Tuesday, November 27, 2018

ЗА НАРОДНО И УСТАВОТВОРНО СОБРАНИЕ




Веќе недела дена слушам како со отварањето на уставот се имплицира целосно да се промени и карактерот  и структурата на македонската држава. Инаку мора да се напомене за волја на вистината, структурата и карактерот на македонската држава ја изменија нашите политичари со прифаќање на рамковниот договор за време на фингираната војна во 2001 година, ја заменија АСНОМСКАТА преамбула со нова преамбула со која македонскиот народ  стана само една етничка заедница, односно добивме држава  со племенско уредување, повеќенационална држава, без стопан и газда, нешто слично како и денешната дејтонска Босна и Херцеговина. тоа е отворен чекор кон федерализација и прераснување  на Македонија во повеќенационална држава, територијално за да се раздели Македонија на два дела , тоа е сторено со територијалната поделба од 2004 година со кои Македонија фактички се креира неофицијално на два дела ( Македонски и Албански) и сега доаѓа третата фаза  од нашето патешествие кога Македонија треба да стане повеќенационална и федеративна држава кога законски во праксата ќе се спрпведе тоа. Тоа не може да се направи ако претходно  автентичниот и автотохниот македонски народ се уништи, затоа е целата операција за идентитетски и историско  обезглавување на македонскиот народ, за да му се одземе приматот за автотохнен и автентичен  народ и тој да се замени со албанскиот  како демек најстар народ на овие простори, а македонскиот народ да се прикаже како остаток на српската и бугарската нација, односно Словени кои се дојдени на овие простори, поради тоа е целата еутанизија која се врши врз Македонците.








Токму барањето за вметнување на рамковниот договор во уставот и преамбулата  оди во прилог на тоа сценарио. Секој кој малце има знаење и памет ќе ви каже дека Македонија како унитарна држава, не би можела да преживе како повеќенационална држава, за тоа историјата дала потврди до сега. Хрватска во рамките на Југославија  беше конституирана како држава на Хрватите и Србите, а не како национална држава на хрватскиот народ. И  што се случи? дојде до војна , бидејќи независна Република Хрватска не можеше да опстои како држава на Хрватите и Србите, мора еден да биде стопан, односно газда. Сите сме сведоци дека   Србите бара оделување од Хрватска се со нивната територија, е тоа е пример што би можело да се случи со држава која е уредена по принципот на повеќенационалност. Босна и Херцеговина, пак која немаше босанска нација, туку беше уредена како земја на три народи, ситуацијата беше уште полоша. Токму и проблемот во БиХ е во тоа што не постои босанска нација, односно автентична и автотохна нација за да може државата да се изгради со сите свои атрибути на државност. А што мислите дека Македонија како повеќенационална држава нема полесно да пројде? не! можеби уште полошо.
Македонија и македонскиот народ ова година се најдоа во таква ситуација во која немаме ниту лидер, ниту водач, ниту саглам политичари, ниту саглам политички партии кои државата ќе ја вратата на цврсти нозе. Во ова ситуација во која денес се наоѓаме, единствено решение е македонскиот народ сам да се избори преку создавање на свое народно собрание и уставотворно собрание, преку кое македонскиот народ ќе си ја врати својата држава, ќе стане државотворен народ, суеверен, владител, газда, стопна на својата држава.
Народното и уставотворното собрание ќе ги имат следниве задачи пред себе:
