Годинава беше пресудна за Македонија и македонскиот народ, и покрај сите обиди на квислиншко- фашистичката власт на чело со квислингот Заев кои има за цел да го избрише македонскиот народ од листата на живи народи и така да им го реши проблемот на оние од Запад кои и го искреира нашиов проблем на почетокот на минатиот век. Македонскиот народ на 30.09.2018 година изведе силна победа и кажа не, на квислиншката влада на Бејли и на северноатланските окупатори, најпрецизно кажано е прв и единствен кој до сега им има кажано на НАТО и ЕУ силно не! тоа го врзува во победнички народ, што долго време ќе ги вознемирува оние од Запад, како е можно еден мал народ како што е македонскиот народ толку силно да им се спротистави, тоа е симболично борбата на Давид против Голијат.
Ова година видовме дека и двете македонски политички партии СДС и ДПМНЕ се фактички едното исто, коалиција која заедно е во спрега против Македонија, го оставија народот сам да се брани и самиот народ се одбрани. По се изгледа дека во нареднава година крајот на овие две партии се ближи.
Македонскиот народ е единствениот кој до сега покажа дека инстиктивно си ја сака својата куќа, државата Македонија. И покрај сите репреси, закани и уцени од страна на инсталираната квислиншка власт Македонецот и понатаму продолжува да се бори со сите расположливи средства против хунтава. Два пати годинава беше спречен протестот на движењето бојкотирам, беа спречени да ги постават шаторите и бините пред владата. На движењето бранители на суверенитето и интегритетот им беа тргнати шаторите од пред собранието. Некако хунтава во последново време жестоко почна да напаѓа, тоа значи дека знат дека крајот им близок, затоа жестоко напаѓат, тоа е нивна работа! Нашата работа е силно да бориме против хунтата и нема откажување македонски народе, нема враќање назад, во спротивно остануваме без држава. Особено ги плаши тоа што нивниот ментор Џес Бејли е готов! Отворените истраги кои во моментов ги води Стејдепартментот ќе ја покаже неговата вмешаност во Македонскиот случај и тогаш нашиве каде ќе бегат? кој ли ќе ги собере? Тогаш ќе ни ги препуштат на нас народот, сами да ги соголеме како мравки кои ја соголуват својата жртва.
Слушам Заев и неговата компанија биле номинирани за Нобелова награда. Чист погодок да се наградат фашистие за бришење на еден народ од листите на живи народи, поголемо глупост здравје! е тоа се вика политика на идиотизам. После ова Нобел може да се прости од својата награда, бидејќи таа одмна го изгуби својот респект. Тоа вие е исто како да му дадете на Хитлер нобелова награда за убивање на шест милони Евреи во канц логори. Бре луѓе светов се пошандрисал со својата политика која произведува политика на идиотизам и политички идиоти. Па така кај нас произведениве политички идиоти на севернава, сега не знат како да се извлечат од својата политика на идиотизам, па така до вчерашните обвинети за тероризам за 27 април повеќе не се теористи, туку амнестирани. Токму ова амнестија ја открива целата слика дека 27 април бил всушност наместен за да се уценат оделни политичари од ВМРО-ДПМНЕ кои гледате дека им успеа и секако, втората цел е да се бутне преседателот Ѓорѓи Иванов кои за сега остана единствен држечки столб кои е на линија на народот. Тоа да ти била голема слика, а не тероризам за кои може да видите дека не може ниту да се докаже.
драги мои се надевам дека во новата година конечно ќе се избориме против фашистичкава квислиншка власт. Се надевам дека државата ќе си ја врати народот во своите раце, бидејќи власта на него суверено му припаѓа, народот е владител, крал на државата, суверен газада на државата. Се надевам дека македонскиот народ како што имаше сила во септември да издвојува победа и да избојкотира референдум, се надевам дека ќе ја има истата сила да свика и да организира народно и уставотворно собрание кое ќе значи негова целосна победа и враќање на својата држава во своите раце.
Па така, чим веќе започнуваме во новата година време е да започнеме и со градење на новата македонска држава четвртата република. Чим старата држава ни ја разрушија со различни надворешни интервенции ( Рамнковен, Пржински, Преспански договор), време е да почнеме од почеток од ново! а новото започнува со нова година, мојата желба е во новата година да започне четвртата македонска република.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.