Monday, February 24, 2020

ЧЕ СИ ЛЕЖИТЕ 



Че си лежите често спомнувана реченица за време на шарената револуција како закана за противникот кој тогаш требаше да се симне од власта. И сега од страна на опозицијата можеме да ја слушнеме истата реченица че си лежите како закана спрема инталираната фашистичко окупаторска власт кои тие ја прогласија за легитимна. Во реалноста дали навистина че си лежите? или само тоа е фраза на заплошување или изразување на револт спрема власта? Може да се види од шарената револуција дека беше користена таа фраза како закана спрема тогашната власт, но од лежењето нема ништо и ако постоеа закони спрема тогашната власт ни една крупна риба како мијалков не заврши во затвор туку напротив само некои ситни риби завршија во затвор или се во процес на судење. 

Прашањето е дали и овој пат че си лежите ќе се оствари или пак ќе остане само обична фраза и само ситните риби од сегашнава фашистичка власт ќе завршат во затвор додека главните риби кои ја доведоа до ова дериџе државава ќе си останат на слобода. Тоа веќе и се постигнува веќе со политичка разрешница на бомбите наместо со правна разрешница и судски процес. Станува јасно дека целта на бомбите на црпкана муртинска беше рушење на претходната легална власт како што и сите знаевме, како и за користење на уцени на пратеници за гласање и купување на пратеници. Секако црпката муртинска се надеваше на политичка разрешница со анкетна комисија на случајот пуч, а не правна и судска разрешница како и што би требало.
Системот на курто и мурто е таков што и овој пат само некој од фашистичкава власт некоја ситна риба ќе заврши во затвор, додека несреќава ќе остане на власт бидете сигурни во тоа! Системот на курто и мурто им го овозможува тоа. Затоа и тој беспрекорно функционира сите овие триесет години и опишан во реченицата Ти мене војводе ја тебе сердаре! Или како што народот кажува народот ти мене јас тебе. Така се ќе заврши.
Сега да се освранм на програмата преродба на Македонија на ДПМНЕ која е преродба на Македонија, но во некоја друга смисла како градење на школи за кои веќе нема деца да учат, спортски сали за кои нема повеќе деца да учат, поефтини авиобилети за еден правец за да можат сите да се иселат. А за основите на кои почива една држава нема ни збор. 
Еве во што би требала да се состои преродба на една држава:
- враќање на уставнот име на државата;
- раскинување на страмните договори со Грција, Бугарија, Тиранска платформа, Пржински договор;
- одржување на уставотворно собрание и создавање на нова македонска држава;
- раскинување на рамковниот договор и територијална поделба на македонија;
- менување на правецот на политиката во меѓународните односи ( на приемер прогласување на неутралност на државата);
- раширување на играта со името во меѓународната игра и нејзино држење во фокусот на јавноста;
- остварување на соработка со сите добронамерни држави и народи од сите страни на светот;
- Средување на работите на домашен терен, менување на свеста на народот;
- Јавната Администрација треба да работи за народот да биде слуга на народот од кои треба да се плашат како нивни странки, а не ние народот кога треба да ни се средат нашите работи  во институтиците се плашиме од нив дали некоја работа ќе ни ја средат.
- одржување на попис на населението. 
Моето прашање зашто нема ниту една работа од набројаниве на агендата на ДПМНЕ не ли тие се македонска партија и чувари на Македонија. Само за власт е работата. Се останато не е битно.
Така да јас ќе си гласам за партија која ќе ми ги вети сите овие горе набројани точки. За сега единствена партија која ми ги гарантира овие точки е партијата РОДИНА и ако е во фаза на зародишто тоа не треба да не разочарува, бидејќи и ништо да не направи за брзо време бидете сигурни дека ќе дојде нејзиното време. Идеите имат свое време на создавање, свое време на зрење и свое време на реализација и спроведување, па така е и со Родина и ако е таа во фаза на создавање и зрење, но сигурно е дека ќе дојде нејзиното време за спроведување на нејзините идеи во пракаста.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Sunday, February 16, 2020

МОЈОТ ИЗБОР Е МАКЕДОНИЈА





Неделава што пројде црпнатиот и фашистички парламент на инсталиранава дивоградба северна го ратификуваше протоколот за прием на дивоградбава северна во НАТО. Не треба да има паника и вознемирување поради две причини. Прво, како што се влага во НАТО така и се излага и второ во НАТО влезе дивоградбава северна, а не Република Македонија, па така НАТО доби непостоечка држава во неговиот состав која правно не е легитимна, во ООН не постои како држава. Што значи дека и договорот за влез во НАТО е нелегитимен.


