Wednesday, December 23, 2020

КУРБАН ЗА ЕУ

Изминатата недела фактички излезе на виделина целата лажна квинслишка власт  со се црпнатиот заев. Минатата недела добивме признание  за лажливоста на нивната теза дека ние со промената на името го менуваме само името, а не идентитетот и историјата. Грција ни го зеде името, Бугарија ни ја зема историјата. Бугарија која за цело време сакала да си го промени своето неславно минато од Втора светска војна како земја која била на фашистичка страна, сега токму и се пружа шансата преку нас да го постигне тоа. Па од фашистичка земја за време на Втората светска војна да прејде во администратор овде во нашите краеви. Дури и муртинската црпка заев во последните изјави призна дека сите споменици од Втората светска војна каде што пишува Бугарско-фашистичко окупаторска власт ќе се пребришуваат, а тоа значи дека историјата и книгите по историја ќе се менуваат. На еднаш некои смисли „ заедничка историја“ и ако Македонија и Бугарија секогаш имале одделна историја, дури и јазиците ни се различни, се разбира освен за Бугарите.                           
 


                                                                                                                                                                                      
         Е така тие тоа кога си потпишал договор, пакт со ѓаволот, сега ќе си ги соносиш последиците од тој пакт. Менстрим медиумите и медиокретите кои настапува на нив, а блиски до власта на СДС не убедува дека со промена на името, идентитетот и историјата ни остануваат и дека ние и понатаму ќе си останеме Македонци и дека нема ништо лошо во договорот за добро соседство со Бугарија. А сега дојдовме до таму да ги жнееме последиците  од тој договор.Па така како последица на тој договор  курбан ни отиде целата историја до 1945 година, па така Кирил и Методија, Климент и Наум, Гоце Делчев се само последица на тој бесрамен договор за добро соседство.                       
         Во историјата и во животот на човекот  не е ништо случајно! Па така и одлуката на министерствтото за образование да го укине предметот историја и да го припои со предметот општество. Ништо случајно!Кога веќе си народ без историја и минато, што па ќе ти биде потребно да се учи историја!  Не знам  дали некој како Мила Царовска воопште разбираат што е историја, што таа означува и зошто во животот на човекот е битно да се знае историја?.       
         Историјата значи приказ, приказна за нешто што се случило во минатото. А минатото е многу значајно да ја  разбереме сегашноста во која живееме и со познавање на минатото и сегашноста ни овозможува да ја испланираме иднината. за тоа и народото одамна рекол „ Без минато нема иднина.“ Исто е, и со човекот! секој од нас има свое минато, сегашност и иднина. Настаните и случувањата кои се случиле во минатото ќе ни овозможат да ги разбереме сегашните случувања, ќе ни овозможат како да пребегнеем некои настани и случувања кои допрва ни престојат или како да ги решиме сличните настани и проблеми кои се случуваат во денешно време, а биле присутни и во минатото. затоа и за историјата се вели дека е „ Учителка на животот.“ А ние денес од сето тоа се откажавме , па дури и забрануваме да се знае за минатото, за да ги држиме идните генерации  во не знаење, бидејќи нели со оној кој не знае лесно се манипулира.            
   Слушам и гледам дека нашиве стратешки партнери во Брисел биле изненадени и тоа многу изненадени од барањата на Софија, за да се откажеме од нашето тврдење дека Бугарија била фашистичка земја, односно да се откажеме од историјата.  Па така, Гутнер Фелингер некои си безначаен австриски експерт бара од нас да се откажеме дури и од празниците кои како трн и боделе во окото на Бугарија. А да го прашам Гутнер дали тој и неговата земја Австрија се спремни да се прекрстата во Германци, бидејќи зборуваат чисто германски јазик, дали Австријците се спремни нивната славна австриска историја , Австриското кралство ( Хасбуршката монархија) да ја прекрстата во Германска монархија и Германско кралство? Нивните славни австриски личности во науката и уметноста да ги прекрстата во Германци, почнувајќи од австриската кралска лоза, се затоа што тоа ја еридира Германија и влева трн во окото. Дали Австријците се спремни на таков чекор?  Само за да бидат дел на ЕУ и НАТО.                    Работата е во друго. Проблемот е во тоа што се сака преку Бугарија на Македонија да и се одземе победата од Втора светска војна. Сите знаеме дека Македонија за време на Втората светска војна беше на победничката страна , на антифашистичката страна која ја сврза на победничка страна, поради таа победа Македонија доби право да формира република во рамките на Југославија и Македонскиот народ да биде меѓународно признат како посебен народ. Сега се работи токму на тоа како да се исправи таа грешка и да и се одземе победата на Македонија, затоа и Бугарија е вклучена во целиот процес на уништување на Македонија. Впрочем Македонија заедно со Русија и Велика Британија беа единствените држави кои за време на Втората светска војна нема квислиншки влади, марионети и колобрационисти. Тој факт ја прави победата да биде сосема чиста. Денес ваквата ЕУ сака да и ја одземе токму таквата победа. Односно да си ја исправи грешката направена одма после втората светска војна што признала дека постои Македонски народ и Македонска историја.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Saturday, November 28, 2020

