Sunday, November 20, 2022

ЛУЛКАТА НА ВОЛКОТ

Таман си рекол дека ќе земеш воздивха, дека во 21 век човекот нешто научил дека барем има некакво однесување или незнам што! Кога на крајот на денот ја гледаш најголемата човечка гнаса. Се чудам мори мајко како во 21 век кога човештвото технолошки е најнапредно, демек човекот е најобразован, а всушност обратно е!. Драги мои во овој 21 век човекот морално најмногу падна, а образовно има формални дипломи, што правниците би рекле формално - правно за пред суд за ништо повеќе.         

 Image

 Кога човекот не во состојба да чита или незнае да чита, тоа ти кажува до каде ние стигнат образовниот систем. Кога мислам на читање не мислам само на букви и азбука, туку и на однесување на човекот, читање е и некои сликар кога ќе ви наслика слика да умеете да сфатите што порака авторот сака да ви прати. Кога читате роман или поезија исто така треба да разберете каква порака авторот сака да ви прати, кога гледате филм исто така, треба да разберете од секоја секвенца што порака авторот сака да ви прати, композиторот преку својата симфонија исто така ви праќа одредена порака која треба да се разбере.                                                                                
Да прашам јас го прочитал ли некој Волкот? Знае ли некој какво однесување има и какво е неговото значење. Секако дека ако некој знае ќе го применеш до сега. Волците се лојални до смрта, со силно чуство за посветен фамилијарен живот, притоа задржувајќи ја својата инвидувалност. Нивните малечки уште од првите неколку недели доживотно се поврзуваат за останатите од групата и многу тешко ја доживуваат подоцнежната разделба со нив. Волците се многу верни суштества се врзуваат за еден партнер целиот свој живот. Волкот има природна одбивност кон насилство, пред да посегнат кон борба, се обидуваат да ги решат проблемите со гневен подорен контакт со очите кој има за цел да го избрка натрапникот од територијата има случаеви во кои еден волк прекинува борба помеѓу двајца волци. Единствено кога треба да ги заштитата своите блиски тогаш покажуваат агресивност. Втората генерација на волции мора да се грижи за следната генерација на волции, тоа значи дека волците од првата генерација во чопорот ловат храна за втората генерација на волции, тие се должни да се грижат за нив. Што е најважно волкот не се умилкува на човекот или на некој газда како кучето за да добие парче леб или некоја привилегија. Тој не игра во циркус како лавот или тигарот не прави од себе будала. 
Пред нас имаме пес односно куче и волк вие почитувани читатели одберерте која улога ќе ја одберете дали ќе бидете волк или пес, тоа зависи од вас драги мои!. Јас знам за себе си дека Волчица ме родила во мојата лулка ги ставила токму особините кој што ги има волкот. Волкот ме учеше да чекорам и да се борам низ живото горд сум на тоа. Ја сакам дивината како и волкот. 
Верен сум како волкот. Се уште никој неможе да ме скроти, како што ниеден ловец не може да го скроти волкот. На секое место каде што сум работел сум се грижел работата и вработените да функционираме како тим како да сме чопор од волци. Верен сум на работодавачот и никогаш не му се умилкувам како пес за да добијам некоај награда или поен. Знам кога треба да прашам, кога треба да зборувам, но и кога треба да викнам. Знам кога сум работел во Хотел Елса кога целиот хотел беше оставен на мојот грб и рецепцја, ресторан, кујна. Затоа го повикувам како сведок Господин Сашо Станинов како сопоственик на хотелот и бивши директор на УЈП. Слободно нека се јави и нека каже дали имало некоја кражба, оштета или некаков проблем  со кои јас сум му наштетил лично него и на неговата фирма, знам дека не! затоа што не би ме викал од годишен одмор пошто немал со кого да работи како што треба освен со мене. Знам и во сите такси компани во кои работев газдите плачеа кога ќе им дадев отказ пошто не можеа да најдат поодговорна личност за работа, а притоа глас да не и се чуе. Се сеќавам како денес  кога годинава на први септември му реков на газдата на книжарата ИКОНА, Господин Сашо Кузмановски,  дека повеќе нема да работам кај него, го одбив поради сегашното работно место. Човекот се утепа од плачење и молејќи ме да останам кај него да работам, само што на колена не ми клекна. Знаат за мојата одговорност многу добро, ја знат таа особина дека целата работа можат да ми ја препуштат без проблем и дека можат мирно да спијат. Не велам дека јас не правам грешки и не ги кријам од никого, што секогаш било плус за мене!. Нормално е човек додека работи да направи грешки, така и учи, но ненормално за мене да не си ги признава грешките. 
Во една реченица почтувани читатели сакам да ви кажам се зависи од карактерот и воспитувањето, образование што вашето семејство ви го пружило. јас знам што мојата мајка во мојата лулка внела кога ме родила. Исто и она што волчицата во својата лукал го внела. Сам сум чекорел како волк низ песови борејќи се и на тоа сум горд!. А сум можел да бидам пес и да им се умилкувам на сите и така да стекнам многу повеќе од тоа што денес имам! Свесно го избрав потешкиот пат и не се кам за тоа. Секој од нас има право да си го избере својот пат.
На крај да се осврнам на образованио ситем кој ние катастрофа и со генерации не произведува кадар со функционален мозок, туку кадар со формално -правно стекнати дипломи. Еми со таков кадар не можеме да градиме ниту држава, ниту политика, ниту да имаме добри менаџери, ниту правници, како што гледате немаме ниту добри судии, ниту пак професори на факултет. Со испит од скрипта од 20 страни за полгање не може да произведе кадар со функционален мозок, тоа се постигнува со постојно секојдневно читање, учење, анализирање. 
Сега е јасно зошто волкот е толку омрзен од човекот. Не затоа што му го јаде јагнето, напротив токму заради особините кој тој ги има. Јасно е зошто и луѓето кои ги имаме тие особини сме омразени од светот и низ историјата ги имало многу Исус Христос, Мартин Лутер, Че Гевара, Боливар И.Т.Н.
За крај како што сите гледаме дека човештвото ни иде во пекол, семејството и општеството ни се распаѓат на сите страни. Време е да погледнеме во дивината во лулката на волкот. Таму ќе видиме све! И како се гради семејство и како се одржува врска, како се гради дом, општество, однесување и свеостанато што ни е потребно за да преживеме како луѓе. 
Погледнет во волкот со неговото однесување има што тој да ви каже. 

Мишко Ливрински, Скопје, Македонија 

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...