Friday, August 24, 2018

Стариот план на старата змија




Деновиве имавме можност да ја прочитаме анализата  на Британскиот дипломат Тимоти Лес насловена како „ Дисфункција на Балканот“. овој дипломат од кариера од типот на Збигњев Бежижински и Кристофер Хил преку неговиот текст ни покажа дека иднината на Балканот ја гледа во прекројување на границите на постоечките Балкански држави.    
Ништо ново  тоа е стариот план на старата змија кој се провлекува уште од деведестите години. имено Збигњев бежижински во својата книга „ големата шаховска табла“ каде во картите на Балканот од пепелта на распадот на СФРЈ како независни држави произлегуват само Словенија и Хрватска, Другите држави топтан одат заедно со Србија во една заедница како нејзин колач. Македонија како и Босна и Херцеговина во карите на Бежижински воопште не постоеа како држави туку поделени помеѓу големите играчи на Балканот.                                    
 
                                              Од Лондон потекнуват сите планови на глобалистите    
              
Британскиот дипломат Лес во својот текст истакнува дека Вашингтон треба да го прифати барањето за Федерализација на Македонија, барањето на Хрватите за трет ентитет во Босна, отцепувањето на Република Српска од босна, тој исто така истакнува дека со текот на времето Хрватскиот ентитет ќе се спои со Хрватска, република Српска и северот на Косово со Србија, Косово, прешевската долина, делови од Црна Гора и Западна Македонија со Албанија, Скратената Црна гора ќе има можност или да остане независна или да се спои со проширената Србија, на тој начин според дипломатов ќе се дојде до новите граници на Балканов.                                                                              
Имајќи го увид планов на големиов дипломат од кариера, во овој негов план може да се види дека сите Балкански држави имат компензација, односо добиват територија, единствено Македонцит и Бошњаците се единствените народи кои не добиват ништо, туку напротив губат се, ги губат своите држави  на сметката на проширувањето на соседите, на тој начин бидејќи не се предвидени во планот на дипломатов  тие стануват мета за асимилација  на соседните народи и држави.                                                 
Дипломатов исто така ни навестува дека кога ќе завршело влијанието на западот врз балканот ќе настапи нова ера на немири и прекројување на границите.  ова е најстрашната перверзија кој некој може да ја каже, бидејќи токму досегашното влијание на западот ја направи ситуацијава ваква каква што е неподнослива на Балканов. конкретно ситуацијава во која денес се наоѓа балканов  им ја должиме токму на европската и американската дипломатија.                                                                                                                      
Со распадот на социјализам, се распадна и државата СФРЈ, започна војните на нејзините простори.  во 1995 година заврши војната во БиХ, па фино убаво БиХ ја уредија по дејтонскиот принцип на Ричард Холбурк и Карл Билт креирана и создадена како Либан и Палестина земја од збир на територии, експрементален проект невиден во историјата на човештвото од свети век. па тоа како да не беше малку на ред им дојде Србија со рамбуевско-кумановскиот договор ја раскурца Србија  од нејзината провинција Косово со кршење на меѓународното право од истите западни типови  стана Република. постоечката република Босна и Херцеговина ја уништија, а создадоа нов Република Косово. па потоа во 2001 на ред им дојде Македонија, истите типови од запад креира рамковна Македонија закочена и нефункционална држава. ете како буре барутот на Балканот се создаваше под патронажа на западната и американската дипломатија.                                                       
На секој полнолетен човек уште во 1995 година му стана јасно со настапувањето на дејтонскиот мировен договор, дека западот се определил за подршката на племињата на балканот,а не државите и републиките.  тие не подржа фактички ни една републик во кои имаше војни на балканот, не ја подржа БиХ (  само званично реторички подржа Република БиХ), ниту пак Србија, ниту пак Македонија, туку само племињата кои се бореа против овие правно верфикувани републики, ова е вториот крунски доказ за кривицата на западот за денешната состојба на Балканот.                                                                                 
Преку својот научен труд дипломатов не предупредува дека Русија го употребува влијанието за сепаратизам. кога она стимулирала Албанците во Косово, Македонија и Црна гора да се отцепуват, ниту пак некој друг народ. но дипломатов во својот труд успешно ја сокрива западната страна која стимулираше народи за отцепување од легални држави ( Албанците) или им креираше такви услови ( Србите и Хрватите во БиХ) и на крај дипломатов им препорачува на западот да ги верификуват тие услови за менување на границите на Балканот што е крунски доказ дека западот на тоа планираше уште пред дваесетина години.                                                                                                                       
а волја на вистината  мора да кажеме дека времето кога е поставена ваква анализа  не е случајно, тоа токму се случува на крајот од 2016 година,а за две години се навршуват сто години од версајскиот мировен договор , приказната е да не се изврши ревизија на версајскиот мировен договор, поради таа цел им се брза Балканот што побрзо да се среди  по нивни терек и мерак.

Мишко Ливрински – Кубрајт, Скопје.

( објавена во дневник 2016 година)

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...