НА ЧОВЕШТВОТО МУ СЕ ПОДГОТВУВА НОВА ОКУПАЦИЈА

 

 

     Уште пред Американските избори, а најмногу после нив стана јасно! Дека короната всушност била операција за старата Американска коромпирана и фашистичка барага, заедно на чело со Џо Бајден да се врати на власт. Сега е јасно! Големата операција на корона вирусот зошто била! Била со една причина, а тоа е рестартирање на стариот светски пордок во кои мочуриштето 
наречено запад со се неговите вредности  убаво си живееа. Сето тоа траеше се до доаѓањето на Трамп на власта, кои не само што потикна радикални промени во Америка, туку и  во Европа.  



         Инцијалната причина за операцијата корона вирусот  е всушност Трамп кои преставуваше и преставува закана за пресушување на барата од другата страна на атлантикот , а со нејзиното пресушување, пресушуваат и големите и малите мочуришта и бари од ова страна на атлантикот. Се рабира тоа со текот на времето ќе се случеше и во Македонија.
      Слушам и читам како глобалфашистиве од мучириштево преку нивниот пулен Клаус Шваб ни го откриваат планот дека автократските рестрективни мерки кои сега се применуваат за време на операцијата корона вирус ќе останеле на сила и од кога ќе завршела пандемијата, тие ќе станеле наше секојдневие. Самиот Клаус Шваб ни соопшти дека короната ќе била вовед во новиот светски поредок, така фашистички и глобалистички како што тие си го замислуваат. Јас се согласувам дека треба да има нов свет, ново поимање на вреднста, а не ваков како што го замислил људакот Клаус. Второ, а кој тврди дека идниот свет ќе биде онаков како што си го замислиле људаците на барата. Тие знат ли дека реалноста не е иста како и она од пред 2015 година! Светот веќе не ист како од пред десет години или како во 90-тите години, кога светот се викаше меѓународна заедница и Америка беше единствената сила која управуваше со светот.     Денес има многу проблеми и земји кои на секоја људост ќе речат стоп што правиш?.   
       На крај и не првпат човекот и човештвото да биле под ропство. Голем број од народите во текот на историјата биле под окупација  и колку ропството и окупацијата траела?  Колку траеше окупацијата на хитлер над Европа? Во првиот налед кога се создавале услови за ослободување и борба народите сами си се ослободувале од поробувачот. Преку Втората светска војна Хитлер сакаше да го пороби светот, да воспостави еден поредок „ Фашизам“за сите на чело со една раса. И денес повторно обид светот да се окупира, да се стави под власта на една белосветска групација. На човештвото му се подоготвува нова окупација „ Глобалфашизам.“ Исто како и во Втората светска војна. Кој ви вика дека и овој пат дека Фашизмот кој е болест на човештвото, бидејќи издигнува една нација ( Раса) за сметка на друга, дека нема да биде победен. Би требало да бидме људи дека човекот или човештвото( нормалниот свет) би отишло до таму за да дозволи глобалфашизмот да стане дел од неговото секојдневие.
        Клучна поента за операијата корона вирус, всушност е Доналд Трамп со неговите потези против мочуриштето, особено после тужбата поднесена ова зима против сите жители на мочуриштето. Токму од тој агол на гледње доаѓаме до главната цел која е на операцијата корона вирус, а тоа е враќањето на стариот систем и вреднување на нови аристократски методи на владење кои за време на ова корона вирус одлично си ги испробуваат.Чим ви ја одземат слободата, правото на мисла, ве тераат да се покорувате на некој, на нешто, самото таа ви кажува дека вие не сте повеќе слободна особа, туку роб. Сето ова како што гледате вешто се пробува за време на ова корона операција, самото тоа ни покажува дека светото е пред вовед во една окупација. 
     Да се вратиме ние кај нас во нашата окупирана Македонија. Гледам цела недела глобалофашистичкава барага на чело со муртинецов па се надоле биле  изненадени од барањата на Бугарија за тоа да си го продадеме јазикот и историјата и да постанеме Бугари.  Па тоа сите го знаевме дека со името иде курбан и идентитетот и јазикот, историјата. Фактички со ова падна во вода нивната теза кој ја пласираа дека со промена на името идентитетот и јазикот не се менуваат. Александар Чомовски не убедуваше дека народот е спремен да се откаже од името, но не од идентитето и историјата. Сега истиов новинар никаде го нема! Секако зошто излезе дека не е во право дека името е сврзано за идентитето и јазикот. Лавината од неделниве случувања со Бугарија гледам дека покрена и да се јави бившиот кормилар на СДС Бранко Црвенковски како загрижен за ситуацијава во Македонија. Не дека е загрижен за Македонија, не дека му е гајле за  Македонија, туку одлично му се виде ситуацијава за пресметка или прерачун на Црвенковски со кланот на заев. Црвенквски да беше згрижен и да ја сакаше Македонија немаше да дозволи плачкање и приватизација на се што беше на народот, војна и потпишување на бесрамен рамковен договор, територијална поделба на Македонија, шарена револуција, Бугарски договор, Тиранска платформа, Преспански договор, сето тоа се случуваше пред негови очи во некои настани дирекно учествуваше со негов директен благослов, така да  приказните дека бил загрижен за Македонија нека оди и нека ги продава на некој друг не на Македонскиот народ.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
     

