Friday, December 20, 2019

ЕВРОПЕЈСТВОТО ЌЕ ЗАВРШИ КАКО ЈУГОСЛОВЕНСТВОТО



Имено, да не се прават глупави оние од Брисел,бидејќи тие самите ќе си ја сносат кривицата за распадот на унијата. Политиката на внесување на стари кадри на челните позиции во унијата кои нема да овозможат реформа на унијата и нејзина трансформација во нешто подобро и ново го забрзува распадот на унијата од внатре, тоа како вина ќе падне на глобалистичкиот Брисел.


Ерик Марија Ремарк  уште на почетокот на деваесетиот век го напиаша својот роман на запад ништо ново. Изгледа дека човекот бил во право, веќе од почетокот на дваесетиот век на запад нема ништо ново. Едното па истото си се мотка, во долги, во кратки црти не е важно, ами едно исто е! Местењето на централните позиции во европската унија на кадри на глобалистичките партии нема ништо ново да и донесе на ЕУ, туку ќе го забрза процесот на гниење и распад на самата унија, сигурно е дека тој процес ќе биде драматичен како за самата Европа, така и за европските народи.
Сведоци сме дека евроскептиците како Фараж не сакат да станат а камоли да изразат почит на европската химн, на европското знаме. Тоа е добар показател дека самата унија внатре е во тотален распад само треба време, бидејќи сега настапаува време на глодање, односно на меѓусебно јадење кое секогаш се случува во оние историски периоди кога стариот систем паѓа а треба да се воспостави нов систем, тогаш се случува меѓусебна борба исто како што беше во средниот век.
Имено, да не се прават глупави оние од Брисел,бидејќи тие самите ќе си ја сносат кривицата за распадот на унијата. Политиката на внесување на стари кадри на челните позиции во унијата кои нема да овозможат реформа на унијата и нејзина трансформација во нешто подобро и ново го забрзува распадот на унијата од внатре, тоа како вина ќе падне на глобалистичкиот Брисел.
Значи на запад ништо ново! Унијата повторно ќе си ја тера старата игра, старата утопија за претварање на Европа во соединети европски држави по примерот на соединетите американски држави, нешто што во Европа неможе да биде ни за илјадници години. Во прашање е различностите во историско-општествените- политичките и културните прилики помеѓу Европа и Америка. Америка и  Европа не се на ист општествен развој тие се на различен степен на општествено- политички па и историски развој.  Американската историја започнува со доселување на англиските колонии во Америка и независноста на САД. За разлика од неа Европа има историја која трае со илјадници години. Како таа ќе функционира ќе биде ретуширана , зарем од кога ќе се создаде соединети европски држави од тогаш ли ќе започнува историјата? Исто како што на нас сакаат историјата да ни започнува од 2018 година од кога нашите ја прифатија севернава? 
Чисто кажано проектот Европјани, Европејство и создавање на Европска нација е утопија. Ние таа утопија си ја имавме за време на Југославија со „ Југословенството“. При крајот на педесетите години и почетокот на шесетите години Српскиот писател Добрица Ќосиќ  во тогашниот дневен весник во Загреб Вјесник излезе со барање Југославија  да се формира по примерот на Соединети Американски држави, територијално да остане федерација ама таа да биде креирана од една нација, Југословенска нација! Секако Ќосиќ никогаш не ја согледа реалноста дека во 1918 година кога Југославија се формираше веќе нејзините народи влегоа во неа како народи со своја национална свест, пред тоа тие не биле стадо овци без свест излезени од некоја пештера, туку југословенските народи со векови на назад има своја историја. Што ќе се правеше со таа историја пред заедничката држава, зарем историјата ќе им почнуваше од 1918 година? а претходно како ништо да немало. На ваквите пишувања на Ќосиќ одгоовр му даде тогашниот Словенечки писател Душан Пирјевац. Па така настана полемика помеѓу нив двајцата која го вознемири тогашното југословенско раководство, вклучувајќи го и самиот Јосип Броз тито кој ја осуди полемиката. Таа полемика беше повод за одржување на Вонредни конгреси на СКЈ, вклучувајќиго и осмиот конгрес во 1964 година на кои е отворено националното прашање на Југословенските народи и тоа прашање како да се уреди државата со една нација или со повеќе нации ќе биде една силна причина за внатрешен распад на СФРЈ.
Полемиката помеѓу Ќосиќ и Пирјевац е вовед во кристализација на две групи во Југославија една централистичка која се залагаше за создавање на Југославија со една нација и другата за создавање на Конфедерација, лабава федерација со национални федеративни републики. Ова поделба во самата СФРЈ ќе биде исто така една од главните причини за внатрешен распад на СФРЈ.
Сведоци сме дека истот денеска се случува и со ЕУ. Последните години во унијата се искристиализира две опции една Европејска на Макрони, Меркел и претходно Баросо кои се залагат за создавање на една европска нација и уредување на унијата по примерот на САД и втората на евроскптиците кои се залагат за создавање на унија на национални и суверени народи со свои национално потврдени идентитети и атрибути. Тие две опции како што гледаме како и во СФРЈ се судират помеѓу себе.
Која опција ќе победи? Јас сум сигурен дека втората опција ќе победи.  Како што истакнавме погоре увезувањето на американскиот систем во европа нема да успее. Еднаш Европа тоа искуство го имаше со Француската револуција која беше инспирирана од американската револуција, всушност Француската револуција беше копија на американската револуција. И како заврши? неславно заврши со нејзино пропаѓање. Припчината лежеше во тоа што Франција како Европа и Америка не се исти држави на ист економски, општествен, политички, историски и културен развој. Исто како што и југословенските народи не беа на ист развој, Хрватите и Словенците секогаш беа понапред од останатите народи и секогаш тоа беше причина за меѓусебен јаз помеѓу народите на СФРЈ.
Различниот општествено- политички, историски и културен развој на кои се наоѓа една држава на крајот одлучува дали може одреден систем да функционира  во една држава пресликан во друга држава. Па така разликата помеѓу Европа и Америка, прави Американскиот модел на уредување на државите  за наша среќа, а за нивна несреќа да биде неуспешен во Европа. Затоа и на крајот се сесведува  дека Европејството на Макрони и Меркел ќе заврши како Југословенството на Ќосиќ.  Во моментот кога југословенските народи ја видоа опасноста од југословенството се случи вержна реакција која заврши со отцепување и прогласување на нивната независност. Таква верижна рекција имаме и во Европа, Брегзитот на Британија е прв, на ред се Франција, Италија, Полска, Унгарија, Чешка, ако не и Германија.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...