1. Создавање на четврта македонска република која ќе биде држава на македонскиот народ и националностите кои живеат во неа, односно враќање на АСНОМСКИТЕ принципи и АСНОМСКАТА преамбула;
2. Народното собрание ќе биде инцијатор за создавање на уставотворно собрание  кое пак ќе има задача да создаде нов устав;
3. Раскинување, односно прогласување за неважечки досегашните меѓународни договори: временската спогодба, рамковниот договор, територијалната поделба, пржинскиот договор, бугарскиот договор, преспанскиот договор;
4. Уставно да и се даде на државата право за одземање на државјанство на категоријата граѓани кои со своите активности до сега допринеле во рушење на уставото и државата, учествуале во велепредавство и распрпдажба на националните интереси на македонскиот народ и држава. Сметаме дека тоа е најголемата казна за велепредавниците и сите учесници во овој досегашен процес на обезглавување на македонската држава и народ. Одземањето на државјанството со себе повлекува и губење на други права како што се губење на право на државна работа, право на пензија и сл.
5. Умртвување на досегашните политички партии кои во последниве 25 години, не донесоа нас како народ и држава до ова ситуација во која денес се наоѓаме. Одземање на правото на досегашните политичари кои учествува во велепредавството да продолжат и понатаму да се занимвават со политика;
6. Создавање на нови политички партии, на нови основи, со нови политики кои на меѓународната сцена ќе се залагат  за неутрален статус на Република Македонија во меѓународните односи, воена и политичка неутралност;
7. Референдумот како нов облик на демократија да стане добро утро, како главна алатка за комуникација помеѓу власта и народот;
8. Да се усвои императивен мандат за пратениците во собранието, наместо досегашниот преставнички мандат. Со императивниот амандман пратеникот ќе биде должен на секои две години да поднесува извештај за својата работа пред избирачите во својата изборна единица, исто така избирачите ќе имат право право да го отповикат пратеникот доколку не ја извршува својата работа во согласност со уставот и законите. Досегашната пракса со преставнички мандат на пратениците едноставно покажа дека на нив никој ништо не им може, затоа и ова измена е битна. 
Од кога овие задачи и останатите задачи ќе  ги исполни народното и уставотворното собрание се самораспушата и почнуват нови избори со нови политички партии и политичари кои немале врска со претходните политики и претходните политички партии.
Народното и уставотворното собрание е најдобро решение за нов почеток на македонската четврта република. Бидејќи и двете собранија се конституират  од македонскиот народ и го преставуват него. И затоа при избор на делегати се бират од сите слоеви и еснафи на македонскиот народ кого него и го преставуват, како и преставници на македонците од соседните држави и преставници од македонската дијаспора.
Актите и уставите кои ги однесуват овие собранија  во теоријата и праксата се нарекуват народни, затоа и, е борабата преку народно и уставотворно собрание  да си ја вратиме својата држава, бидејќи тие се преставници на народот и неговите акти, решенија, устави се народни преку тоа народот  си ја враќа својата сувереност, одлучува сам како сака да владе и каква сака да има држава, што со друг начин на донесување на устав не иста ситуацијата.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Tuesday, November 20, 2018