НАТО нема светла иднина да се знае! видовме со последните настани во Иран  дека е готово. Во оној миг кога земјите членки на НАТО кога требаше да застанат против Иран, а на страна на САД истите тие земји членки се повлекоа. И тогаш Трамп кажа дека со ваквото однесување на земјите членки зошто НАТО да постои и навистина бадијала е неговото постоење. НАТО постои од времето на студената војна како контратежа на Варшавскиот пакт. Пропаѓањето на источниот блок и варшавскиот пакт го постави прашањето од потребата за постоењето на НАТО како воен сојуз? После падот на варшавскиот пакт НАТО немаш зошто да постои, заканата за западниот свет веќе исчезна. За да можат да го одржат постоењето на машинеријата НАТО, самите почна да создаваат разни групи, Терористи, исламски фудаменталисти, талибанци, муслимански браќа, ИСИС, ИСИЛ, ДАЕШ као закана за западниот цивилизиран свет и секако како оправдание за постоењето на НАТО. Денес се позивесно е дека НАТО би проживеал барем уште некоја година.
Во овие турболентни промени што му престојат на светот и на ЕУ нема да и биде лесно да преживее! барем не во ваква форма во каква денес се наоѓа. ЕУ беше замислена да функционира како заедница на региони иако најпрво започна да функционира како европска економска заедница за јаглен и челик. Суштината да се изгради ЕУ како заедница на региони а не на држави лежеше во фактот што во Европа се лошо поставени границите помеѓу сите европски држави најчесто во војни, па така денес скоро сите европски држави имат свои дијаспори, односно малцинства во соседните држави. За да нема постојано војни на секои 50-тина години за поместување на гранците помеѓу државите. Затоа беше Шумановата идеја за создавање на заедница на региони како што е на пример албанскиот регион, тоа е првата фаза создавање на региони, а втората фаза е кога тие региони ќе треба да прејдат во нови национални држави со што на тој начин ќе се исправеа грешките на лошо повлекуваните гранции во војните и гршките на претходните политики. Една од причините за бришење на Македонија и македонскиот народ е да не се создаде македонски региони во кои би влегле и територии од соседните држави. Бугарија и Грција всушност на големо сакат да го спречат создавањето на македонскиот регион.  Идејата за создавање на заедница на региони е веќе мртва! Стана мртва во оној момент кога од европска економска заедница одлучија да направат држава Соединети Европски држави по примерот на САД. Идеја која секогаш била утопија поради различните историско -општествени околности низ кои Европа и европските народи минувале низ текот на историјата. 
Судбината на ЕУ после брегзитот стана неизвесна, едно е сигурно дека излезот на земјите членки од унијата ќе се забрза, народите на Европа се незадоволни од унијата. А чим Сорос во два наврати кажа дека ЕУ е мртва, сигурно дека е веќе мртва.
Во последно време ме утепа на Facebook затоа што сум постирал амерички песни и музика, ме прогласија за проамериканец, антирус и.т.н.Веќе не знам колку пати да кажам дека мојот ста е тоа дека јас сум за неутралност, неврзаност на Македонија во меѓународните односи во поглед на надворешната и воената политика и тој став си го бранам со години. Да точно е тоа дека во мое време живеев и сум  растен со американска музика и филмови, по што немаше друго. Инаку мојата америка е она од 60-тите и 70-тите години, она америка на хипи движењето, окупирај го вол стрит, на рок и поп музиката од 80 тите години, на стрип серијалите Бетмен, Химен и Супермен. Но тоа не значи дека дека ќе навивам за нивната дегенерисана политика и корумпираниот банкарски систем. Прво имам чуство и сенс да видам дека западниот свет вака како што е поставен се претвара во тоталитаризам, она што беше СССР. Не можам да навивам за тоталитаризам, за систем што дегенерира, систем кој е спротивен од моите демократски и слободарски размислувања. Знам дека во Христијанска Америка пред 60 годин не смеше да се зборува за теорија на еволуција, во школите децата не смееа да учат за неа, ако некои професор по биологија земеше да предава беше даван редовно на суд од страна на родителите каде што родителите ги добива битките, денес сликата е сосема спротина. Ова денес не е мојата Америка јас која ја познавам, веќе не ни можам да ја препознам.
 На мојот блог каде што ги објавувам редовно моите текстови може да се види дека секој или втор текст  ми е против западната политика најмногу американската политика. Да би ме читал некој од амбасадорите сигурно дека би ме прогласиле за перосна нонграта со забранет влез во САД.
Но тоа не значи дека ако сум против Америка дека ќе одам во Москва  да се прекрстам, односно дека ќе почнам да навивам за Русите. Факт е дека со враќањето на  Русија на политичката сцена во периодт 2006-2009 година  веќе светот полесно дише. Факт е дека Русија понуди нов концепт  во меѓународните односи и уредување на светот, за меѓусебна соработка помеѓу народите и различните култури. Тоа е факт кој не смее да се негира, туку треба да се подржи, но тоа не мора да значи дека поради тоа јас сум Русофил. Сметам дека тој нов концепт како што е концептот на Владислав Шураков за суверена демократија, односно владеење на мнозинството што го нуди Русија за уредување на светот го гледам како добробит за Македонија и останатите народи. Алтернатива човекот во политиката треба да им макар и тоа била Русија, но тоа не треба да не прави русофили. Досега нашите политичари како стап беа залепени за Брисел и Вашингтон, зарем ние ќе ја продолжиме истата политика од Брисел и Вашингтон ќе се залепуваме за Москва?  А зошто кога наша одредница треба да биде Македонија и Македонскиот народ. Мојот избор и за кого јас навивам е Македонија и никој друг.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Sunday, February 2, 2020

