Не е проблем во идеологијата или сакањето! Туку проблемот е што не препознават дека фашизамот веќе во изминативе години силно удираше на врата секаде во светот. Нели барањето Македонија и македонскиот народ да се самоубие е исто како и Хитлеровото барање да се уништата Евреите! Па зарем дечки не сфаќате дека тоа е фашизам. Без обзир дали тоа го бара Грција,Бугарија, Еу или Америка и некоја африканска земја истот да го бара пак ќе биде фашизам.
Помина веќе три месеци од кога тужбата против поранешната криминалан дипстејт група во Америка е поднесена. Кај нас ниту вест, ниту пак некој се занимава, ниту пак некој знае за што станува збор. Освен неколку новинари и портали што има доблест да проговорат за неа. Официјалните менстрим новинари и медиуми преќутеа! Молчешким како да не се работи за нешто важно.
А всушност тужбата поднесена на 26.02.2020 година е тужба која треба да го ослободи светот од глобалистите и господарите преку кои преку нивниот фашистички начин сака да владеат со светот. Па така тужбата се поеќе се шири! Се отвара пандорината кутија. Случајот Обамагејт се повеќе се шири, па стигнавме до негова разврска во Италија и Украина. Прашање кое сега за нас е значајно што станува со нашот случај Македонијагејт. Едно за нас е значајно штом почнува да се одмотува копчето за Џо Бајден и вмешаноста на администрацијата на Обама со Италија и Украина, лесно може да се дојде до нашиот случај Македонијагејт.
Колку за потсетување да напоменеме дека Италија беше вмешана во Куртон Револуцијата (Шарена револуција) и бомбите на заев. Исто така да напоменеме дека Италија беше вклучена и во случајот големото уво од 2001 година. Италија е земјата која е заштитен чадор на зоран верушевски. Не за џабе бомбите за рекет доаѓа од Италија, односно беа објавувани во италјанскиот весник Лариса, се знае од каде се! од Верушевски. Барак Обама преку Џо Бајден како негов посредник инсистираше македонската страна на чело со Никола Груевски уште во 2011 година да го прифати името Севернамакедонија. Одбивањето на овој предлог од македонска страна, Никола Груевски го кошташе пад на неговата влада. Така започна куртон револуцијата и започна кашлицата во која денес се наоѓаме.
Македонијагејт треба да ги опфати следниве работи, за кои македонската страна треба да ја тужи глобалфашистичката структура. Тоа се следниве работи:
1. Насилна промена на името, идентитетот и јазикот на македонскиот народ;
2. Наметнување на бугарска и тиранска платформа; наметнување на двојазичност во целата држава;
3. Организирање на шарена куртон револуција и не законски прислушкувани разговори, не законско пуштање на бомби во јавноста;
4. Мешање на американскиот амбасадор Џес Бејли во македонски избори, во донесување на закони и други внатрешни работи на државата Македонија;
5. Наметнување на пржински договор;
6. Инцирање на различни судири по линија на Македонци-Албанци; Инцирање на различни верски судири со цел поделба на македонското општество;
7. Фингирање на меѓуетничка војна во 2001 година;
8. Насилно наметнување на ганстерскиот рамковен договор и територијалната поделба во 2004 година, фингирање на лажен попис;
9.Стимулирање на луѓе со антимакедонски ставови преку најразлични организаци како институтот отворено општество кои ќе работата против интересите на Македонија и македонскиот народ;
10. Амнестија на хашките случаи;
11. Наметнување на албанската испостава ДУИ во македонските влади која преставува организација на терористичката УЧК како единствена албанска партија во Македонија.
До сега ниту власта, ниту пак опозицијата се изјасни дека ќе поведе некаква постапка по горенаведените работи, сега кога во Америка се отклопува копчето против корумпираната и фашистичка дипстејт. Од власта не може ништо да се очекува, бидејќи се нивни марионети. Но опозицијата ВМРО-ДПМНЕ која беше насилно симната од власт со куртон револуција од страна на оптужената фашистичка групација. Наместо таа партија прва да се крене, да го крене својот глас и да проговри за се што овие људаци го направија во последните дваесет години, и да излезат како сведоци, тие си ќутата, дури не ги ни интересира.
Јас можам све да разберам и идеологија и све останато! Еве ако некој сака мене идеолошки да ме оптужи! Јас имам повеќе врска со Американците, него со Русите, така сум од младоста идеолошки врзан ( Тоа не значи дека ги мразам Русите и Русија, туку напротив ги почитувам Русите и Русија како народ и држава), но треба да се има здрав ум и да се направи разлика из меѓу себе си и нив. Јас никогаш не сум ги подржувал нивните политики, ниту пак сум го оправдувал она што тие го правеа низ целиот свет во последниве триесетина години, ни една војна не сум ја подржал што ја правеле, најмногу она што го правеа на мојата родена држава Македонија. Тоа може да се виде од моите многу текстови кои се напишани од моја страна против нивната политика. Комплетно се согласувам за сето она што се осудени во тужбата поднесена од 26.02.2020 година, а подржана од Трамп. Јас не ја подржувам она фашистичка Америка која не е она Америка која јас што ја сакам и ја знам! Ова Америка каква што беше до сега се оградувам, а гледам и сопствениот американски народ се оградува веќе. Епа дечки јас фашизам не можам да подржам.
Не е проблем во идеологијата или сакањето! Туку проблемот е што не препознават дека фашизамот веќе во изминативе години силно удираше на врата секаде во светот. Нели барањето Македонија и македонскиот народ да се самоубие е исто како и Хитлеровото барање да се уништата Евреите! Па зарем дечки не сфаќате дека тоа е фашизам. Без обзир дали тоа го бара Грција,Бугарија, Еу или Америка и некоја африканска земја истот да го бара пак ќе биде фашизам.
Сега за сега нашиот проблем е што немаме субјект кој што ќе застане зад Македонија и тужбата која е поднесена во Америка ќе биде надополнета со македонскиот случај. за сега само политичката партија РОДИНА јавно реагираше и бараше Џо Бајден и Обама да се испитат за македонскиот случај. Се надеваме дека во иднина ќе се појави некоја партија, организација или некое македонско лице со авторитет кој ќе го исконтактира со Сајрус А. Парса и АИО организаијата ПРО СЕ, за да тужбата биде надополнета со Македонскиот случај. Додека тоа се случи спијте ми спокојно! И знајете дека фашизмот е веќе поразен, бидејќи со него не се ни разговара и не се преговара. Македонија и Македонскиот народ на идното судење на неофашистите ќе биде еден од сведоците. До тогаш бидете ми со здравје.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
No comments:
Post a Comment