Во една прилика врвниот Амерички интелектуалец и Лингвист Ноам Чомски пред студентите на Хармоновиот институт за политика , кажа една битна и значајна работа, што е значајна за вистинското однесување на врвните интелекуталци и слободоумни луѓе: „ Секој интелектуалец може да избере дали ќе служи и ќе работи за доброто на општеството и за своите дела ќе биде одгооворен пред него или ќе одбере да служи на политиката што е во интерес на некој поединец или група.“ Овој исказ на Чомски треба да биде светла водилка за секој слообдоумен човек на планетава земја.
Токму за ова за кое зборува почитуваниот Чомски, мене ми било светла водилка вон текот на мојот триесет годишен живот. Моето согласување со мислењето на Чомски кореспондира со изгадувањето на моите христијански принципи за основани на Библијата, оттука секогаш во мојот живот сум се борел за тие мои јасни принципи за кои Чомски зборува.
Сега да се вратиме на темата за Името Македонија и Македонскиот народ станува збор, за Курто и Мурто, односно за ВМРО и СДС не ми е гајле! Молам ! Зошто? затоа што тоа се партии, а партијата не е исто што и државата. Државата е дом куќа и е поважна од партијата. Државата Македонија е мојата куќа и мојот дом и таа е поважна од секоја партија. Мојата куќа во овој момент е битна за мене, а не партиски или личен интерес.
Секогаш сум се залагал, да правиот и вистински интелектуалец, слободоумниот интелектуалец, никогаш да не биде зависен од некоја политичка партија или интересовна група, туку секогаш да биде независен интелектуалец. Може да се разбере интелектуалецот да биде член на одредена политичка партија, да ја пофалува и да подржува одредени нејзини политики кога се во склад со неговите принципи и со принципот за доброто на општеството, но не можам да разберам некој интелектуалец да биде слеп послушник на некоја политичка партија, слепо да се држи за неа, а нели интелекуталецот е оној кој се грижи за доброто на општеството, а не за некој свој личен интерес и теснопартиски интереси. Е токму во ова држава веќе триесет години ми се потврдува спротивното дека личните интереси и партиските интереси се над се, дури и од грижата за доброто на општеството.
Токму тоа е принципот на кој јас до сега сум се држел. И ако Сум член на ВМРО- ДПМНЕ, никогаш слепо не сум се држел за нивната политика ако сум сметал дека не е во согласност со принципот за општо добро на општеството. Затоа јас никогаш не сум бил близок со одредени политички личности, никогаш не сум одел по штабови, ниту пак сум се сликал, фотографирал со политички личности, ниту пак сакам да си дозволам да се случи нешто такво. Никогаш не сум гледал дека партијата треба да биде сервис преку која ќе треба да ги задоволам своите лични интереси, туку напротив секогаш сум ги гледал политичките партии како средство преку кои би можел да допринесам за подобрување и развојот на мојата држава и општеството во кое јас живеам.
Е сега да се вратам на партиве кои ми изиграват курто и мурто, односно за СДС и ВМРО. За СДС морам да признам дека веќе петанаесетина години , дека веќе таа партија не можам да ја сметам за политичка партија, ниту пак за левица, таа е све само не тоа што се преставува дека е! но зборот ми е за другава партија. Навистина како член на ВМРО не знам што се случува таму внатре во раковството на ВМРО. Но за разлика од СДС , ВМРО покажа дека има друг квалитет, а најмногу во интерес на националните интереси на овој народ како што се тоа против промена на името, Македонија име за севкупна употреба, тужбата против Грција, барањето за отварањето на прашањето на бегалците од беломорска Македонија, проектот Скопје 2014 и сл. Но не можам да разберам зошто сега кога на Македонија и е свиткана кичмата молчат, ученети ли се? така ми личи работата. јас лично не знам! но по се што се случува изгледа дека така е!
На крај да кажам дека веќе 31 година како живеам во ова држава, и курто и мурто биле на власт. Триесет години слушам само ветувања за подобар живот, подобра иднина, и никако тој живот да дојде, се мислам дека побрзо ќе отидам во бутел, во вечното почивалиште од колку да дочекам подобар живот. Што е спречено од внатре, од позиција, власт, опозиција, што од надворешен фактор, аман више животот ми пројде чекајќи, младоста ми пројде за да дочекаме подобар живот.
Секако дека има подобар живот за оние кои се послушници на власта, па ги гледаме тие истите се прешалтуват во ВМРО кога тој е на власт, па сега од ВМРО се прешалта во СДС, така е де! за послушни кучиња, бројлери, за оние кои се сликат во штабовите на лидерите, секогаш има подобар живот. За нас обичните смртници кои не сме послушни кучиња уште ќе го сонуваме подобриот живот. Тоа е тоа што мене ме уморува, искрено да ви признам. Уште нешто да си признам да не е во моментов потребата за спас на името Македонија и на Македонскиот народ, не би имал повеќе причина зошто да останам во ова држава. Јас кои во мојот живот сум се наоѓал во многу тешки ситуации не сум помислил да размислувам за напуштање на државата.
Имам чуство како со државава да владе една иста сила, една иста сенка. Имаме едни исти луѓе кои стално ги гледам се присутни во нашето општество. Јас не тврдам дека ВМРО е исто што и СДС, секако дека постои разлика помеѓу нив, но сметам дека најкрупна грешка на ВМРО производството на партиските војници, кое не може да се рече дека го немало во нивно време, исто како што и денес го има. Наместо да постои некоја нова вредност, постои членска книшка, изгледа дека јас сум единствен кои секогаш да речеме сум се злагал за вработување со принципот на знаењеи стручност, на ферски објавен конкурс, а не со членска книшка или протекции, или во последниве години беше актуелно дури четри месеци пред конкурсот да се знае кој ќе биде вработен на едно место.
За на крај кажувам дека изборот ми е Македонија и Македонскиот народ за тоа вреди да се борам, за да имам своја куќа и дом, политичките партии горе долу ни се исто и по ист шамблон функционират, разликата е во нијансите.
За крај мегафоните во која група после овој текст ќе ме сместат? прашувам за да си знам.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
No comments:
Post a Comment