           

 


Friday, September 4, 2020

СЕКОЕ ЗЛО ЗА ДОБРО

  


Не знам за вас драги читатели дали гледате? знам за мене дека во последно време гледам како една група на луѓе , тоа е она група кое сака да го пороби и ограби човештвото  и како во лице на тоа исто  човештво му се смее и се мајтапи со него. Видете кај нас пак фашистичката власт се врати! марионетите на глобалниот фашизам! Пендаровски додели мандат на човеци кои не биле извалкани со криминал, ама човеците на кои куклава Пендаровски им го даде мандатот се докажани криминалци. Нема што чист парадокс на диоген! Да ги бараш криминалците, а тие да ти се пред очи , нема што апла од мајтапење со народот.
Image
Во исто време додека сето ова се случуваше кај нас во Белорусија се случуваше обид за шарена револуција, исто како и кај нас! Сценариото е исто, нарачателот е ист, поводот е ист, изборот на Лукашенко за преседател на Белорусија. западниве демократи и овој пат одлучија да не ја почитуваат волјата  на народот. Чим е избран човек кој што не е по нивна волја одма го прогласуваат за диктатор и одма почнуваат со шарени револуции за дискретација на противникот и негово симнување од власта. Јас можам да разберам да не ти се допаѓа Лукашенко или да не го сакаш поради некои негови мани, но чим Белорускиот народ на фер и нормални избори го избрал нема што понатаму јас да коментирам. Неговата волја треба да биде исполнета, а не мојата. Гледате во Црна Гора победи опозицијата која е против НАТО и ЕУ, бидете сигурни дека одма ќе ја прогласат за диктаторска, ваква и онаква само за да ја симнат од власт, а нивната стара курва ( така самите тие си го викат) Мило Ѓукановиќ отиде од власт.     
И додека сето ова се случува на исток се прави повторен обид да се размрда блискиот исток, да  се разгорат старите страсти, меѓу етничките конфликити и тензи, мислам на Бејрут во Либан и тоа веќе трети пат се случува по ред. Еднаш 1976, па 1982 па еве и сега. И до сега резултатие се неуспешни. Гледте Либанците Муслимани шеити и сунити, Христијани од сите правци се обединија против актуелната либанска власт која е исто така е марионета на западниот глобален свет. Обидот да го покренат блискиот исток во движење им е неуспешен.
Со коронава не утепа, ни го уништија животот  и пробуваат да ни го уништата социјалниот живот. Не затворија во кафез како некои животни да смее! Децава нема да одат на училиште поради коронова ќе учеле од дома, а како бре  дечки? Системот на обраование во целиот свет е замислен децата да одат во одредена институција наречена училиште, бидејќи тоа кај нив создава кај нив чуство на одговорност, раѓа работни навики, новика за учење и за припремање на децата за идниот живот. Училиштето врши социјализација, ги зближува младите и кај нив раѓа чуство за заедништво, пријателство, дружење. И кога сето тоа ќе му го прекинете на човекот, може ли да замислите се што од него може да се случи и како тој човек во каква личност ќе се развива. И преку овој корона вирус кој веќе прејде во коронафашизам има за цел покрај депопулација на планетата земја да изврши и дехуманизација на човештвото.    
Кога  сме кај корона вирусот интересно ми е што деновиве ја сретнав  книгата на Алберт Ками насловена како „ Чума“ баш како за денешно време. Во неа Ками зборува за вирус кој неконтролирано се шири од животни на луѓе и завршува со тоа што умира половина од населението  во еден обичен град Оран на алжирскиот брег. Додека живото на жителите во градот е претворен во трка за пари каде недостига природноста и нормалното живеење сите брзат во потрага по нешто, потоа како во некој хорор филм започнува стравот и ужасот. Оној што го гледа денешното време и животот на денешните генерации може да ја види идентичноста и денешната генерација живее живот исполнет  со трка за пари, моќ и престиж, ниски страсти. Наскоро Оран го фаќа епидемија, болеста брзо се пренесува од жител на жител и се шири паника на секаде.
за Ками ова тема била привлечна , бидејќи верувал дека сите историски настани што ги нарекуваме чума се случуват како некој универзален предуслов, според него тоа се примери од кои може да се извлече една вечна поука: Дека сите човечки суштества се ранливи и случајно се истребуват во кој бил временски период без разлика дали се работи за вирус, несреќа, временска непогода, постапка на некој несвесен човек или луѓе. 
Можеби и тука лежи одговорот за појавата на корноа вирусот и други разни болести ( рак, тумур, сида и сл.). Како што гледаме човештвото си аздисал по својот пат, исто како и жителите на градот Оран во романто на Ками. Човештвото трча по профит, пари, матрејални богаства, ниски страсти и телесни задоволства, алчен е! Себичен е! Мисли само на себе! Во тоа гледање само на себе си ја упропасти природата и планетата земја, па сега сите се чудат што ни се случува, како немаме ни лете, ни зиме, ни пролет, ниту есен. Речиси целиот животниски свет е на листата на изумрени животни. Е за тоа самите сме си ние криви за ситуацијата во која се доведовме.
На крај ќе кажам како што кажам мудриот народен човек: секое зло за добро. Можеби и ова зло ќе доведе до нешто подобро од претходното.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија 

