Thursday, August 23, 2018

МАКЕДОНЦИТЕ ВО БИБЛИЈАТА ( пети дел)

автор : Денис Тенев, Скопје, 2005 година.
 
Македонските христијани подоцна
На сите кои ја исповедаат христијанската вера познато им е дека не се станува преку ноќ зрел христијанин. Тоа многу добро го знаел и Павле па затоа, не само на црквите во Македонија, туку и на многу други цркви како во Коринт, Рим, Ефес, Галатија итн. им се обраќал со пишани посланија во кои ги храбрел, ги тешел и ги поучувал. Такви се и двете посланија упатени до Солунјаните, во кои апостолот става акцент на две фудаментални учења на христијанството: Воскресението и Христовото Пришествие (Второто Христово доаѓање). Тој им пишува: “...Оти ако веруваме дека Исус умре и воскресна, тоа и упокоените во Исуса Бог ќе ги приведе со Него; ...(а) ние, живите, што ќе ос­та­не­­ме до доаѓањето на Гос­пода, нема да ги ис­пре­ва­­­ри­ме умрените, бидејќи Сам Господ со заповед, при глас на архангел и при труба Божја, ќе слегне од небото и најнапред ќе вос­крес­нат мртвите; а потоа, ние, што сме останале жи­ви, заедно со нив ќе би­деме грабнати на обла­ци­те, за да се сретнеме со Господа во воздухот, и та­ка секогаш ќе бидеме со Господа...”
(1. Послание до Солунјаните 4, 13-17)

 makedoncite-vo-biblijata-4-1

Во Хераклеа се пронајдени два епиграфски (надгробни) споменика[1] (V -VI в. н.е.) каде се посведочува истата вера на Македонските христијани до VI век. На едната плоча која се наоѓа во Музејот во Битола стои запишано:

                        Истоимен на Богојавлението Христово
                        (Епифаниј или Теофан),
Презвитерот - - прими уште на земја почесен венец, па се пресели од овој живот со сите (заедно)
да го очекува Воскресението.

На друга плоча која се чувала во гимназијата во Битола сега, за жал изгубена, стои запишано:

                        + Овде лежи милостивиот спомен на Василиј
                        Беше чтец и архивар.
                        Се упокои во Господовиот месец август 11
                        Индиктион 9,
                        За да го чека со цел свет
(Второто)  Пришествие. Амин

Македонските христијани во минатото оставиле неизбришлива трага до денес. Не треба да не буни доаѓањето на Словените на Балканските простори (за кои, патем речено, историчарите се уште не се договориле за точниот период на нивното доаѓање), бидејќи непобитен е фактот дека сите балкански народи со нивното даѓање ја поделиле истата судбина, (познато е дека Словените стигнале до Пелопонез, за што сведочат околу 300 зборови со словенско потекло се уште присутни во денешниот Грчки јазик). [2] Секако, ни децата нема да поверуваат дека Словените наводно ги “испотепале” сите Македонци, а потоа им го земале името и национаслната свест. Ако е тоа така, тогаш сите други народи на Балканот мора да го доживеале истото, па така “СлавоАлбанците”, “СлавоГрците”, “СлавоБугарите”  и “СлавоСрбите” не треба да ни се лутат што се чувствуваме Македонци. Но, дека генетскиот материјал на Елините (Грците), Илирите (Албанците), Тракијците (Бугарите), се уште е тука на Балканот не е воопшто спорно. Се прашуваме, зошто неаргументирано и неосновано се спори само Македонскиот генетски материјал како континуитет до денес?
И сега, кога Македонија се стреми кон Европа, би сакал да се вратиме за кратко на пророштвото на Даниил, втората глава и да се потсетиме на визијата за светските царства до крајот на светот (Второто Пришествие), каде стои толкување за царството кое следи после Македонската империја:  А тоа што си ги видел нозете и прстите на нозете направени дел од грнчарска глина и дел од железо, тоа царство ќе биде разделено...” и понатаму за глината и железото се вели: “тоа значи дека тие преку човечко семе ќе се измешаат, но нема да се слеат едно со друго, како што железото не е слеано со глината.” Очигледно, станува збор за Римската империја, која подоцна, со поделбата на Источно и Западно Римско царство, (двете нозе на ликот), дословно го исполни пророштвото на Даниил. А за стапалата измешани со глина и железо (нека ми биде простено ако грешам) не можам да видам никој друг освен “обединета” Европа, која, според последниве настани, и не е баш обединета. Дека е така сведочи и фактот дека Европа е единствен културен и територијален наследник на Римската империја. Признавам, ни јас не сум имун на стандардите кои Европа ни ги нуди, ниту сум против Македонија да се избори за влез во Европската Унија, но само скромно се прашувам, да не се бориме за нешто што е однапред осудено на неуспех?
И додека Американците патриотски ја пеат својата химна: “Бог да ја благослови Америка” се прашуваме: дали ние во Македонија треба да пееме слична песна? Сметам дека нема потреба, бидејќи Бог веќе ја благословил Македонија, само треба да го исползуваме тоа!
Ќе умееме ли?



Денис Тенев
Академски сликар и постдипломец по античка археологија
mobil: +436781262956





[1] Весна Калпаковска - Аница Ѓеорѓиевска, Животот во Heraclea Lyncestis преку епиграфските споменици, 89. 93.
[2] А. Шкокљев - С. Катин. Придонесот на Македонија во светската цивилизација, 225.

No comments:

Post a Comment

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...