Friday, August 31, 2018

Македонија и големата игра



Како што знаеме од историјата секогаш после пропаста на една империја или сила доаѓала друга империја, едната била заменета со друга империја. Прво била Вавилон, па Медо-персија,  па Македонија, па Рим и.т.н. Постоело во историјата и период кога големите сили или големите империи меѓусебе ја делеле светската моќ, доминација и распредлеба на моќта и ресурсите, како тоа што беше во периодот по втората светска војна, кога светот беше изграден од два столба североатлански и варшавски пакт.
Со падот на источниот блок и варшавскиот пакт. Светот остана да стои на една нога, однонсно светскиот поредок остана со еден избор,  западната алијанса, западниот систем либералниот капитализам и НАТО како воен сојуз. Светот постана еднополарен, односно се претвори во „ меѓународна заедница“ во која главната улога ја имаше Америка.



Последните дванаесет години од 2006 година, а најмногу од 2010 година, светот веќе стана мултиполарен, се создадоа нови сојузи како што е БРИКС, се создадоа нови регионални сили кои во главном се сконцентрирани во азија, африка и латинска америка. Во азија се четри земји русија, кина, индија и иран, во африка тоа е јужноафриканската република. во латинска америка тоа е бразил.
До сега намерата на американците беше токму и тоа да го спречат, раѓањето на новите регионални сили кои на крајот треба да доведат до нов светски поредок, односно мултиполарен светски поредок, во кои светската сила и доминација ќе биде делена помеѓу големите сили.
За да го постигнат својот план американците ја измислија глобализацијата која имаше за цел да го поништи колективниот национален идентите на народите, да создаде еден универзален концепт  на идентитет како што е граѓанскиот. И што се случи? кога се тргна на терен да се создаде глобализацијата, она што секој нормален просечен човек знаеше дека ќе се случи,  народите и нациите во првиот момент одма и дадоа шут картон на глобализацијата, односно како одговор на американската глобализација, светот попчна да се атомизира и регионализира. така БРИКС прерасна во евроазиската унија, африка ќе гради своја унија на африкански слободни народи и земји истото се случува и со латинска америка. Значи светот не е повеќе глобално село, глобализацијата како што можете да видите никој повеќе не ја ни спомнува, сите зборуват за регионализација.  Глобализацијата наеднаш стана мртвороденче.
Интересна е евроазиската унија која ја прави русија заедно со останатите азиски земји. Создавањето на унија  на слободни, независни, суверени национални држави на евроазиската унија е проект кој е спротивен од она што токму го нудеше глобализацијата. Затоа и американците се толку сурово против создавањето на евроазиската унија, бидејќи на нив им го руши концептот , односно моделот по кои сака да го изградат светот. Нивниот модел на глобализација со поништување на националниот идентитет и суверенитет на народите е мртов.
Од таму станува јасно зошто америка се уште ја држи европа под контрола. Европа денес се наоѓа под американска окупација., во германија има деведесет бази со американска војска, што покажува дека германија денес е под американска окупација. Се разбира за тоа се има причина, а тоа е што германија е носител на проектот евроазија што е прирдона тендиција како на гераманија така и на остатокот од европа да се поврзе со азија поради тоа беше соброен германскиот канцелар Герхад Шредер, токму поради овој проект.
Рековме дека природна тендиција е  германија како и остатокот од европа да се поврзе со азија и на тој начин да се создаде евроазија. Во тој случај кога би се создала евроазија, тогаш најголем светски играч, воен играч, економски гигант би била евроазија, кое заедно е најголемото копно на планетата земја. Во тој случлај тоа копно евроазиско станува светски господар со планетата земја. Во тој случај што ќе се случи со америка? тогаш ќе заврши нејзината мисија како светски господар, светски полицаец и како една светска велесила, во ваквиот случај америка останува само една од оние регионални сили, светскиот господар ќе стане евроазија. Тоа е тоа што американците сакат на живо и мртво да го спречат. Тоа е суштината на големата игра или големата војна.
Е сега да дојдеме до македонија, жалосно е што малкумина  луѓе во ова држава, сето ова го разбират и зборуват. Ваквите игри или војни на големите сили кога империјалните сили се борат за превласт, од историјата знаеме дека секогаш страдале малите земји. Играва не се води во москва или вашингтон, односно на нивни терен, туку на туѓ терен. Тоа ние случај со  виетнам, со кореја, со авганистан, егејска македонија во грција.
Поранешниот американски преседател обама, а преку него и целото глобалистичко друштво уште во 2014 година како македонија така и целиот балкан ги стави на линија на огнот помеѓу односите на западот и истокот. Тој тоа го кажа  на тогашното есенско генерално собрание на ООН. И после тоа можевме да видиме како балканот така и македонија одма кризира, започна шарената револуција, почна рушењето на институците на државата.
Денес гледаме дека македонија  ја обезглавуват со тоа што сакат да и го сменат името и идентитетот. Тоа е последниот обид на глобалистите за да повторно да се вратат на сцена. односно да ја започнат својата војна против суверенистите. Македонија е избраниот експремент за започнување на процесот на бришење на нациите и суверенитетот на државите што ќе значи објавување на дирекна војна против суверениститет. Затоа во овие мигови е важно да се спречи промената на името и идентитетот, затоа мораме да го бојкотираме референдумот, со бојкот на референдумот ќе докажеме дека не умираме како нација и на тој начин ќе се вброиме во редот на суверенистите.
Затоа на 30 септември сите македонци на бојкот ! се работи за нас, за нашата земја и за нашата иднина.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија. 

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...