Saturday, August 1, 2020

кое наследство ќе им го оставиме на идните генерации

КОЕ НАСЛЕДСТВО ЌЕ ИМ ГО ОСТАВИМЕ НА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ



Во пресрет на големиот Македонски празник Илинден и АСНОМ 2- август со  кои е крунисана Македонската република, и овој пат  како и секоја година ќе се изнаслушаме на најразлични фрази за нашата историја, дека сме го исполниле сонот на нашите предции, а всушност се е спротивно, а навистина не знам со кое лице ќе  се појават нашите квислиншки политичари годинава на мечки камен  кога сето она за што се бореше илинденската генерација како и асномската генерација  е веќе распродадено или се спрема да се распродаде. Све е на распродажба и Илинден и АСНОМ. Затоа во пресрет на празникот Илинден и денот на АСНОМ се прашувам што ли во наследство ќе им оставиме на идните генерации. НАТО и ЕУ ли ќе им ги оставиме во наследство ? Па нашиоте минати генерации  не ни го оставија во наследство ЕУ и НАТО, Туку во наследство ни оставија историја,јазик, традиција, фолкор,  афтентична наша култура и ние од сето тоа се откажавме за НАТО и ЕУ.
Image
НАТО и ЕУ се поважни од се ! Еднаш рече Хавиер Солана. Мене страшно ме интересира како овие наши денешни политчари слуги на современиот фашизам ќе се оправдаат пред минатите генерации и пред судот на идните генерации. Како тоа сме се откажале од све што имаме и сме добиле од минатите генерации во име на НАТО и ЕУ. Тоа вие исто како да се откажете од наследство од милон долари  кои ви го оставил вашиот татко.  Нормален човек, здраво разумски човек не може тоа да го поими.
Јас можам да разберам човек како поединец, инвидуда ако сака има право да го смени сопствениот идентитет или сопствената религија ,Но тој човек што ќе го прифати тоа нема право и не може да го смени идентитетот на својата покојна баба, на својата жива мајка, на својот не роден син или внук нема право да им го смени сопствениот идентитет. Ова што на нас Македонците ни се прави како колективитет да се уништи Македонскиот народ, што не подразбра да се уништи само ова генерација на живи Македонции, туку и оние кои што претходно живееле и оние кои што допрва ќе се родат од старт им се забранува правото да бидат Македонции. Пара екселанс процес на геноцид врз еден народ за кои многу пати сме кажале дека е аналоген со хитлеровиот геноцид врз Евреите. Дури и пострашен со тоа што Евреите се сакаше физички  да се ликвидират како такви, а нашето е уште пострашно те терат физички да живееш, а да не бидеш тоа што си! Тоа што се чуствуваш!. Ако тоа име е мотото на нашите политичари за ово годишниот Илинден и АСНОМ молам! нека го кажат јасно и гласно тоа!за да си знаеме. Бидејќи досегашните нивни постапки и стапки покажуваат дека тие се согласуваат со овој фашистички процес.
Најдобро е за нашите политичари, бидејќи остана и сакат да живеат без идентитет, историја, без сеќавање ( празниците се сеќавање на нешто што се случило), сакат да живеат од денес за утре, без да размислуваат за иднината, не сакат да фрлат око на минатото за да би ја виделе сопствената иднина. за нив е најдобро самите да си најдат празници за својот нов северџански идентитет. Да речеме ден на ЕУ, ден на НАТО, ден на хомосексуалите, ден на лезбејките, ден на фашизамот, ден на Гебелс И.Т.Н. за да престанат да ги оскрвенуваат нашите празници. затоа што имам чуство дека од година во година со нашите државни празници се прави мајтап. Поради таа причина им предлагам самите да си најдат свој празник ( да си измислат) да си го скревниваат и да се мајтапат со него колку што им душа сака. По што се северџани не им доликува да ги слават нашите Македонски празници.
Ние Македонците ќе си ги славиме нашите празници Илинден и АСНОМ како што на нас ни доликува со достоинство. Ние Македонците знаме што значат тие за нас. Со Илинденското востание е прогласена првата република! Крушевска република не само на Балканот туку и во Европа после пропаста на француската комуна. Со АСНОМ, Македонците добија своја држава и република, процес кој беше започнат со крушевската република. Тоа е причината поради која ние ги славиме и чествуваме овие два празника. Тоа е нашиот дух и тоа не го правиме од лицемерије како северџаните, затоа северџани најдете си свои празници кој ќе го одразуват вашиот нов северџански идентитет и во тие празници нека пишува дека за грст подобар живот дека сте го продале своето сопоствено минато и сте ја прокоцкале својата иднина. 