ЗАСПАНАТА ЕВРОПА СЕ БУДИ



Гледам нашите медиуми кои се под целосно влијание на СОРОС и УСАИД, платени од Амбасадата на кале се во тотален мрак. Не може да чуеш ниту вест, а камоли информација за она што навистина се случува надвор од Македонија., тие неточно известуват за случувањата  во Македонија, а камоли за она што се случува надвор од неа. Па така и овој пат Македонските медиуми не пренесоа што се случува во Европа.



Не можеме ни вест да прочитаме за големите протести во Бугарија, исто и за големите протести во Полска, Шпанија. 
Во Полска силните демонстрации се одржа во чест на 100 годишнината од нејзината независност. Маршот и демонстраците беа проследени со националистички групи со силна националнистичка реторика. И ако сите од типот на Макрони дека национализамот е изумрен во Европа, а националниот идентитет изживеана работа, односно секаде во Европа изумрел, всушност Полска на одбележувањето на 100 годишнината, токму спротивното го потврди, дека национализамот не изживеана работа, дека современите држави не можат да преживеат без нации, односно свој суверен народ на својата територија. Полските демонстрации во голема мера беа насочени токму преку ЕУ и нејзината политика, тоа го потврдувт токму пораките  кои беа иззвикувани на протестите од типот на „ САД е империја на злото“, дури и одредени демонстранти го запалија  знамето на Европската унија. Значи едноставна порака чао Европа! чисто сега мене ме интересира како сега Соросоидниот Макрони од франција ќе гради Европска федерација со Европски идентитет како замена на националниот идентитет или заедница на стоки, или не знам што без постоење на нации и национални држави, кога Полска веќе по стоти пат им ја удри шлаканицата дека не се откажува од својот националне идентитет и суверенитет на сметка за создавање на некоја Европска федерација која како знаеме има за цел да изврши приватизација на светото и да го приграби националното богаство на државите и народите ( вода, руда, нафта и сл), и тие да припаднат во рацете на пет моќници, на пет моќни фамилии.
Во Бугарија, пак неделава не можевме ништо да чуеме за протестите на нашите платени медиуми. Бугарите му го плесна на цијашот Бојко Борисов, не задоволни од неговата Европска политика, го окривија НАТО како чувар на лоповите во Бугарија, за што и во право и се! тоа е функцијата на НАТО преку војни и пресврти да ги донесе послушните кадри на западот.
Силни демонстраци беа проследени во Мадрид, Унгарците се будат, Чесите се будат, Италјаните се будат,  Германците пред месец дена во голем број низ демонстрации и протести се разбудија. значи старите народи се будат! Европа се буди!
Обично во историјата на човештвото  кога се случувале вакви силни немири, социјални протести значело две работи влагање во крајен десен или лев блок, но и крај на функционирањето на општествено-политичкиот систем кој досега успешно функционирал. Силните Европски демонстрации покажуват дека либералниот капитализам веќе дошол до својата пресмртна агонија.
Имено, либералниот капитализам како своја основа за дејствување го имаше капиталот ( парите) и тоа беше основа за негово делување, исфрлајќи ја реченицата „ парите се све“ до каде го донесе светото? до морална, социјална, економска агонија во која светото денеска се наоѓа. Не гледате ли дека и војните денес се правата во име на капиталот, во негово име се убиват народи, луѓе, се рушат држави што би рекол Карл Маркс „ Човекот сам почнува да си ја јаде својата супстанца за да преживе“, токму и тоа се случуваше во изминативе години, а најмногу после падот на источниот блок кога светот остана да стои на еден столб, кога светот остана само со еден избор, а тоа беше Америка и нејзините институции заедно со нејзините европски партнери.
И што се случи од кога светото остана да стои на еден столб?Најстрашното почна,немирите, војните за профит, тој единствен столб стана предатор кој декларативно се залагаше за демократија и слобода, а јавно уриваше легално избрани влади, рушеше држави, приредуваше војни и револуции во кои бајаги се работи за слобода и демократија, а единствена цел беше профитот и плачката на природните ресурси и националните богаства. Но како што вели народот „ништо не е вечно“ па како што гледате ни западниот систем либерално-капиталистички е во пресмртна агонија, бидејќи неговата идеологија која учеше дека суштината на живење е во профитот и парите е веќе мртов. Проблемот е во тоа што тој како систем ја нема својата духовно општествено- социјална компонента, токму изоставувањето на ова компонента од својата идеологија  му зададе финален удар кон неговиот крах и крај.
Човекот како суштество треба да има матрејални добра, но исто така треба да има и духовно-социјални добра. Хармонијата помеѓу овие два вида на добра  функционира нармален живот и нормално функционирање на човештвото, во тој случај човекот престанува да биде алчен, тогаш човекот е задоволен, тогаш човекот не е алчен за крадење и превари. Рамнотежата помеѓу матрејалните и духовните добра е неопходно да се врати за целосно и комплетно функционирање на човештвото, а тоа може да се направи со враќањето на државата во рацете на народото, на нацијата и на човекот. Во тој контекст е и причината за она што денес му се случува на човештвото, па така и овие демонстрации и протести ширум Европа се со истата цел.

Мишко Македонски  Ливрински, Скопје, Македонија.

Sunday, November 4, 2018

СМРТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ И НАТО




Да бидеш слепачки врзан за нешто, или да си се фатил како слеп за стап за нешто, значи да не ги гледаш работите и случувањата  пред тебе онака како што треба.  Не знаеш да ја дешифрираш пораката  што ти ја упатува некој, во овој случај македонскиот народ на кој не му го слушаш гласот на оној народ од кој тој негов глас го бараш на избори. Изгледа тоа ќе да е проблемот со нашите политичари и нивната политика.

