Годинава што му престои на светот е тешка година и години на предизвици.
година која ќе биде исполнета со предизивици како на светската сцена, така на
домашната и на регионалната политичка сцена со разни настани и случувања.
На Светско ниво, светото ќе се соочи со предизвици со кои се соочи уште при крајот на 2016 година, кога Доналд Трамп беше избран за преседател на Америка кој означува нов бран или нов курс на Американската политика, значи во очекување сме на нова радикална политика која треба да го означи крајот на митот за месијанската улога на Америка на светско ниво, тоа значи дека Америка ќе треба да ја прифати вистината дека тие не можат да бидат единствени господари на светот со кои ќе управуват, господарат и ќе го уредуват светот по нивни уренк, бидејќи до сега го видовме нивното уредување на светот кое направи крш од него. тоа означува исто така крај на митот за благословените Соединети Американски држави, во 2017 година, Американците ќе мора да ја прифатата вистината дека не се единствени од бога благословен и избран народ, тоа е најблолната вистина која тие во годинава која ни престои по секоја цена ќе мора да ја прифатата. што побргу е подобро и за нив и за остатокот од светот.
Новитет на Светско ниво ќе биде што Банкарско-корпоративниот систем, сорорс и усаид и на нив слични ќе мора да се прешалтат во некои нов центара преку кои старата игра ќе ја продолжат. дали тоа ќе биде Лондон, Париз, Брисел или Берлин тоа доправа ќе го гледаме.
Што се однесува до мутавата ЕУ, изгледа дека таа и понатаму ќе остане мутава и во ова 2017 година. изгубена во целиот случај, али нејзиниот распад и пропаст стои на стаклени нозе, па можеби ќе го видиме и во ова наша нова година.
На Балканот ништо ново! старите песни се пејат и во новата година. годинава 2017 е една година пред 2018 година, пред сто години од таа година се одржа Версајскиот мирове договор, значи сме една година пред прославата од стогодишнината од Версајскиот мировен договор, затоа и Балканот е вклучен во договор. Балканот за ЕУ е исто што Европа е за Америка, база и своина која треба да се користи за сопствени лични цели и интереси.
Дека во периодто 2017/18 година ќе биде отворено Балканското прашање потврда ни дават анализите на Британскиот дипломат Тимоти Лес. Имено дипломатов за Хрватскиот Весник „ јутрањи Лист“ повторно ги произнесува старите ставови за создавање на национални држави на балканот на штета на други држави како што се Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора.
Фактички со ова пуштање на Тимоти Лес во оптег дека центарот на старата игра, односно дека политиката на старата змија ( Америка и Запдана Европа) се преместува во Лондон.
Во последно време порталите на интернет ( по готово во Соседна Србија) беа преплавени со информации за тоа дека Русија сакала да формира Балкански сојуз или Балканска Федерација ( некои идеа до таму што го преставува како православен сојуз и ако во овие земји не живеат само православни) на држави во кои би влегле Македонија, Србија, Црна гора, Босна и Херцеговина. мене лично овој план ме потсеќа на платформата Глигоров-Изетбеговиќ од 1991 година во кои се предвидуваше овие држави да останат во Федерација заедно. Па ако е така јас да прашам зошто тогаш прогласивме независна држва? ако сега сакаме да влеземе во некаква федерација или конфедерација како што е ЕУ. зошто толку слепачки сакаме да влеземе во ЕУ, кога претходно излеговме од една таква заедница која се викаше Југославија. јас колку што се сеќавам ние на референдум во 1991 година прогласивме независна држава, тогаша зошто денес сакаме да влеземе во слична таква заедница како што е ЕУ? дали сме незадволни од нашата независност ли? е па драгии читатели треба да знаете дека возрасен полнолетен човек кога донесува една одлука тој секогаш стои зад неа и секогаш ги снесува последиците од таа негова одлука без обзир дали последиците се негативни или позитивни, туку кон реализацијата на својата одлука самиот човек се бори со своите препреки на патот.
Поради тоа јас мислам дека ние треба да си ја испочитуваме нашата одлука донесена на 8 септември 1991 година за независна република Македонија, не ни требат нас ни Еу ни Балканска Федерација, ние си излеговме во 1991 година од една таква Федерација, сега што ќе ние пак таква иста.
Ние во надворешната политика треба да си градиме добри политички односи со сите страни на светот со Русија и Америка, со исток и запад, со север и југ, да бидеме неутрални во меѓународната политика, а да имаме добри пријтелски односи со сите страни е најдоброто во овој момент за нас.
Кај нас пак ништо ново ВМРО-ДПМНЕ ги доби изборите ќе се формира Влада, Албаците уценуват за влез во влада со услов за двојазичност и Федерализација на државата и со некакво извинување за геноцид направен врз нив, а што е со нивниот геноцид напраен врз Македонците во текот на втората светска војна дали на некого тие се извинија ли? нели Албанија во втора светска војна беше на фашистичка страна, зарем тоа несакат да го признат или сакат да ја сменат историјата за да на крај македонците излезат фашисти, а албанците и албанија антифашисти? Албанците остана и секогаш беа еден адут во рацете на странците за притискање на нашата држава, преку нив до денес ден работеа проитв ова држава, а сигурно и понатаму ќе продолжат.
Во ова изгледа добиват подршка од СДСМ, бидејќи Сашо Ордановски во топ тема на телма кажа дека платформата на Албанците корепондирала со платформата на СДСМ, со што би било најдобро тие две да направат коалиција рече тој. со ова се гледа дека СДСМ уште глуми лудило дека таа е победничка на изборите. а избори дали повторно ќе има постои и таа шанса, ништо не се знае, веќе никој не знае што може да се случи, како што никој не може да ни гарантира дека утре ќе останеме живи.
не чека возбудлив период и возбудлива година.
Мишко Ливрински-Кубрајт, Скопје.
(
објавена во дневник 2016 година)