Што е ова бре луѓе мои! Ме утепа луѓево затоа што сум бојкотирал? Затоа што сум протестирал? Демек што ми нуди во замена државата. Дали и колку ми понудиле пари за да бојкотирам. Абе овие знат ли нешто повеќе од нивните стомаци? Знат ли човециве што е држава? Знат ли дека покрај личниот интерес дека постои и нешто што се вика општ интерес на нацијата или Жан Жак Русо тоа го вика „ Општо добро“. Знат ли луѓево дека покрај куќата, фирмата, парите покрај тоа како наследство на идните генерации, треба да им остават нешто што се вика држава на која ќе ја градат својата куќа, зошто во спротивно постануват Скити, Скитници како што се Ромите осудени да скитат од една во друга држава.
Очигледно е дека ние како народ не стигнавме малче повеќе да видиме подалеку од нашите очи, односно да видиме за идните генерации и нивното општо добро. Тоа е школа на учење, така ги учеле луѓето, тоа е индокторинација. Едноставно во изминативе шесет години индоктринацијата била таква.
Што можеме да очекуваме од генерација која во изминатиов период од шесет години била учена ако каже она што е, и следува казна. Генерација која била поставена на автоцензура, културна, историска, јазична археолошка цензура. Не за џабе во изминативе сто години само Македонија и Босна и Херцеговина беа како темен вилает на Балканов во која се спроведуваше културна автоцензура, односно политика на самозаборав и политика на идентификација со седните држави и народи, при што Македонците повеќе го сака Белград од колку Скопје, тоа го видовме при распадот на СФРЈ, нашата политичка и интелектуална елита немаше чисто македонска позиција како што имаше хрватската и словенечката интелектуална елита. Една од проценките на ЦИА била дека при распадот на СФРЈ само како независни држави од Југославија ќе произлезат Словенија и Хрватска, а Македонија заедно со БиХ и Црна Гора и при распадот ќе останата со Србија, Нели и референдумското прашање ни беше такво сојуз на држави, па платформи Глигоров-Изетбеговиќ, но народот како и секогаш во клучни моменти е со повисока свест од политичарите ,па на осми септември 1991 година одлучи да има своја држава, тоа го повтори и на 30 септември ова година. И се уште нашите политичари без национална свест и совест, без никакви чуства, му ја дрват песната на народот дека нашето место ни е во ЕУ. Толку се заљубени во ЕУ што би ја продале сопствената кожа за неа. Пак ќе кажам тука голема функција има учењето, образованието. До вчерашните комунисти кои беа учени да ја обожават и сакат Москва, а да го мразат капиталистичкиот запад, наеднаш ја сменија својата политика од исток отидоа на запад истана негови најголеми приврзанци мразејќи го до толкава мера исток за кого до вчера беа учени да го сакат. Преку ноќ стана најголеми приврзаници на запад за кои неможе да чуеш ни една критика за тој запад. Исто е, и со другава партија ВМРО-ДПМНЕ, до коска и пена не ја вадат ЕУ и НАТО како некоја светост да им е!Тешко и кај ова партија да настаната промени во поглед на надворешната политика барем за брзо време.
Мене учеа вака да размислувам. Не ме учеа да сакам туѓи држави. Ниту да одам во туѓи европски градови, да се водушевувам на туѓите градби, да се сликам, а во мојот роден град да ги фарбам и шарам своите знаменитости и споменици и низ таа шарена револуција можеше да се види презирот и омразата спрема сопствената држава, народ и историја. Има една секвенца која мене ми беше интересна од времето на шарената револуција, имено, шарениве додека си ја правеа својата револуција, некои од нив носеа маици со ликот на Ернесто Че Гевара, сигурно дека некој од надвор им рекол да ги облечат маиците со негов лик за да бидат поинтересни, ами тој заборавил да им каже односно да ги описмени дека тој истиот Че Гевара бил против западниот либерален капитализам за кои тие навива за време на шарената револуција и беа во целосна негова полза. Целата револуционерна мисла на Че Гевара се сведуваше против тој западен либерален капитализам, а шарените навива за НАТО кој значи капиталистичка окупација на светов. Кој расчекор боже да се идентификуваш со некој кој бил против капиталистичкиот империјализам, а од друга страна навиват токму за тој капиталистички систем и сакат својата држава за да биде окупиран токму од тој империјализам, поголема глупаст здравје!
Не знам дали се работи за необразованост или не информираност или сите мислеле како Мирјана Најчевска Глуп ни е народот! кечораши се! па нема ништо да разберат. Ама кецорашите и глупиот народ на Најчевска одамна разбра се! само таа никако да разбере дека на либералниот капитализам му доаѓа крајот доказ за тоа се моменталните случувања во Франција.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
No comments:
Post a Comment