ЗА ШУМАРИТЕ И ПЕЧУРКИТЕ




Неделава ми помина во внимание на неколку настани што повторно ме трогна да размислувам на темата за која досега сум пишувал многу пати Македонската интелектуална елита. Жал ми е што морам да го констатирам фактот дека Македонија нема интелектуална ( мислечка) елита, туку печурки бре! Печурки кои служат6 за газот на газдите кои ги направиле, демек елита со диплома, а мозок ни малку.
Image
Елитата преставува одбрано друштво кои со своите способности, знаења, умеења и вештини се издвојува од останатите луѓе во општеството, како издевоена елита со своите знаења, вештини и способности има единствена цел да помогне во развој и подобрување на човештвото и да работи за негов добробит. Поради таа цел елитата честопати се жртвувале себе си и својот живот. Да речеме се откажувала од создавање на свое семејство, но за таа сметка таа е компензиран со тоа што останувала во историјата запаметена како таква од следните генерации.
Јас цели 28 години го поминав во образование, најмногу од моите 32 години ми помина во образование. Два факултета завршив и во целиот мој живот сум бил во допир со луѓе со титулите М-р, Д-р. Од впечатоците што сум ги имал со нив можам да го кажам следново, нашиве учени се однесуват како некои да се недопирливи за обичните луѓе, за нас смртнициве, како да  се некој олимписки богови, како да се нешто над нас! а везе немат ни од реален живот. Гледате сите се замолчеја сега кога на Македонија и требаат. Цел Правен факултет Јустијана Прима заедно со деканатот никој не се одважи да ја брани државата, уставот, правото кое нивна основна струка, пострашно нешто од споствената струка и професија да ти биде газена нема.
Е сега да се осврнам на коментарот на почитуваниот професор Горазд Росоклија кој во коментар на Фејсбук запраша дали членовите на родина се познати, што имат зад себе? дали имат образование? што постигнале во животот? и сл. Се прашувам зарем мора ли да се познати, зарем мора ли да имаат титулари М-р, Д-р и незнам што, доволно е што се Македонции и работата за доброто на Македонија.
Почитуван Господине Горазд Росоклија веќе триесет години како во Македонија владеат печурките, односно оние со педигре како Владо поповски, Владо Камбовски, Доста Димовска, Васил Тупурковски, Денко Малевски, Ѓорѓи Марјановиќ, Јане Миљовски, Софија Тодорова, Томислав Чокревски, Љубомир Данилов Фрчковски, Владо Бучковски, Рената Десковска, Каролина Ристевска -Астеруд, Гордана Силјановска -Давкова, Трајан Гоцевски, Ферид Мукиќ, Марија Ташева, Нано Ружин. Се со М-р и Д-р и што е Македонија после нив? Жив потоп во кои стигнавме до фазата на само исчезнување да останеме без држава, скитници и чергари да постанеме. Јас можам да ја разберам политичката елита, таа е конформистичка секогаш загрижена за својата позиција  која со сите средства се обидува да ја задржи власта која веќе ја освоила. Но неможам