Monday, February 24, 2020

ЧЕ СИ ЛЕЖИТЕ 



Че си лежите често спомнувана реченица за време на шарената револуција како закана за противникот кој тогаш требаше да се симне од власта. И сега од страна на опозицијата можеме да ја слушнеме истата реченица че си лежите како закана спрема инталираната фашистичко окупаторска власт кои тие ја прогласија за легитимна. Во реалноста дали навистина че си лежите? или само тоа е фраза на заплошување или изразување на револт спрема власта? Може да се види од шарената револуција дека беше користена таа фраза како закана спрема тогашната власт, но од лежењето нема ништо и ако постоеа закони спрема тогашната власт ни една крупна риба како мијалков не заврши во затвор туку напротив само некои ситни риби завршија во затвор или се во процес на судење. 

Прашањето е дали и овој пат че си лежите ќе се оствари или пак ќе остане само обична фраза и само ситните риби од сегашнава фашистичка власт ќе завршат во затвор додека главните риби кои ја доведоа до ова дериџе државава ќе си останат на слобода. Тоа веќе и се постигнува веќе со политичка разрешница на бомбите наместо со правна разрешница и судски процес. Станува јасно дека целта на бомбите на црпкана муртинска беше рушење на претходната легална власт како што и сите знаевме, како и за користење на уцени на пратеници за гласање и купување на пратеници. Секако црпката муртинска се надеваше на политичка разрешница со анкетна комисија на случајот пуч, а не правна и судска разрешница како и што би требало.
Системот на курто и мурто е таков што и овој пат само некој од фашистичкава власт некоја ситна риба ќе заврши во затвор, додека несреќава ќе остане на власт бидете сигурни во тоа! Системот на курто и мурто им го овозможува тоа. Затоа и тој беспрекорно функционира сите овие триесет години и опишан во реченицата Ти мене војводе ја тебе сердаре! Или како што народот кажува народот ти мене јас тебе. Така се ќе заврши.
Сега да се освранм на програмата преродба на Македонија на ДПМНЕ која е преродба на Македонија, но во некоја друга смисла како градење на школи за кои веќе нема деца да учат, спортски сали за кои нема повеќе деца да учат, поефтини авиобилети за еден правец за да можат сите да се иселат. А за основите на кои почива една држава нема ни збор. 
Еве во што би требала да се состои преродба на една држава:
- враќање на уставнот име на државата;
- раскинување на страмните договори со Грција, Бугарија, Тиранска платформа, Пржински договор;
- одржување на уставотворно собрание и создавање на нова македонска држава;
- раскинување на рамковниот договор и територијална поделба на македонија;
- менување на правецот на политиката во меѓународните односи ( на приемер прогласување на неутралност на државата);
- раширување на играта со името во меѓународната игра и нејзино држење во фокусот на јавноста;
- остварување на соработка со сите добронамерни држави и народи од сите страни на светот;
- Средување на работите на домашен терен, менување на свеста на народот;
- Јавната Администрација треба да работи за народот да биде слуга на народот од кои треба да се плашат како нивни странки, а не ние народот кога треба да ни се средат нашите работи  во институтиците се плашиме од нив дали некоја работа ќе ни ја средат.
- одржување на попис на населението. 
Моето прашање зашто нема ниту една работа од набројаниве на агендата на ДПМНЕ не ли тие се македонска партија и чувари на Македонија. Само за власт е работата. Се останато не е битно.
Така да јас ќе си гласам за партија која ќе ми ги вети сите овие горе набројани точки. За сега единствена партија која ми ги гарантира овие точки е партијата РОДИНА и ако е во фаза на зародишто тоа не треба да не разочарува, бидејќи и ништо да не направи за брзо време бидете сигурни дека ќе дојде нејзиното време. Идеите имат свое време на создавање, свое време на зрење и свое време на реализација и спроведување, па така е и со Родина и ако е таа во фаза на создавање и зрење, но сигурно е дека ќе дојде нејзиното време за спроведување на нејзините идеи во пракаста.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Sunday, February 16, 2020

МОЈОТ ИЗБОР Е МАКЕДОНИЈА





Неделава што пројде црпнатиот и фашистички парламент на инсталиранава дивоградба северна го ратификуваше протоколот за прием на дивоградбава северна во НАТО. Не треба да има паника и вознемирување поради две причини. Прво, како што се влага во НАТО така и се излага и второ во НАТО влезе дивоградбава северна, а не Република Македонија, па така НАТО доби непостоечка држава во неговиот состав која правно не е легитимна, во ООН не постои како држава. Што значи дека и договорот за влез во НАТО е нелегитимен.


