Не знам за вас драги читатели дали гледате? знам за мене дека во последно време гледам како една група на луѓе , тоа е она група кое сака да го пороби и ограби човештвото и како во лице на тоа исто човештво му се смее и се мајтапи со него. Видете кај нас пак фашистичката власт се врати! марионетите на глобалниот фашизам! Пендаровски додели мандат на човеци кои не биле извалкани со криминал, ама човеците на кои куклава Пендаровски им го даде мандатот се докажани криминалци. Нема што чист парадокс на диоген! Да ги бараш криминалците, а тие да ти се пред очи , нема што апла од мајтапење со народот.
Во исто време додека сето ова се случуваше кај нас во Белорусија се случуваше обид за шарена револуција, исто како и кај нас! Сценариото е исто, нарачателот е ист, поводот е ист, изборот на Лукашенко за преседател на Белорусија. западниве демократи и овој пат одлучија да не ја почитуваат волјата на народот. Чим е избран човек кој што не е по нивна волја одма го прогласуваат за диктатор и одма почнуваат со шарени револуции за дискретација на противникот и негово симнување од власта. Јас можам да разберам да не ти се допаѓа Лукашенко или да не го сакаш поради некои негови мани, но чим Белорускиот народ на фер и нормални избори го избрал нема што понатаму јас да коментирам. Неговата волја треба да биде исполнета, а не мојата. Гледате во Црна Гора победи опозицијата која е против НАТО и ЕУ, бидете сигурни дека одма ќе ја прогласат за диктаторска, ваква и онаква само за да ја симнат од власт, а нивната стара курва ( така самите тие си го викат) Мило Ѓукановиќ отиде од власт.
И додека сето ова се случува на исток се прави повторен обид да се размрда блискиот исток, да се разгорат старите страсти, меѓу етничките конфликити и тензи, мислам на Бејрут во Либан и тоа веќе трети пат се случува по ред. Еднаш 1976, па 1982 па еве и сега. И до сега резултатие се неуспешни. Гледте Либанците Муслимани шеити и сунити, Христијани од сите правци се обединија против актуелната либанска власт која е исто така е марионета на западниот глобален свет. Обидот да го покренат блискиот исток во движење им е неуспешен.
Со коронава не утепа, ни го уништија животот и пробуваат да ни го уништата социјалниот живот. Не затворија во кафез како некои животни да смее! Децава нема да одат на училиште поради коронова ќе учеле од дома, а како бре дечки? Системот на обраование во целиот свет е замислен децата да одат во одредена институција наречена училиште, бидејќи тоа кај нив создава кај нив чуство на одговорност, раѓа работни навики, новика за учење и за припремање на децата за идниот живот. Училиштето врши социјализација, ги зближува младите и кај нив раѓа чуство за заедништво, пријателство, дружење. И кога сето тоа ќе му го прекинете на човекот, може ли да замислите се што од него може да се случи и како тој човек во каква личност ќе се развива. И преку овој корона вирус кој веќе прејде во коронафашизам има за цел покрај депопулација на планетата земја да изврши и дехуманизација на човештвото.
Кога сме кај корона вирусот интересно ми е што деновиве ја сретнав книгата на Алберт Ками насловена како „ Чума“ баш како за денешно време. Во неа Ками зборува за вирус кој неконтролирано се шири од животни на луѓе и завршува со тоа што умира половина од населението во еден обичен град Оран на алжирскиот брег. Додека живото на жителите во градот е претворен во трка за пари каде недостига природноста и нормалното живеење сите брзат во потрага по нешто, потоа како во некој хорор филм започнува стравот и ужасот. Оној што го гледа денешното време и животот на денешните генерации може да ја види идентичноста и денешната генерација живее живот исполнет со трка за пари, моќ и престиж, ниски страсти. Наскоро Оран го фаќа епидемија, болеста брзо се пренесува од жител на жител и се шири паника на секаде.
за Ками ова тема била привлечна , бидејќи верувал дека сите историски настани што ги нарекуваме чума се случуват како некој универзален предуслов, според него тоа се примери од кои може да се извлече една вечна поука: Дека сите човечки суштества се ранливи и случајно се истребуват во кој бил временски период без разлика дали се работи за вирус, несреќа, временска непогода, постапка на некој несвесен човек или луѓе.
Можеби и тука лежи одговорот за појавата на корноа вирусот и други разни болести ( рак, тумур, сида и сл.). Како што гледаме човештвото си аздисал по својот пат, исто како и жителите на градот Оран во романто на Ками. Човештвото трча по профит, пари, матрејални богаства, ниски страсти и телесни задоволства, алчен е! Себичен е! Мисли само на себе! Во тоа гледање само на себе си ја упропасти природата и планетата земја, па сега сите се чудат што ни се случува, како немаме ни лете, ни зиме, ни пролет, ниту есен. Речиси целиот животниски свет е на листата на изумрени животни. Е за тоа самите сме си ние криви за ситуацијата во која се доведовме.
На крај ќе кажам како што кажам мудриот народен човек: секое зло за добро. Можеби и ова зло ќе доведе до нешто подобро од претходното.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија