Friday, August 3, 2018

Балкански Крстопат





Балканот несомневно во игрите на големите сили од секогаш земало значајно место, така е уште од антиката, така е, и денес. Балканот е место каде што живеат голем број на нации и луѓе со различни вери, така било уште од антиката, така е, и денес. Имено Балканот е лулка на Европа, тоа е првата Европа, која се простирала од Крит до Дунав.       
Географското позоцинирање на Балканот, Ја прави неговата положба, мошне значајна во геополитиката на големите сили.                 
                                                                
Имено Балканот најчесто аналитичарите сметат дека е раскрсница помеѓу исток и запад, границаен премин помеѓу исток и запад. Односно место каде што се судират двете текстонски плочи на Европа и Азија.  Според наше мислење не можеби во голема мера на балканот се судира и Африканската плоча. Ова покажува дека Балканот е точка  преку која може да се владе со сите три копна Европско, Азиско и Африканско ( Африканското можеби во помала мера) копно.                                                                                      
Токму ова позиција на балканот е тоа што ги привлекува големите сили, нивниот интерес спрема балканот. Речиси во историјата немало империја  која не се интересирала за балканот, почнувајќи од Римската империја, Британската, Австро-Унгарската, Царска Русија, Отоманската Империја, Германската империја, Советскиот сојуз и Америка. На сите овие импери Балканот  им бил важна политичка точка во нивната надворешна политика.                    
Имено на Балканот има една интересна работа  е тоа што влијанието на големите сили прават еден вид на крстопат.  Од северозапад влијае Германија, од исток Русија, од Југоисток турција, а од југ преку Грција делуват милитантнитге земји Велика Британија, Франција и Америка. Кога ова влијание или крстопат ќе се случи на Балканот од самиот притисок на балканот настанува пеколот, буре барутот.тогаш самите нации на балканот од самиот надворешен притисок, односно водени од интересите на големите сили само едни со други се судират.                                                                                                                 
Од тука нас ние разбирливо, зошто денес балканот гори? Зошто балканот е постојано дестабилизиран? Зошто и во ова современа доба балакнот е се уште стратешки важно за големите сили како некое шаховско поле , на кое големите сили ги одмеруват своите интереси? Бидејќи балканот е граница помеѓу исток и запад, порта која ја поврзува европа спрема исток. Таа порта или граница, потребно е да се контролира. Затоа е, и борбата на големите сили за балканскиот простор.                                                               
Единствен излез од ова ситуација на Балканот е осознавање на балакнските држави за нивната геостратешка и геополитичка позиција. Балканските држави, би требало да водат политика на неврзаност поради нивната геостратешка позиција. Во главном да водат политика која нема да бидат врзани за одреден блок, туку истовремено  и со сите политички блокови. Да имат соработка со исток и запад и искористување на предноста на својата геополитича позиција како раскрсница или гранциа помеѓу исток и запад.         
Значи државите кои се наоѓат на ваква географска и политичка позиција  мора да имат сериозна политика и мора да имат изграден одбрамбен механизам за одбрана во случај на тектонски пореметувања на таквиот геополитички простор како што е Балканот на кој секогаш кога нешто крупно се случувало во светски рамки Балканот бил прв тој што ги чуствувал како трусно и гранично подрачје помеѓу истокот и западот.                                                Е сега да поставиме прашање дали експертите во Македонија, го знат ли сето ова? Знат ли географски и геополитички каде им се наоѓа државата? Ако знат тогаш зошто нашите политичари водат политика која се сведува на реченицата „ Глеј на запад“ очигледно е дека не знат.                                                                                                                   
Македонија се наоѓа токму на раскрсница помеѓу истокот и западот, токму тоа ја прави значајна и ако е мала. Значи Македонија е гранично и трусно место. Од тука се знае зошто Македонија  била и се уште е значајно Шаховско поле во играта на големите сили. Тоа се гледа кристално јасно во она што денес ни се случува, а впрочем и сите овие работи кои денес ги доживуваме се должат токму поради нашата географска позиција.                   
Затоа и ние е потребно да водиме политика на сериозна држава, особено сега кога се раѓа нов светски поредок во кои по се изгледа дека големото влијание  ќе имат новите сили : Кина, Русија, Индија, Иран, Африканските држави и Латинска Америка. Додека Европската унија во меѓународната политика се повеќе ја губи кредибитилноста, во тој случај каде ние ќе се позицинираме, затоа нас ни треба да ја искористиме нашата позиција како граница помеѓу исток и запад.                                                                
Поради тоа нашата политика треба да биде политика на неврзаност,  политика на соработка со големите сили и блокови, а не уцапани како слуги во еден центар на моќ во кој ќе се крстиме како да е божество, како што тоа го правевме до сега со брисел и вашингтон, пред тоа со белград и москва.                                                                 
Втора работа токму ова позиција на Балканот и Македонија ни покажуват зошто на Американците им се толку важни Албанците, зошто ги избра албаницте како нивни партнери и сојузници. Бидејќи им се на список за користење на контролата на портата на европа спрема азија, односно граничниот премин. Се гледа дека преку албаницте сакат да ја користат мораваската, прешевската и вардарската долина, бидејќи овдека точно паѓа границата помеѓу исток и запад. Затоа и ги туркат за федерализација и кантонизација на Македонија, ги турката да ја барат прешевската долина од србите, значи да ја контролират граничната линија, поради тоа им се избрани албанците за нивни партнери.         
Поради сето ова време е да се освестиме и да водиме вистинска и сериозна политика која ќе и одговара на земја која се наоѓа на крстопат.

Мишко Ливрински-Кубрајт, Скопје.


( објавена во дневник 2017 година)


No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...