Нека е за многу години Илинден и АСНОМ.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Monday, July 13, 2020

НЕ ГЛЕДАЈТЕ НАЗАД ГЛЕДАЈТЕ НАПРЕД 


нема сегашност без минато, нема иднина без минато. Не постои личност без сопствено минато. Не можат ниту држава и народ да опстојат без свое минато затоа што не би имале  на што да ја темелат својата иднина.

Во 2004 година кога имавме референдум за територијалната поделба на Македонија, тогаш Крег Ратклиф еден од бирократите на ЕУ ни зборуваше да не гледаме назад, туку само напред. токму тоа е проблемот на нашите политичари ни велат да бидме свретени кон иднината, а не кон минатото. По што нели кај нас историјата е анатемисана работа.Оној што не го познава минатото, не си ја познава ниту иднината. Како што на времето еден американски книжевник има кажано „ Минатото никогаш не мртво, тоа е секогаш тука за да не предупредува.“ Ако историјата не е тука за да не предупредува од минатото, тогаш таа не би била учителка на животот.
Image

Ај што може да им се прости на политичарите  за тоа што не знаат историја, ами на историчарите, на интелектуалците како да им се прости  кога не регираат во даден историски момент. Ние како општество не сакаме да учиме од минатото на народите, на претходните држави, империте. Да речеме зошто, кога, како пропаѓале државите, умирале, исчезнувале народите, минатото да го компарираме со нашата сегашност, па така да успееме да ја пребегнеме опасноста од нашето исчезнување од картата на живите народи.  Кај нас како и впрочем кај останатие балкански народи кога е во прашање историјата кај луѓето е битно само едно прашање „ Дали сме ние најстариот народ? На Балканот, во Европа, па и во Светото. Нешто што историската наука не може да го докаже ни за илјада години. Ние денешниот Македонски народ сме правен наследнк на Македонија, нејзината историја, култура, традиција, богаство од антиката па до денес ден! Без обзир на све! без разлика дали во нас тече античка крв или не! сите земји во историјата биле соочени со преселби и раселување на народи, но тоа не значи дека нивните корења се прекинати со корењата на античките народи на територијата на која живеле тие! Така и денешните Еѓипќани можеби немат во целост идентична сличност со старите еѓипќани, но тоа не значи дека тие не се правен наследник на стариот Египет, исто е, и со Французите кои се правни наследници на Галите и Галија, и ако Галите имале Келтско потекло, а не Латинско како денешните Французи. Има илјадници вакви примери!  А на овие народи никој не им го оспорува идентитетот, само на Македонците мора да им се оспори идентитетот, тие не смеат да имат континуитет со антиката. На крај е прашањето Грците колку имат врска со Хелените за кои знаме дека многу малце, дури речиси различни имиња имат народите кои денес живеат на територијата на Грција ( Грци) и оние од Антиката ( Хелени). Живееме на територијата на Македонија, на ова почва сме го примиле македонското наследство и денес сме ние тие кои се чувари и носители на тоа наследство и како такви сме должни да го предадеме на наредната генерација.
