Friday, December 20, 2019

ПЛАНЕТАРНО ЧИСТЕЊЕ НА ЃУБРЕТО 




Неделава која проѓа се случија доста важни настани и случувања, дешавки на светската политичка сцена која ќе остави последици не само на светската политичка сцена, ами и на нашата домашна политичка сцена, а и во едно и се најава за една планетарна промена која му престои на светот.
 
Британскиот премиер Борис Џонсон го суспендираше британскиот парламент, целта е да може да се реализира волјата на британскиот народ за излез од унијата, односно брегзитот, кон тоа за наше изненадување Џонсон доби подршка од британската кралица Елизабета, за нас не треба да биде изненадување, кралицата претходно јавно го подржа брегзитот и излезот на Британија од европаската унија. Според нас тоа е една значајна работа, и ако за кралските семејства  најчесто се мисли како за марионети, кукли, како за отуѓен центар од народот, но изгледа дека сепак не било така, британската кралица по се изгледа сватила колку е сатот! односно ги разбрала промените кои на светото му престојат и дека во идниот свет ќе мора да се почитува волјата на народот. Па така и монархите, кралствата ќе мора да се прилагодат спрема тоа начело, ако не во спротивно народот ќе ги избрише како и што народот во минатото многу кралства избришал. Тоа во историјата се случувало, се случило и ќе се случува пак! после Француската револуција и рестарвацијата на кралствата во Европа, монархите не се исти како пред француската револуција, па така и во новото време кое доаѓа кралствата нема да бидат исти како и денес и тие ќе морат да се реформират.
Втора работа, САД го урна договорот со ИНФ со кои Европа до сега се штитеше од ракетен напад. Мутавата ем глупавата Европа, САД ја остави сама на себе! на нив така и им треба кога до сега не знаеа да изградат своја сопствена политика, па така кога ќе дојде времето да ја газат и од запад и од исток да може да се штити, за жал таа шанса ЕУ ја испушшти по што остави политиката да и биде креирана од туѓ центар Вашингтон, сега ќе си ја платат цената. Шала на страна ЕУ до 2008 година имаше одлична шанса да стане светски играч на политичката сцена и тоа на два начина Преку Русија да излезе на азиското копно или преку Турција  и на тој начин да го избегнеш она што денес и се случува. Таа шанса е веќе прокочкана, шансата унијата да биде светски играч во политичката сцена е веќе изгубена.
Во овој контекст да не го заборавиме и признанието на Макрони за крајот на доминацијата на западната цивилизација. Глобалистичкава пудлица  не само што ни призна дека сме на крајот од западната цивилизција,обвинувајќи ја Америка дека е за се крива! на тој начин сака да се искупи себе си и политиката на својата земја, ја прогласи глобализацијата за мртво чедо на западната политика, а со тоа и проектот за создавање на европска нација. Со тоа глобалистичкава пудлица самиот себе си се поби како и својата до вчерашна политика. 
Трета работа, Трамп во Украина ги избриша квислинзите, оние што претходната власт ги постави,Трамп ги пушти низ вода. Типично за американската политика е да нејзините хулени кои ќе ги донесе  на власт од кога ќе ја завршат работата, ги пушта низ вода.Трамп и Путин си се договорија дека ќе се гради свет на соработка и меѓусебно разбирање. Украина по се изгледа дека прва ќе почне да се чисти од квислиншката власт, таму допрва следи чистење. Не знам колку нашиве квислинзи разбират што се случува дека еден ден и тие ќе бидат оставени без својот заштитен чадо, ами тогаш што ќе прават? Каде ќе одат? тогаш Македонскиот народ ќе си организира народен суд кои ќе им суди на квислинзите и предавниците.  
Сите настани и случувања кои се случија изминатава недела потврдија една работа, а тоа е дека планетарната промена продолжува. Наскоро ќе има промени не само во политиката, туку и во секое животно катче на човекот. Настаните што денес се случуват токму и тоа го потврдуват дека процесот кои е започнат уште од 2008 година продолжува, тој процес е планетарно чистење на ѓубрето.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Comments

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...