Friday, June 29, 2018

  Наезда на Неолиберално- Фашистичка окупација



Во услови на неолиберална и фашистичка окупација на Македонија, во која окупаторот и неолибералистите барат да се самоукинем, односно да престанеме да постоимен како нација и држава. Ова недела добивме некоја условна препорака за влез во ЕУ, односно отварање на преговорите во 2019 година. И ако пред тоа Еу се изјасни дека до 2030 година, Македонија и БиХ немат никакви шанси за влез во дрштвото на бирократијата ЕУ, освен србија која условно  би можела да влезе во ЕУ до 2025 година.
И овдека за нас се отварат многу прашања и се барат многу одговори. Зошто Македонија сега треба да го смени името, а да влезе во ЕУ во 2030 година? Зошто само Македонија и БиХ последни влегуват во 2030 година? Зошто  Србија е пред нас условно до 2025 година?
Сметаме дека сето ова не е случајно, туку се работи за геостратешка и геополитичка игра на големите сили.  Имено, ако се навратиме назад во историјата, токму таму и би можеле да најдеме одговор. Многу пати сме констатирале дека при распадот на СФРЈ , Македонија како и БиХ не беа планирани како држави, туку беа планирани како дел на Србија во некаква си мини Југославија.  Конкретно, Македонија  во сите планови беше ставена како составен дел на Србија или остаток на Југославија, За БиХ постоеа неколку варијанти како дел на Хрватска или дела на Србија или пак поделена помеѓу овие две држави. И не за џабе овие две држави излегоа од Југославија со тешки услови, внатрешни поделби, расцепи внатре на општеството, и на двете држави им сместија нагазни мини така наречените  Дејтонски и Охридски мировни договори.
Треба да се знае дека сето ова, го има планирано Збигњев Бежижински креаторот на Американската политика и член, основач на трилатералната комисија. Подоцна институтот и Фондацијата Карнеги и Аспен излегоа со тезата дека Македонија и Босна се одвишок држави на Балканот и за траен мир е најдобро тие да се поделат помеѓу големите играчи на Балканов. А во последно време сведоци сме дека вакви пораки ни стигат дирекно од Лондон.
Се станува јасно кога се знае геостратегиската и геополитичката положба на Балканот во политиката на големите сили. Имено, Балканов преставува еден вид на Балкански крстопат од Северозапад делува Германија, од Исток делува Русија, од југоисток делуват муслиманските земји преку Турција, а од Југ преку Грција делуват Милитантните земји Британија, Франција и Америка, во тој случај настанува триење на Балканов, колку е поголемо влијанијето на овие земји толку поголем е хаосот на Балканов.
Конкретно БиХ е значајна точка во Северозападниот дел на Балканов, точка од која се контролира Јадранското приморје и Поддунавјето, тоа е, и причината за судирот помеѓу Хрватската и Српската политика, имено кој владе со БиХ го контролира Подунљавјето и Јадранот. Станува јасно зошто БиХ е распарчена на три дела, станува јасно зошто Брчко е под контрола на меѓународната заедница, бидејќи е точка од која се контролира патот Запад-Исток и Поддунавјето.
На Југот пак Македонија е точка преку која се вкрстуват патиштата Исток-Запад, Север-Југ, Вардарската долина се поврзува со Моравската долина на север преку дунав се поврзува со Западна и Средна Европа. Ова положба Македонија ја прави точка на ротација на патиштата и порта за поврзување на Западот со Истокот. Конкретно, освен ова преку Македонија може да се контролира јужната точка Егејското приморје, Западната точка Јадранското приморје и како што рековме Вардарско-Моравската долина, односно континенталните патишта.
Американската политика е копија на Британската политика која се заосноваше за контрола и воладење на приморските патишта и морињата. Нејзината желба за владење со Средоземјето ја дава причината зошто Балканот е во фокусот на нејзината политика.
За сега Хрватска е таа што го има приматот во контрола на Јадранот, ами Хрватска не е секогаш послушна земја, кај голем број од Хрватите владе Антиамериканска и Анти ЕУ хистерија. Поради тоа на Американците им е потребен друг играч, за таа цел како што сите знаеме се избрани Албанците. Создавањето на Голема Албанија, иде во една таква прилика за контрола на Јадранското приморје и Вардарската долина, на тој начин Америка воспоставува контрола на двете точки, приморска и копнена контрола на Балканот. Хрватска се истиснува од Јадранската обала, го губи својот примат во контролата на јадранското приморје.
Тоа е тој план што според нас ќе го гледаме до 2030 година, поделба на Македонија помеѓу Албанија и Бугарија и поделба на БиХ помеѓу Србија и Хрватска, тоа веќе неколку пати ни го соопшти Лондон, значи план кој веќе е ставен на маса. Поради ова геополитичка игра Македонија како и БиХ се ставени за последниот воз во 2030 година, секако надевајќи се дека нивното исчезнување до 2030 година ќе се реализира.
Поради тоа ни се ставени како замав Албанците, преку нив како послушници спрема Западот сакат да се истиснат Македонците и да се прикаже дека немат  врска со Антиката, дека ние сме дојдени од задкарпатите, со тоа што сме дојдени немаме примат на територијава Македонија. Со прикажувањето на Албанците дека биле древен народ од Антиката сакат да постигнат да им ја земат територијата на Македонците од нивни раце, за да би можел западот преку нив како послушнции да владее со територијава. Значи работите со Тиранската платформа, законот за втор службен јазик, Закон за геноцид  врз Албанците во втората светска војна, со сето тоа сака да се постигне целта да се прикажат Албанците како староседелски народ на кој дојденците Словени му ја одзеле територијата, а всушност се работи за владење на просторов од страна на Западот преку неговите послушници Албанци.
Македонија не само што во моментов е обезглавена, туку со Преспанскиот договор се поставува уште една работа, се поставува кочница или нефункционалност на институците на државата, чим се закочи државата не функционира ќе се постави прашањето за тоа дали Македонија како нефункционална држава воопште ќе треба да постои. Ова е совршен план за Евтаназија, односно да се самоубиеме, се се вклопува според нивниот план.
Балканот е веќе под окупација на неолибералните и фашистичките западни сили. Освен контролата на портата спрема исток, секако Балканот им е, и во фокусот за природни богаства( особено длабоките води чије богаство се проценува како огромно за наредните 1500 години), ефтината работна сила и сл. Балканот за западот преставува штит за западот од истокот, Балканот накратко треба да биде жртвеното јагне за заштита на западот од истокот.
Ваквата наша судбина на крај сепак зависи од нас самите, ако тоа ние им го дозволиме. би требало да бидеме луди да тоа го гледаме пред нашите очи а ништо да не превземеме за да го спречиме.

Мишко Македонски Ливрински

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...