зборот не ми е за тоа! зборот ми е за сосема друга работа. Прашањето ми е како не може никој да види дека на народ кој му е оспорена самоидентификацијата, сопственото име, историја, јазик, култура, црква, па и територија тој народ е во процес на исчезнување. Ако погледнеме на историјата народите кои се наоѓале пред исчезнување или биле во процес на исчезнување, исчезнале токму на тоа што ги изгубиле горе наведените атрибути кои ги поседува секој народ. Историјата опоменува на тоа нашите интелектуалци ни мртви ни ладни не реагираат.
Нас не не интересира ни поблиското, ниту пак подалечното минато! Нашите политичари не гледаат ни прст подалеку. Не гледаат како нивните претходни марионети на западната империја беа фрлени во огин. Како Бин Ладен, Садам Хусеин, Августо Пиноче, Папа Док и останатите не го гледаат нивниот пример за да видат дека такви послушници како нашиве квислинзи и фашисти не можат поинаку да завршат  освен така како што и нивните претходници завршија како смет на буниште. Се разбира од кога ќе им ја завршат задачата која претходно им ја дале, а од кога ќе им ја завршат задачата стануваат смет на буниште. Така Папа Док владеше како диктатор на Хаитите во осумдесетите години со подршка на ЦИА, плачкаше и убиваше невино население, по ударот во 1987 година, него ЦИА не го заштити! Неговиот син Бејби Док со украдените пари избега во Марсеј. Денес тој Бејби Док трпи за леб! А неговата жена го има напуштено за неговиот прв комшија кој имал поубава куќа од него! значи ЦИА никого не штити, штити само кога има интерес, кога ќе и заврши интересот те пушта низ сито и решето. Не знам дали нашите политичари го гледат тоа или слепи се?
Е нашиве квислинзи, послушници на фашизамот тоа не го гледаат. Ниту Македонските, ниту пак Албанските политичари. Албанскиот политички фактор кој не е политички фактор, туку у фрлена марионета на западот за нивно влијание не само во Македонија, туку и на Балканот. Не знам само како не сфаќаат дека кога ќе им  завршат интересите на Балканот, а што очигледно дека Американските интереси веќе завршуваат, ќе завршат исто како и другите. Како Сиријците, Авганистанците, Ирачаните,Иранците, Либијците. Погледнете ги Либија и Либијците на што личат денес? И ако во минатото цела западна Европа одеше на печалба во Либија и нив ги жртвува. А кој вели дека и Албанците нема утре да се најдат во иста ситуација. Е за тоа да го знаеш треба да го познаваш минатото! Што се случувало во минатото! Минатото низ кое проаѓале народите, нивната историја, успони и падови, нивните грешки и успеси. Треба да го знаеш минатото за да ја увидиш сегашноста и добро да ја испланираш иднината. Нас ни треба таква стратегија за иднината. 
Историскиот пристап денес се користи во многу науки како што е психологијата или медицината. Што друго ако не е психоанализата на Фројд. Преку анализа на одредена личност враќајќи ја низ периодите на развојот на личноста  се бара причината за проблемите  со кои денес се соочува една личност. Таков пристап е потребен и спрема државата и народите. Проблемите со кои ние денес се сочуваме како народ и држава лесно можеме да ги најдеме во минатото. Со сево ова сакам да кажам дека нема сегашност без минато, нема иднина без минато. Не постои личност без сопствено минато. Не можат ниту држава и народ да опстојат без свое минато затоа што не би имале  на што да ја темелат својата иднина.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.


