МАКЕДОНЦИТЕ ВО
БИБЛИЈАТА ( трет дел)
автор : Денис Тенев, Скопје, 2005 година.
Македонија после Александар
Набргу потоа, како што кажало
пророштвото: “големиот рог му се скрши и
на тоа место му изникнаа четири, свртени спрема четирите ветра небесни”.[1]
Александар од недоволно разјаснети причини на 33г. умира во Вавилон. Неговото
царство е разделено на неговите четворица генерали (дијадосите), кои ги делат
освоените територии на четири дела. Па така, Касандар владеел со Македонија и
Ахаја (Елада), која патем речено, се осободила од Македонската доминација дури
после Македонско-Римските војни, кога после победата, Римјаните ги условиле
Македонците да не се мешаат во внатрешните работи на Ахајците. Понатаму,
Лизимах владеел со териториите на Мала Азија, Селеук со Сирија оснивајќи ја
сирско-македонската династија, а Птоломеј, оснивајќи ја династијата на
Птоломејадите, завладеал со Египет.
Ова било дословно исполнување на веќе
цитираното пророштво: “тој е здробен и
место него излегоа други четири: тоа се четирите царства што ќе се издигнат од
тој народ, но не со негова сила. Овде
ни е опишана разликата во начинот на владеење помеѓу Александар и неговите
наследници. Додека идејата на Александар да го обедини светот во една култура,
сакајќи на сите народи да им обезбеди поубав живот, неговите наследници го
разеделиле, војувајќи меѓусебно. Некои од тие владетели покажале тирански дух
безмилосно наметнувајќи им ја на другите народи својата култура и религија.
Типичен пример за тоа е Антиох Епифан, од династијата на Селеукидите, кој со
сила ја наметнувал својата култура на териториите на кои владеел, меѓу кои и
Израел. Во една прилика насилно влегол во Храмот во Ерусалим, убивајќи ги сите
свештеници и жртвувајќи свиња. Ваквиот однос на Антиох предизвикал огорченост и
постојани бунтови кај Евреите, кои под водство на Макабејците конечно и успеале
да се ослободат, но подоцна со доаѓањето на Римјаните, повторно ја загубиле
својата слобода.
Интересна е појавата на Птоломеј и
неговата династија. Тој владеел со Египет во градот Александрија[2].
Птоломеј овој град го претворил во светски интелектуален и културен центар.
Позната е Александриската библиотека (за жал подоцна уништена во пожар), каде
се собирани и складирани книги од целиот свет. Ваквата
тенденција и намера, морала да остави трага на светската мисла.
Јазикот на Македонците
Пред да
истражуваме за Македонците во Христијанската ера, важно е да го забележиме
јазикот и писмото кои биле во употреба за време на Александровото владеење а и
потоа. Тоа е јазикот “коине”, и благодарејќи на неговата широка
распространетост, христијанството брзо и лесно се раширило по целиот
цивилизиран свет. Околу овој јазик и писмо се искажани различни мислења, но
преовладува мислењето дека тоа е елински (Грчки)[3]. Ова се
зема како аргумент за да се докаже Елинската припадност на Македонците и тоа
дека Алексасндар го користел “коине” јазикот.
Ќе се потсетиме на гореспоменатите историски факти од кои се гледа дека
Елините не го разбирале Македонскиот јазик. А, прашањето на јазикот и писмото
“коине” со значење општ, заеднички, аргументирано е елаборирано во делото на А.
Шкокљев - С. Катин, Придонесот на
Македонија во светската цивилизација, 2004. од каде јасно се наметнува
мислата дека јазикот и писмото се “експортирани” од Македонија кон Ахаја и
пошироко[4] а не
обратно како што се тврди.
Сепак јас би сакал да ја провериме
уште еднаш тезата за наводната Елинска припадност на Македонците преку призмата
на користењето на “елинскиот” јазик и писмо. За одговор си ги поставуваме
следниве прашања: Дали користењето на одреден јазик и писмо секогаш е знак на
етничка припадност? Секако дека не, затоа што тогаш сите народи кои го користат
латинското писмо би требало да ги нарекуваме Римјани. Дали ако присвоиме нечија
култура значи и дека сме ја присвоиле и етничката припадност на таа култура?[5]
Па секако дека не, инаку половина од светот би требало да се нарекуваат
Американци затоа што носат фармерки.
Почетоците на писмото не ни се
откриени во Библијата, но јазикот и неговата употреба се спомнати во 1Мојсеева
11,1-9. Текстот вели: “По целата земја
имаше еден јазик и еден говор...” После потопот, луѓето имале еден ист
јазик и говор[6].
