Saturday, August 1, 2020

кое наследство ќе им го оставиме на идните генерации

КОЕ НАСЛЕДСТВО ЌЕ ИМ ГО ОСТАВИМЕ НА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ



Во пресрет на големиот Македонски празник Илинден и АСНОМ 2- август со  кои е крунисана Македонската република, и овој пат  како и секоја година ќе се изнаслушаме на најразлични фрази за нашата историја, дека сме го исполниле сонот на нашите предции, а всушност се е спротивно, а навистина не знам со кое лице ќе  се појават нашите квислиншки политичари годинава на мечки камен  кога сето она за што се бореше илинденската генерација како и асномската генерација  е веќе распродадено или се спрема да се распродаде. Све е на распродажба и Илинден и АСНОМ. Затоа во пресрет на празникот Илинден и денот на АСНОМ се прашувам што ли во наследство ќе им оставиме на идните генерации. НАТО и ЕУ ли ќе им ги оставиме во наследство ? Па нашиоте минати генерации  не ни го оставија во наследство ЕУ и НАТО, Туку во наследство ни оставија историја,јазик, традиција, фолкор,  афтентична наша култура и ние од сето тоа се откажавме за НАТО и ЕУ.
Image
НАТО и ЕУ се поважни од се ! Еднаш рече Хавиер Солана. Мене страшно ме интересира како овие наши денешни политчари слуги на современиот фашизам ќе се оправдаат пред минатите генерации и пред судот на идните генерации. Како тоа сме се откажале од све што имаме и сме добиле од минатите генерации во име на НАТО и ЕУ. Тоа вие исто како да се откажете од наследство од милон долари  кои ви го оставил вашиот татко.  Нормален човек, здраво разумски човек не може тоа да го поими.
Јас можам да разберам човек како поединец, инвидуда ако сака има право да го смени сопствениот идентитет или сопствената религија ,Но тој човек што ќе го прифати тоа нема право и не може да го смени идентитетот на својата покојна баба, на својата жива мајка, на својот не роден син или внук нема право да им го смени сопствениот идентитет. Ова што на нас Македонците ни се прави како колективитет да се уништи Македонскиот народ, што не подразбра да се уништи само ова генерација на живи Македонции, туку и оние кои што претходно живееле и оние кои што допрва ќе се родат од старт им се забранува правото да бидат Македонции. Пара екселанс процес на геноцид врз еден народ за кои многу пати сме кажале дека е аналоген со хитлеровиот геноцид врз Евреите. Дури и пострашен со тоа што Евреите се сакаше физички  да се ликвидират како такви, а нашето е уште пострашно те терат физички да живееш, а да не бидеш тоа што си! Тоа што се чуствуваш!. Ако тоа име е мотото на нашите политичари за ово годишниот Илинден и АСНОМ молам! нека го кажат јасно и гласно тоа!за да си знаеме. Бидејќи досегашните нивни постапки и стапки покажуваат дека тие се согласуваат со овој фашистички процес.
Најдобро е за нашите политичари, бидејќи остана и сакат да живеат без идентитет, историја, без сеќавање ( празниците се сеќавање на нешто што се случило), сакат да живеат од денес за утре, без да размислуваат за иднината, не сакат да фрлат око на минатото за да би ја виделе сопствената иднина. за нив е најдобро самите да си најдат празници за својот нов северџански идентитет. Да речеме ден на ЕУ, ден на НАТО, ден на хомосексуалите, ден на лезбејките, ден на фашизамот, ден на Гебелс И.Т.Н. за да престанат да ги оскрвенуваат нашите празници. затоа што имам чуство дека од година во година со нашите државни празници се прави мајтап. Поради таа причина им предлагам самите да си најдат свој празник ( да си измислат) да си го скревниваат и да се мајтапат со него колку што им душа сака. По што се северџани не им доликува да ги слават нашите Македонски празници.
Ние Македонците ќе си ги славиме нашите празници Илинден и АСНОМ како што на нас ни доликува со достоинство. Ние Македонците знаме што значат тие за нас. Со Илинденското востание е прогласена првата република! Крушевска република не само на Балканот туку и во Европа после пропаста на француската комуна. Со АСНОМ, Македонците добија своја држава и република, процес кој беше започнат со крушевската република. Тоа е причината поради која ние ги славиме и чествуваме овие два празника. Тоа е нашиот дух и тоа не го правиме од лицемерије како северџаните, затоа северџани најдете си свои празници кој ќе го одразуват вашиот нов северџански идентитет и во тие празници нека пишува дека за грст подобар живот дека сте го продале своето сопоствено минато и сте ја прокоцкале својата иднина. 

Нека е за многу години Илинден и АСНОМ.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...