Wednesday, September 5, 2018

ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО ВО ТЕАТАРЧЕТО ЛЕВО ЌОШЕ



Нашата приказна започна во 1991 година, кога прогласивме независност на нашата држава. Но нашата независност како што веќе имам кажано за надворешниот фактор беше изненадување, а се по изгледа и за голем број од внатрешните политичари. Па така нашите политички партии почна да играт како некое лебедово езеро на нашата политчка сцена.

На почетокот политичките програми на нашите партии беа дезорентирани и без реални понуди за разлика од политиката на Словенија и Хрватска. СКМ-ПДП излезе со тезата дека за идниот статус на Македонија дека се за федерација во рамките на Југославија, ако не може федерација тогаш се за конфедерација, ако на крај не може федерација, ниту конфедерација, тогаш се за независност. Tри програми нудени како една програма, тотална дезорентација. Втората партија ВМРО-ДПМНЕ и ако млако ја пласираше тезата за независност на Македонија, сепак на крајот Љупчо Георгиевски се согласи за конфедерација, бидејќи народот ни бил србомански и ќе се определел за Југославија. Ова претходново кажано се сумираше на последниот вонреден четринаести конгрес на СКЈ во Белград каде  Перо Гошев гласаше во корист на Слободна Милошевиќ за создавање на Србославија.
Се чини дека тогашните Македонски политичари беа изненадени од одлуката на Македонците да имат своја држава. Почетокот на деведесеттите години е многу збунувачки и конфузен период, особено така се однесуваше македонска политичка елита.
Уште на почетокот кога прогласивме независност, можше да се види политичката консталација, дента кога прогласивме независност, вечерта кога се славеше победата на плоштадот, единствен политичар од бившиот СКМ-ПДП (сега СДСМ), Киро Глигоров беше единствен кој присуствуваше, таму не беше ниту Бранко Црвенковски (државотворец кој не сакаше да стане на Македонската химна), ниту пак Стојан Андов или Перо Гошев, значи стариот комунист беше оставен сам да слави со младите Вмровци.
Уште од самиот почеток на првите Македонски плуралистички избори (кои беа и први национални избори), покрај нашите национални партии учествувше и партијата реформски сили на Југославија ( во Македонија ја застапуваше Стојан Андов), ова партија никаде во југославија не учествуваше на избори, освен во Македонија и Босна и Херцеговина, ова покажува како и Босна, така и Македонија не беа спремни за независност,бидејќи овие две држави во изминативе сто години беа третирани како темен вилает.
СКМ-ПДП (денешен СДСМ) уште од самиот почеток на плуралистичките избори можеше да се види нивната игра. Уште од почетокот им упадна во мандатот на ВМРО-ДПМНЕ, па се направи концентрациона (експертска влада), па со фингирани избори (со илјадници фабрики од лажни пасоши) издвоија победа во 1994 година.
Истите политичари кои во деведесетитие години кои се залагаа за промена на името и до ден денес истото го мислат. Стојан Андов некогашен реформиран комунист, денес либерален демократ го пласираше името Славомакедонија, како одлична опција за решавање на нашиот спор со Грција. Васил Тупурковски преседателот на демократската алтернатива го пласираше името централна балканска република. Љубчо Георгиевски поранешен премиер и преседател на ВМРО-ДПМНЕ, уште во 1991 година, после неговата посета на Македонската дијаспора во Америка и Канада, ја извади тезата дека постојат Македонци-Срби, Македонци- Бугари, Македонци-Грци, Македонци-Албанци, Македонци нема. Треба да се напомене дека истава теза ја застапуваше Љубомир Данилов Фрчковски кои во неговите предлози Македонците беа означени како Славомакедонци, односно Македонци-словени.
Првиот шеф на независната Македонска држава Киро Глигоров, уште во 1993 година на Грците им ветил дека ние сме словени дојдени во шестиот век од нашава ера и немаме ништо заедно со античките македоници. Киро Глигоров и ако дал ваква изјава за време на неговата посета во Атина, сепак имаме за право да веруваме дека ништо не потпишал, бидејќи до сега грчката политика ќе објавеше некаков потпишан договор. Кон тоа сведочи кампањата во 1994 година, кога е веќе формиран сојузот за Македонија и на оваа кампања главниот слоган на Глигоров беше името останува. Мислиме дека со оваа реченица Глигоров си ја запечати својата судбина со атентатот. Можеме да заклучиме дека атентатот се совпадна со надворешните интереси, но и со внатрешните интереси на една група млади политичари како што беа Бранко Црвенковски и Љубомир Фрчковски. По интересно е што во истото време кога се случуваше атентатот врз Глгоров се случи и потпишувањето на Временската спогодба помеѓу Македонија и Грција. Овој Факт не тера да се посомневаме дека атентатот беше инспириран и испланиран од надвор, а извршен од внатре. Тоа не води да помислиме на Грција, за која Глигоров не го исполнил она што го ветил.