да ја сватам интелектуалнава елита која е совест и свест на народот. На мене единствено објаснување што господава такозвани интелектуалци се однесуваат е тоа што во животот тие добиле све на поклон на тацна преку разни политички штабови ( ЦК на СКМ, СДС, ДПМНЕ) стигнале на позиција или моќ, си ги тераат своите сопствени лични интереси, не ги брига за општиот интерес на народот и државата и еве ние стигнавме до денешново дно до кое се наоѓаме.
Интелектуалците не оставија без образовна политика, без здраствена политика, без социјална политика, без алтернатива во надворешната политика, не оставија без избор само со една алтернатива, а велат дека имат знаење, а во надворешната политика ни рекоа дека ние само еден е изборот НАТО и ЕУ. За тој избор немаше ниту критицизам од нивна страна, ниту пак се спроведе дебата на тема зошто ЕУ ние едниствен пат без алтернатива? што губиме, а што добиваме и.т.н. Ниедна дебатна емисија во последните дваесет години не се направи на ваква тема. Ниту пак интелектуалците успеа да ја доволаат унијата пред очите на нивниот народ. Ниту пак сега нема дебатна емисија од страна на интелектуалците за алтернативен пат Евроазија или неутралност.
Деновиве кога се дебатираше за законот за јавно обвинителство можевме да ја видиме Фатиме Фетаи која повика при избор на јавен обвинител да биде вклучена и европската канцеларија во Македонија, да не речема Брисел. Видете кога некој ќе повика некој друг да му избере, да одлучи место него, тоа значи дека слободно си повикал некој да те окупира, да ја има власта над тебе, да владе и да прави пипирефка со тебе, токму на тоа се повика Фатиме Фетаи. Која повика на отворена окупација  на институците од страна на ЕУ. Е сега да прашам чиј кадар е Фатиме Фетаи? Од кои факултет произлегла женава? Се разбира дека се знае на Јустијан Прима! Судите, јавните обвинители, адвокатите, специјалката Ката сите се производ на правниот факултет Јустијан Прима. Епа Зошто се такви какви што се? Единствено објаснување е затоа што кадрите на правниот факултет се такви какви што се слаби, ете ги тие со М-р и Д-р колку вредат. Ако на тоа се додаде дека ниеден наш со М-р и Д-р надвор од државава не е вреднуван, ниту една негова книга не е печатена или преведена на странски јазки, на странски универзитет каде што студентите во странство ќе учат по неа! јасно е колку е нивната вредност.
Времето што доаѓа е времето на шумарите, време на обичниот народ. Ги видовме овие во костуми со М-р и Д-р! Македонија после нив е потоп. Затоа време е Македонскиот народ да си ја земе судбината во свои раце, да ја врати Македонија на вистинскиот пат, да ја создаде Македонија на цврсти темели со свои атрибути и да создаде нова вистинска интелектуална елита која нема да биде како ова што досега ја гледавме.
Ни престои вистинска и макотрпна работа.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...