Tuesday, June 26, 2018

  ФАШИСТИЧКИ ПРЕДЛОГ



Сведоци сме на операција која започна за разградување  на Македонската држава и Македонската нација за конечно нејзино уништување. Носители на овој проект се нашите Североатлански пријатели ЕУ и НАТО преку нивната творба Грција. Целта се знае ствање на крај на Македонската држава и нација.                      

Операцијата е логистички Македонската нација  самата себе си да се уништи, односно да престане да постои, поради тоа и, е фрлена топката на нас да потпишеме за да самите се самоубиеме. Со така наречениот Преспански договор  со кои се прекрстивме во “ Република Северна Македонија“ не само што се бришеме еднаш засекогаш како Македонска нација, туку од организирана држава стануваме во територија  како Палестина, Босна, Афричките држави, Сахара, Северните области и др. Организираните  држави и републики имат свои нации кои се носители на суверенитетот и интергритетот, Со овој  договор ние стануваме, односно прифаќаме да станеме територија со племенско уредување, она што е запишано во членот 7 од договорот дека сме територија без историја и афтентичен народ со свој јазик и посебност.    

Овој Договор е феноменален експремент за тоа како да се постане од слободна и независна држава  во вазалска  и поодредена држава, токму со овој договор ние постануваме вазалска држава спрема Западот и Грција, така како што и напиша во една анализа Германскиот престижен весник Шпигел дека Македонија со овој договор станува вазалски поодредена држава., со  тоа што од Македонија се бара да се откаже од све што има во замена за влез во интегративните процеси.                                                                                                                

Значи Македонија пребришува све име, историја, нација, јазик, со договорот доброволно се откажува од своето античко минато и археологија. Да се бара сето ова од една држава или нација е фашистичка преверзија. Грција заедно со нејзините Европски партнери го имат диктатот тие ќе ни кажуват како треба да се осеќаме, како треба да мислиме, како треба да учиме и толкуваме историја, со кои споменции и личности  и споменици од нашето минато треба да се идентификуваме, ако воопшто ни дозволат со некого да имаме идентификација, бидејќи чисто се сомневам  ако Грција ја присвои античката историја, тогаш сигурно Бугарија ја превзема историјата од 6 век до 1945 година, што е постигнато со договорот со Бугарија за добро соседство.                                                                                                                                    
Со сето ова се сака Македонците да се прогласат за остаток од Бугарската нација или за нешто како помеѓу Бугарите и Србите која запрво треба да се именува.  Да постанеме како Ромите  без сопствена држава,  да шетаме од една во друга држава, бидејќи на тој начин нема на никого да сметаме, нема кого да потсеќаме на Берлинскиот конгрес, на 1903, на 1913, на 1918, 1946, години кога Европјаните ги направија своите гревови спрема нас.                                                
И сето ова се случува во 21 век, во Модерната Европа во која се бара еден народ и држава да се самоукинат, сето ова покажува дека Вавилонската ороспија, денеска наречена како ЕУ, која лажно се преставува како слободарска заедница, демократска заедница која се грижи за слободите и правата  на народите и наците на нејзината почва.                                                    

А што е со нашиот случај? а што  е со правото на самоопределување кое по сето ова што ни се случува изгледа е укинато и не важи за Македонците, тоа е слободарско и демократско право или пакн чист Фашизам? Барањето да се укинеме како народ и држава  е Фашистичко барање кое го немало во историјата на човештвото од настанокото на светот па се до денешен ден.

Мишко Македонски Ливрински.

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...