Друг фактор кој потврдува дека во тогашната СДСМ дека постоела внатрешна поделба по однос на надворешната политика тоа се Џорџ Сорос, Стојан Андов и грчкиот печат кои тврдеа во тоа време (1994 година) дека Бранко Црвенковски и Киро Глигоров се на различни страни и имат различни гледишата во однос на надворешната политика (односно по пршањето за името).
Проектот Македонија во Американската политика и ЦИА е со една цел како на мирен начин внатрешно Македонија самата од себе да се уништи, да ја снема ама цел тој проект да биде на нас од внатре. Од 1998 година започна втората фаза од нивната игра, се започна со изборот на новиот бран на политичари од ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски и Борис Трајковски, после нивната победа во декември 1998 година, Македонија во ООН во трговскиот регистар беше спуштена од држава во територија како Палестина. Ваквото решение отвори услови за војна и странска интервенција, односно фингирана војна во 2001 година. Целта беше промена на уставот, бришење на Асномската преамбула, симнување на Македонскиот народ во една од етничките заедници (која кај грците имплицираше факт зошто државата да ни се вика Македонија кога тоа е само една етничка заедница, а зошто да не по некоја друга етничка заедница) и секако триумфалното враќање на СДСМ.
Проектот за внатрешна поделба на ЦИА, но со внатрешни учесници, како што тоа беше Доста Димовска, која се залагаше за кантонизација и поделба на Македонија на ентитети, жената која се залагаше за Македонија од Групчин до Групчин, особа која беше идеолог на ВМРО и Љубчо Георгиевски, а и добра пријателка на СДСМ, жената која во теоријата како професор предаваше марксизам (лева идеологија), а во праксата беше политичар на ВМРО (десничар), за кого во последно време Љубчо Георгиевски зборуваше како за жена која ги заштитила Српските удбаши. Овој преокт за поделба и кантонизација е озаконет со законот за територијална поделба од 2004 година.
Најмногу коцките во Македонската политичка сцена можат да се видат во периодот 2007/2008 година, пред одржувањето на самиот на НАТО во април 2008 година. Имено кога во 2008 година ни стигна понудата од Метју Нимиц, кога ни понуди да прифатиме име како ултиматум за влез во НАТО. Во тој период можеа да се видат коцките како се вклопуват на мозаикот. Имено пред Букурешт, коалицијата на ВМРО во кои беа и партите на Стојан Андов и Тито Петковски, ја напуштија коалицијта. Причини за нивното напуштање од власта и свртување против Никола Груевски се работи за името и идентитетот. Стојан Андов тогаш излезе со две спротиставени тези: 1. Груевски е тврдоглав и несака да го промени името; 2. Груевски сака да го промени името. Секако истиов овој став на Стојан Андов беше ист во деведесетите години името Славомакедонија како одличен избор за решавање на нашиот проблем со Грција.
Интересно е што после доаѓањето на Никола Груевски уште од самиот почеток на пола година од владењето, Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски ја дадоа изјавата за Груевски: „што има тој да се занимава со државна политика, туку само со економија.“ Оваа изјава ни дава за право да се запрашаме чив беше изборт на Никола Груевски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ? Дали тој беше избор на двата стари волци Георгиевски и Црвенковски. Кон ова е значајно да се потсетиме на една значајна изјава дадена од Владо Бучковски на 17.10.2007 година, во која Бучковски вели дека СДСМ е творец на војната во 2001 година; СДСМ е творец на големото уво; СДСМ е творец на обвиненијата за Љубе Бошковски; СДСМ во 2003 тата година, во екот кога ВМРО избирал свој лидер се одлучиле да го изберат Никола Груевски, наместо Марјан Ѓорчев. Тоа го кажа Владо Бучковски, се гледа дека оваа изјава која воопшто не беше коментирана во јавноста, личеше како опомена на Бранко Црвенковски до Груевски за да тој се врати на својот пат, односно Груевски да води само економска политика, а не и државна политика. Затоа што Груевски од перидот 2006-2016 година им го руши надворешниот проект на ЦИА за внатрешно самоуништување на македонската држава.
