, Јошка Фишер, на балканот Борка Павиќевиќ, Срѓа Поповиќ, Весна Пешиќ, оној што ги познава овие ликови знае за што се небеа врзани, кај нас Васиљ Тупурковски беше организатор на студентските демонстрации во 1968 година. Не сомневно е дека ова генерација треба да одговара за лудилото во кои денешниот свет тоне, затоа што на сцената инсталира лев политички фашизам кои се залага за бришење на наците и народите, тој лев фашизам е рамен со десниот фашизам од времето на Хитлерова Германија.
За крај она што треба да се направи од кога сето ова ќе пропадне е враќањето на вистинската традиционална демократија. Настаните и случувањата кои денеска се присутни во Европа и светот тоа го потврдувата. Со вистинската демократија народот ќе гласа за политичка програма и идеја, а не за лидери и салонски убавици кои ќе работат за туѓи цели и интереси. Враќањето на првобитната и класичната демократија ќе го врати и местото на народот како суверен газда на една држава.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...