Бојкотирам!
60% од народот бојкотира тоа е нова политичка реалност која бара нови радкални промени. Промените би можеле да ги започнеме со свикување на народно и уставотворно собрание со што би ја вратиле Македонија на своите темели на кои почиваше со уставото од 1991 година.
Изминатиот прв круг на преседателските избори пројде во знак дека Македонскиот народ издвојува победа. По втор пат победа за народот! Тој си ја потврди победата на референдумот од септември минатата година. Македонскиот народ по втор пат потврди дека не ја признава и неска да биде дел од Северна Македонија, не ја препознава окторираната Северна Македонија која упорно му ја нудат лејкиве политичари. Македонскиот народ, Македонецот во неделата силно кажа дека знае кој и што е! уште еднаш им потврди дека несака да учествува во нивниот фашистички проект со кој се сака да го обезличат за навека.
Резултатот го потврдува дебакалот, односно шлаканицата која Македонскиот народ им ја удри на партите и нивната досегашна политика. 755.829 гласале или 324 илјади помалку од последните локални избори во 2017 година. ВМРО-ДПМНЕ доби 16 илјади помалку гласови од гласовите добиени на последните локални избори во 2017 година. Износот на гласачи кој бојкотирале или не излегле на гласање изнесува околу 60% што потврдува дека бојкотот е победнички. Македонецот на тој начин им удир шлаканица на досегашните наши политички партии.
Тоа е шамар на северната на Заев која без Македонскиот народ е мртвороденче без нејзино прифаќање од страна на народот не може да преживе. Шамар е, и за Западниот атлантистички свет, бидејќи севернава и сето тоа што го планира околу неа никако на терен да им заживе. Тие добро си знат дека без Македонскиот народ тоа е невозможно. Поради тоа втор пат преку домашните квислинзи, предавници и корумпирани политички елити му подметна стапица преку избор за преседател се обидуват да го поништат референдумот од септември минатата година. Македонскиот народ истиктивно тоа го препозна и рече не!
Шамарчина заработи и ВМРО-ДПМНЕ шамар за досегашната негова политика. Се гледа дека раководството на ова партија која води политика да седи на две столици, да биде правоверна ем пред Македонскиот народ, ем правоверна спрема странскиот фактор. Политиката на расчекро се покажа како погубна за ова партија. Незнам дали се свесни од ДПМНЕ дека единствено мерило за креирање на нивната политика треба да биде Македонскиот народ и нивните барања и тоа народот на овие избори им го кажа. Јасно ли им е? дека да учествуваш на избори организирани од страна на квислиншка влада, окупатор, на избори и да работиш во нивните институции, собранието кое ти го окупирале значи дека стануваш соучесник во велепредавството спрема својот народ.
Од септемврискиот референдум па наваму во Македонија настана нова политичка реалност, таа запчна уште во септември паралерно со референдумот и таа продолжи колку што гледаме на преседателските избори. Народот не одговори на политичката понуда која му ја нудат постоечките партии. Тоа укажува дека се потребни радикални промени на политичката страна. Потребни се нови политички партии, нови политичари, нови луѓе и нови политики. Нас ни треба нова распределба на политичката сцена која ќе треба да стави крај на досегашните политики со мандрата „ Глеј на запад, еден е изборот НАТО и ЕУ.“ Со тоа треба да се стави крај на старите политичари кој не донесоа до ова дереџе во кај денес се наоѓа државата и народот.
60% од народот бојкотира тоа е нова политичка реалност која бара нови радкални промени. Промените би можеле да ги започнеме со свикување на народно и уставотворно собрание со што би ја вратиле Македонија на своите темели на кои почиваше со уставото од 1991 година. На народното собрание ќе ги казниме предавниците и сите оние кои до сега ја донесоа државата во ова состојба во која денес се наоѓа. Народното собрание ќе организира нови избори со нови политички партии, политички програми и политичари.
Некој тука би ми нашол забелешка дека со тоа и ВМРО би изумрела како партија. Јас ви велам дека не! само таа ќе пројде во процес на чистка и трансформација во нова политичка партија со нова политичка програма и со нови луѓе кои немале ништо заедничко со претходните политики на ова партија.
Честито нека ни е победата и одиме напред !
Бојкотирам!
Мишко Македонски Ливирински, Скопје, Македонија.