Но, нивната намера да создадат град и кула која ќе биде “висока до небото” имала длабока рефлексија до денес. Имено,
Библијата го нарекува вавилонско[7]
учењето кое претполага сами, на свој начин да го достигнеме “небото”
(спасението, духовниот живот), наспроти Божјето ветување кое вели дека “небото”
(духовните достигнувања) ќе го добиеме како дар од Бога[8].
Заради таквите побуди на луѓето, Бог
ја осуетил нивната намера со тоа што им го “збркал” јазикот, па оттогаш дошло
до појава на разни јазици. Ако се вратиме за миг на веќе цитираната родословна
таблица од 1Мојсеева 10 глава ќе се сретнеме со следново: “Од нив се разгранаа острови на народи во земјите нивни, секој според
јазикот свој, според родот свој, и народот свој.”
Ова логично не наведува на заклучок
дека народите во меѓусебното комуницирање во текот на историјата што следела
потоа, морале да пронајдат заедничко средство за комуникација, бидејќи јазично
не можеле лесно да се разберат. Така дошло до појавата на пишана форма на
комуницирање. Исто така и кај еден ист народ се појавила потреба од пишана
форма на евидентирање и документирање на нештата. Нема сигурни докази за тоа
кој го измислил писмото, но општо е прифатено дека до ширење на пишаната форма
на комуницирање се заслужни Фениќаните.[9]
Фениќаните биле поморски трговски
народ и биле во постојани врски со исто така околните поморски народи, но и со
своите соседи на копното како на пример Евреите. Се смета дека имале комуникации
со Африка, каде го основале градот Картагина, потоа со денешна Шпанија, а секако и со Елините кои исто така
имале свои колонии и тргувале со околните народи па и со самите Фениќани,
посебно со градот Biblos, од каде набавувале папирус, па затоа е од таму зборот
biblion со значење книга. Фениќаните, писмото го рашириле на сите народи со кои
доаѓале во контакт. Веројатно е дека на тој начин била олеснета комуникацијата
и евидентирањето на трговските трансакции кои ги вршеле. Дека е тоа така ни
сведочат еврејското[10]
писмо и “коине” писмото, па затоа ќе споредиме некои букви на
фениќиско/еврејското со “коине” (грчкото) писмо.
Alef-alfa
Bet-beta
Gimel-gama
Dalet-delta
Zajin-zeta
Het-eta
Tet-teta
Tav-tau
Jod-jota
Kaf-kapa
Lamed-lambda
Mem-mi
Nun-ni
Pe-pi
Reš-ro
Од ова се гледа дека народите си
влијаеле еден на друг[11].
А тоа ни сведочи и не води на заклучок дека без оглед на тоа кој на кого му
го “позајмил” писмото, Александар
користел цивилизациско достигнување
за своите походи а не нечиј национален
производ. Со оглед на сознанијата дека намерата била да се создаде една
држава на сите народи, совршено се вклопила идеата за еден јазик кој би се
користел во неа. Па така, ако денес користам Sony notebook, компјутер не значи
дека сум Јапонец, исто така ако возам Peugeot автомобил, секако дека со тоа не
сум станал Французин.
Со ова никако не сакам да го зголемам
недоразбирањето меѓу Р. Грција и Р. Македонија. Напротив, сакам да укажам на
една небулоза, бидејќи смешно е што и двете страни се повикуваат на иста
личност - Александар Македонски.- најголемиот космополит на светот. А згора на се, делиме иста Христијанска вера,
која има за цел да ги обедини луѓето во Христа[12]
а не да го разедини.
[1] Данило 8, 8.
[2] Александар основал 32 градови со име Александрија. А. Шкокљев - С. Катин,
146.
[3] Како и да е овој јазик и писмо веќе бил во широка употреба и кај другите
народи и пред освојувањата на Александар. Н.Проева, Историја на Аргеадите, 78.
[5] Познати од историјата ни се примери кога еден народ превзема култура од
друг, на пр. Персијците кога ја покориле Вавилонската империја, не го
наметнакле своето писмо и култура туку ги задржале Вавилонските
[6] Најновите научни истражувања (Savalli-Sforza 1991) покажуваат дека сите
јазици во светот потекнуваат од единствен предок и единствен говор... А.
Шкокљев - С. Катин, 110.
[7] Името може да има значење”збрка, мешање” (бабал, бабилу) , но може исто
така да означува и “Божја врата” (Бабел), П. Златески, С. Катин, Библиски Речник, 28.
[8] Види Посланието до Римјаните
[9] The Times, Biblijski Atlas, 94-95
[10] Евресјкиот алфабет е сличен со фениќискиот
[11] И елинското писмо во почетокот ги користел само консонантите и се пишувало
од лево кон десно како кај еврејското писмо Ž. Stanojević, O jeziku Srba i Jevreja, 32
[12] “ Нема разлика меќу Јудеец и Елин, зошто еден и ист е Господ на сите...”
Посланието до Римјаните 10,12.
No comments:
Post a Comment