Во јануари 1992 година, тогашната ЕЗЗ ( европската економска заедница) ја изнесе лисабонската декларација во која стоеше како услов за признавање на Македонија, треба да си го смениме своето име, и новото име да не го содржи зборот Македонија, ако сакаме да добиеме признание. Значи на секој нормален и пристојно образовен човек во светов, јасно би му било дека уште тогаш ние е пратена пораката дека ЕУ не ја сака Македонија. И тоа таа го докажуваше со секој понатамошен чекор. Овој став на ЕУ си има свој развиток од Берлинскиот конгрес па се до денешен ден.
Веќе не знам по кој пат прашувам јасно ли им е на нашиве политичари, интелектуалци и медиумската афела сето ова? Ако им е јасно, треба да знат дека својата надворешна политика треба да ја менуват.
Надворешната политика на Македонија до сега беше во позиција, ние сме за ЕУ и НАТО, гледај на Запад. Мислиме дека веќе е редно нашите политичари да излезат од тој статус на надворешна политика каде ни беше сервирана догмата  еден ни е изборот и да зачекорат кон нова радикална  политика каде што прецизно место ќе има политиката  на градње на мостови со останатиот дел од светот. 
Политиката еден ни е изборот, немаме алтернатива е веќе неиздржана политика, Бидејќи, човекот како социјално суштество секогаш пред себе имал избор. Во животот секогаш постои алтернатива или повеќе избори за една иста работа, па така и во поглед на градњето на Македонската надворешна политика мора да постои избор, покрај ЕУ и НАТО, имаме право на неутрален статус, имаме право да влеземе во евроазиската унија, соработка со земјите од БРИКС, за тоа ако ние самите си донесеме одлука.
Македонскиот народ на последниов референдум покрај тоа што се изјасни против промена на името и идентитетот силно се изјасни и против влезот во ЕУ и НАТО. Македонскиот народ и даде шлаканица на досегашната политика на безалтернатива, односно на политика за ЕУ и НАТО. Македонскиот народ во овој случај стана поитар и помудар од Македонските политичари и интелектуалците, и ако за тој народ со години назад се зборува како за глупав, неписмен, онаков, оваков, е тој ист народ им ја удри шлаканицата на нивната безалтернативна политика. И сега што правиме? јас можам да ги замислам во која ситуација се најдоа сите започнувајќи од нашиве домашни политичари и интелектуалци, па се до оние евробирократи во Брисел.Секако, кога не знаеш да ја согледаш и калкулираш волјата и желбата на народот, тогаш шамарот ти доаѓа.
Како што кажавме ЕУ уште во 1992 година, преку Лисабонската декларација во која бараше Македонија да си го смени името е јавно признание дека ЕУ не ја сака Македонија. Македонскиот народ на последниов референдум потврди дека е против влезот на Македонија во ЕУ и НАТО овие две работи треба да бидат добар показател за Македонските политичари и политички партии дека крајно време е да  го сменат курсот на својата надворешна политика и да излезат од веќе уходената позиција на надворешната политика како безалтернативна. Мислиме дека е веќе време за радикални промени.
Не ме чуди што ваквите промени не настануват во владејачката партија СДС, бидејќи тие и да сакат не можат да го сторат тоа, прво, затоа што се носители на проектот смрт на Македонија за влез во ЕУ и НАТО и второ, за нив е веќе касно, со нивната политика веќе се вброија во групата на веќе мртвите политички партии. Големо изненадување е опозицијата ДПМНЕ која исто така е застапник на безалтернативната политика и нивните последни изјави се дека се уште се за ЕУ и НАТО, се оди до таму во нивното тврдење дека тие кога би дошле на власт би направиле подобар договор со кои би влегле во ЕУ и НАТО, нашите вековни аспирации.
Како што можеме да видиме дека политиката на нашите политичари и политички партии е во расчекор со волјата на Македонскиот народ кои не сака влез во ЕУ и НАТО. Јас не знам како и со што планират  да излагат на следниве избори. Со политиката ние сме за ЕУ и НАТО! Па таа политика преставува смрт за Македонија. Сите знаеме од Лисабон 1992 година, па се до денешен ден Европа сака смрт на Македонија за влез во ЕУ и НАТО. Тоа не е политика, тоа е убиство!

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија. 

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...