Пред изборите во 2006 години, во екот на новата година (31.12.2005) Црвенковски ја даде следнава интересна изјава: „сакам да го видам тој маж што ќе му соопшти на народот дека сме го изгубиле името.“ и оваа изјава не е случајна. Сигурно дека во 2006 година беа пуштени ВМРО да ги победат СДСМ. Прашањето е зошто беше потребно ВМРО да го замени СДСМ во 2006 година? Оној што го знае проектот на ЦИА за Македонија, а кој подразбира промена на името и идентитетот. А тоа било потребно да го напрви некој кој што не е од СДСМ, односно бил избран Никола Груевски и ВМРО, али човекот кој си го избрале во сите негови десет години не им иде по нивна игра.
Груевски не им одеше по нивни кеив, бидејќи се вмеша во надворешната политика, ја даде на суд Грција за непочитување на времената спогодба; прашањето на беглаците од Егејска Македонија; не прифаќање на компромис за промена на името и идентитетот. Сите овие работи покажуват дека Груевски етапно го руши американскиот проект.
Периодот од 2008 година пред самиот на НАТО во букурешт, можеше да видиме што беше тоа што ги разделуваше Македонските политичари, а што ги зближуваше. Централно прашање беше промена на името и идентитетот на Македонскиот народ. Тогаш можеше да се види како Стојан Андов и Тито Петковски излегоа од владејачката коалиција и се обединија со опозиција против која претходно беа. Потоа медиумските куќи А1 и Фокус некогаш беа против СДСМ и наеднаш се соединенија со нивната коалиција и полза. Покојни Младенов во една негова колумна објавена во фокус во 2008 година, во тоа време многу убаво ни кажа дека промената на името не значи и промена на идентитетот, јазикот и историјата. Фактички со ова негова колумна тој си покажа дека и тој бил од истото друштво како и останативе. Што да кажеме за Рамковски кои прво ги напаѓаше СДС, а потоа се сврте заедно со нив против Македонија, што може да се каже за човек кој својата телевизија ја има основано со парите на Сорос, овој факт ја прави јасна ситуацијата чив играч бил Велија Рамковски.
Сестра Љубе Бошковски која беше пуштена од хашкиот затвор се со една цел, како човек херој кој ќе требаше да му ја сруши главата на ВМРО, односно да го сруши Никола Груевски кои кај македонците доби статус на национален лидер, Токму тоа беше задачата која бошковски требаше да ја одработи за надворешниот фактор, тоа го гледавме.
Политичките сили во Македонија се исполаризира уште во 2008 година пред Букурешкиот самит. Од тогаш може да се види кој е за промена на името, а кој за зачувување на името Македонија. Не спроведување на Американскиот проект или следната фаза од тоа сценарио е причина за кризирање на Македонија на секои две години перманентно кризира, зошто господата од опозицијата од 2008 година постојана барат техничка влада и не ги прифаќат изборните резултати, како и денес во 2015/2016 година може да се види дека пржинскиот договор фактички е втора фаза од Американското сценарио за рушење на државата.
Сега сме 2018 година, во ова година нашата квислиншка власт се согласи за промена на името сега потполно јасно може да се види кои од политичарите играт лебедово езеро во театарчето лево ќоше, не тоа случајно, туку сакат да си ја продолжат својата започната мисија, тоа се оние истите уште од 1991 година што ни се моткат како што се Стојан Андов, Тито Петковски, Перо Гошев, Љубчо Георгиевски, Целото раководство на СДС, Лиле Поповска и Павле Трајанов  кои кои да дојде на власт тие се со нив, чудна работа само Циле- Васил Тупурковски, Ѕинго и Стојменов им ги нема, Стојменов за сега со Телевизијата покажува дека е на нивна страна. Сите овие кои во минатото учествувале во различни договори и преговори за промена на името и бришење на еден народ и ден денес мртви и ладни седат на истата страна, значи да си ја започнат мисијата за која биле платени.

Мишко Ливрински Македонски, Скопје, Македонија.

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...