Thursday, June 18, 2020

ИЗБОРИ ВО ДИВОГРАДБАТА СЕВЕРНА





Коромпиранава фашистичка елита на севернава, црпките од десно и лево кој кобајаги ти глумат различни партии, а всушност едно исто друштво се! Едните се дирекни извршители, убијци, уништувачи на Македонија и Македонскиот народ, а другите се нивни асистенти, соучесници во целиот процес на уништување на Македонија и Македонскиот народ. Е тие елити минусирајќи го Македонскиот народ од целава приказна си се договорија на 15 јули да има избори.
Image
Им се брза и на двете фашистички послушни партии. На црпкиве на заев им се брза во очи на пандемијата и хаосот кој тие го предизвика да направата избори во дивоградбата северна. Во хаосот очекуваат победа! Малку народ да излезе за да можат со лесно да ги фингираат изборите преку нивниот познат метод на местење и лажирање на избори. за тоа тие сакат брзи избори, без учество на ОБСЕ ( Не дека во целиот процес нешто ќе помогнат) без наблудувачи така полесно ќе ги фингират изборите. Од друга страна пак, опозицијата за која како што кажавме во целиот процес на уништување на Македонија и Македонскиот народ се најде како асистент. Се плаши од неизлезност на народот, и така таа би била губитник на изборите. ДУИ пак има друг стравови се плашат дека ако се отворат гранците многумина од Албанците ќе заминат надвор од државата ( Работа што Албанците вобичајно ја правата за време на избори за да не гласат за нивните шерифи), па така и нејзините гласачки кути би останале празни. Тоа се желбите, стравовите, причините за брзи избори.
Од црпнативе на власт знаеме дека изборите се распишани за дивоградбата Северна. Опозицијата се уште не ни објаснила на кои избори ќе оди во северна или Република Македонија? На која држава Мицковски сака да биде премиер на севернава или на Република Македонија? Ако беше на Република Македонија  немаше да игра вака како што до сега играше и тој и неговата партија. Уште од моментот кога ставија печат на пржинскиот договор се виде дека ДПМНЕ е асистент во целава работа со промена на името и уништувањето на Македонскиот народ.
Кога сме кај изборите постои една дилем дали Македонскиот народ треба да учествува на повикот за изборите?  Пак ќе кажам на кои избори  и за кого за северна или Република Македонија? Си седам и си гледам во личната карта ми пишува дека сум жител на Република Македонија, истото ми го пишува на пасошот, во државјанството, во изводот од матичната книга на родените пишува дека сум роден во Македонија. Дипломите од училиште и од факултетот ми се издадени од Република Македонија. Е сега нека ми одговори некој нормален човек или правник како јас како државјани на Република Македонија треба да излезам и да гласам за дивоградбава северна. Нели кога ќе ме фатат ќе бидам казнет и за тоа ќе одговоарам. Нели со мојата документација ако гласам во Германија за бундестагот кога ќе ме фатат ќе ме казнат.
Ај што треба да учествувам во криминал, туку и нема и  за кого да гласам. Веќе со години не и верувам на опозицијата дека има цврсти ставови за враќање на името Македонија и државата на вистински пат, односно раскинување на пржински договор, бугарски договор, тиранска платформа, рамковен договор. за сега не сум чул дека опозицијата јавно и гласно тоа му го соопштила на Македонскиот народ. Ми текнува дека и во 2006 година на тогашните парламентарни избори Никола Груевски беше најавуван како човек  кој ќе му ја скрши кичмата на Али Ахмети. И што се случи ? После две години од владењето на Никола Груевски и ДПМНЕ, токму обратното се случи, токму на Груевски му ја скршија кичмата со упикувањето на Али Ахмети во владата преку мајскиот договор.
Јас најискрено сум на мислење дека од нивните ветувања нема ништо да има. Убеден сум дека и овој пат ќе се вадат на истата работа, Не можеме! Потпишано е веќе! Малечки сме! Македончиња сме! ќе се налутат нашите стратешки партнери. Мене не ме радува само заев да падне, ако не се врати името, не се заштити идентитетот, не се поништат срманите договори, тогаш што има фајде од падот на заев, кога останува се исто!  Сето тоа ни кажува дека СДС и ДПМНЕ се две крилја на една иста банда од еден ист орел. Прашањето е како да му се скршат крилјата на орелот?
Едноставно преку Револуција! Преку нови луѓе кои не се испрлале од миросот на орелот. Луѓе кои не ги чипирал и извалкал орелот. Мене навистина ми е жал што ВМРО-ДПМНЕ кои го имаше мнозинството од народот не ја искористи шансата за да направи револуција, да свика конвент ( Народно и Уставотворно собрание) како Французите кои организира народен конвент у очи на Француската револуција и така го натера тристалежното собрание да си поднесе оставка со што започна Француската револуција.  Тоа и ние можевме да го направиме! Но орелот на едното крило не му даде. Па така немаше ни која да поведе народ, ниту пак кој да организира народен конвент . Тоа е разликата помеѓу нас и Французите од време на Француската револуција. Па така додека се појави таква сила која ќе поведе народ и ќе организира народен конвент и ќе има сила да се сноси со тоа, за престојниве избори во дивоградбава северна нека ни биде слоганот СЕДИ ДОМА.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Saturday, June 6, 2020

ПАДОТ НА ИМПЕРИЈАТА 



Нас од сево ова ние најинтересно дека центарот на досегашната западна империја веќе гори. А тоа горење покажува една работа, а тоа дека империјата е веќе во изумирање. Досега непослушност на империјата и покажуваа одредени локални господари, локални провинции и тие поради тоа беа нападнати и пострада. Но во изминативе две недели сме сведоци дека и центарот на империјата Америка почна да гори, а тоа пак нужно води до заклучок дека империјата е веќе мртва! Во изумирање!.

Веќе две недели како во Америка не стивнува масовно лажираните протести и немири. Поводот за овие немири и протести беше убиството на Афроамериканецот Флоид тоа беше поводот , но целта и намерата е сосема друга, а која на сите нас ни е добро позната тоа е Доналд Трамп да се бутне од власта, да му се оневозможи следен избор во ноември, со тоа што ќе се оцрни неговото лице во очите на Американецот. На тој начин ќе заврши веќе поднесената тужба против длабоката држава, а највжно е старата екипа Клинтон-Обама да се врати на власт. Не за џабе е активиран Обама на протестиве, тоа покажува колку во длабок очај е длабоката држава. Веќе станува јасно дека корона операцијата имала за цел рушење на Трамп. Преку негов не реизбор пролета сметале дека земјата поради корона вирусот и затварање на американската економија власта во САД ќе ја превземе генералштабот во САД, па на тој начин ќе се решат од Трамп. Пошто планот А не им успеа пројдоа на планот Б што сега во моментов низ устанци, протести, востанија и немир се реализира.
Image

Колку за потсетување американската држава вакви фингирани сценариа со убиства на човек со кои го креваше адреналинот на народите за да се кренат на куртон револуции го имаше претходно креирано и во Македонија, претходно во Украина. Фингирана беше таксим револуцијата во Турција. Сценариот секаде е исто, бидејќи и нарачителот е ист. Додека две недели ги гледам и слушам овие случувања и настани во Америка, а неможам да не се сетам на таквите искреирани револуции, востанија и војни кои длабоката држава ги приреди на балканот во кои настрада огромен број на Срби, Босанци, Хрвати, Македонци кои во последниве триесет години им беа ченгелче за поткусурување. Не можам, а да не се сетам на Вејарче, Масакарот на мавровските работници, на убиството во смилковското езеро.
На истиот начин и истите луѓе ја носат куртон револуцијата во Америка кој што ја водеа куртон револуцијата во Македонија. Сорос, Антифа, Отпор, разни левичарски организаци ( ко бајаги левичарски ) како Солидарност, Ленка кој во суштина подржуваат неофашиза. Антифа една од организаците предводник на куртон револуцијата во Америка ги користи истите методи и средства како нашите куртон револуционери со фарбање, рушење на институции, дискриминација на противникот. Денес со истите средства Антифа ја крева куртон револуцијата во Америка. Антфа, вусшност е исто што и Канвас или Отпор на Срѓа Поповиќ, као демке преку пат на ненасилен метод  за промена на власта, а всушност нивното делување е токму преку насилни  методи да се урива легитимно избраната власт како што беше случајот во Македонија. Целиот проект беше смислен од Србинот Срѓа Поповиќ во деведесетите години. Од нив ЦИА го превзема проектот и го шири низ целиот свет онаму каде што таа има таргетирано влади и политичари што не и се по ќеиф како што беше случајот со Македонија, Венецуела, Турција и други земји. Создавајќи различни организаци под различни имиња како Отпор, Канвас, Антифа како демек се работи за различни организаци, а всушност се работи за една иста организација со различни имиња со една единствена цел како по насилен пат да се срушат  непосакуваните влади и политичари таргетирани од страна на империјата. Ама тоа уривање да биде све изведено од внатре во самата држава, без надворешна интервенција.
Нас од сево ова ние најинтересно дека центарот на досегашната западна империја веќе гори. А тоа горење покажува една работа, а тоа дека империјата е веќе во изумирање. Досега непослушност на империјата и покажуваа одредени локални господари, локални провинции и тие поради тоа беа нападнати и пострада. Но во изминативе две недели сме сведоци дека и центарот на империјата Америка почна да гори, а тоа пак нужно води до заклучок дека империјата е веќе мртва! Во изумирање!.
Американеците денес се поделија! Америка е веќе држава на поделено општество. Дали тоа ќе има поголеми импликации врз натамошното функционирање на државата и спас на Америка како држава ( А не како империја) тоа веќе ќе го гледаме во наредниот период во зависност од тоа како ќе се одвива ситуацијата. Америка во својата историја имала една голема граѓанска војна со тешки последици и со се уште не извлечливи рани. Поделбата север и југ кој во граѓанската војна беше проследен од различни политички гледишта, но и од верски импликаци север протестанство, југ католицизам! Може и денес да се разгорат старите страсти и несогласувања помеѓу северот и југот што би можел да доведе до поделба на САД на два дела.
Американците можеби за првпат во историјата доживуваат вакви револуции, шарени, кадифени, куртон револуции, и ако нивната држава беше нарачател и спонзор на вакви револуци во светото, вклучително и кај нас  во Македонија. Можеби ние сме во предност пред нив што ние имавме искуство со куртон револуција, али Американците за сега го имаат цврстиот Доналд Трамп политичар со цврста рака, нешто што ние го немавме за време на куртон и пред куртон револуцијата, а кој на нас ни беше потребен за да апси и притвара, да води истраги, да спречи уривања на државата, за разлика од нас Американците за сега имат кој да апси, притвара и да води истрага и да спречи уривање на државата.


Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...