НАТО нема светла иднина да се знае! видовме со последните настани во Иран  дека е готово. Во оној миг кога земјите членки на НАТО кога требаше да застанат против Иран, а на страна на САД истите тие земји членки се повлекоа. И тогаш Трамп кажа дека со ваквото однесување на земјите членки зошто НАТО да постои и навистина бадијала е неговото постоење. НАТО постои од времето на студената војна како контратежа на Варшавскиот пакт. Пропаѓањето на источниот блок и варшавскиот пакт го постави прашањето од потребата за постоењето на НАТО како воен сојуз? После падот на варшавскиот пакт НАТО немаш зошто да постои, заканата за западниот свет веќе исчезна. За да можат да го одржат постоењето на машинеријата НАТО, самите почна да создаваат разни групи, Терористи, исламски фудаменталисти, талибанци, муслимански браќа, ИСИС, ИСИЛ, ДАЕШ као закана за западниот цивилизиран свет и секако како оправдание за постоењето на НАТО. Денес се позивесно е дека НАТО би проживеал барем уште некоја година.
Во овие турболентни промени што му престојат на светот и на ЕУ нема да и биде лесно да преживее! барем не во ваква форма во каква денес се наоѓа. ЕУ беше замислена да функционира како заедница на региони иако најпрво започна да функционира како европска економска заедница за јаглен и челик. Суштината да се изгради ЕУ како заедница на региони а не на држави лежеше во фактот што во Европа се лошо поставени границите помеѓу сите европски држави најчесто во војни, па така денес скоро сите европски држави имат свои дијаспори, односно малцинства во соседните држави. За да нема постојано војни на секои 50-тина години за поместување на гранците помеѓу државите. Затоа беше Шумановата идеја за создавање на заедница на региони како што е на пример албанскиот регион, тоа е првата фаза создавање на региони, а втората фаза е кога тие региони ќе треба да прејдат во нови национални држави со што на тој начин ќе се исправеа грешките на лошо повлекуваните гранции во војните и гршките на претходните политики. Една од причините за бришење на Македонија и македонскиот народ е да не се создаде македонски региони во кои би влегле и територии од соседните држави. Бугарија и Грција всушност на големо сакат да го спречат создавањето на македонскиот регион.  Идејата за создавање на заедница на региони е веќе мртва! Стана мртва во оној момент кога од европска економска заедница одлучија да направат држава Соединети Европски држави по примерот на САД. Идеја која секогаш била утопија поради различните историско -општествени околности низ кои Европа и европските народи минувале низ текот на историјата. 
Судбината на ЕУ после брегзитот стана неизвесна, едно е сигурно дека излезот на земјите членки од унијата ќе се забрза, народите на Европа се незадоволни од унијата. А чим Сорос во два наврати кажа дека ЕУ е мртва, сигурно дека е веќе мртва.
Во последно време ме утепа на Facebook затоа што сум постирал амерички песни и музика, ме прогласија за проамериканец, антирус и.т.н.Веќе не знам колку пати да кажам дека мојот ста е тоа дека јас сум за неутралност, неврзаност на Македонија во меѓународните односи во поглед на надворешната и воената политика и тој став си го бранам со години. Да точно е тоа дека во мое време живеев и сум  растен со американска музика и филмови, по што немаше друго. Инаку мојата америка е она од 60-тите и 70-тите години, она америка на хипи движењето, окупирај го вол стрит, на рок и поп музиката од 80 тите години, на стрип серијалите Бетмен, Химен и Супермен. Но тоа не значи дека дека ќе навивам за нивната дегенерисана политика и корумпираниот банкарски систем. Прво имам чуство и сенс да видам дека западниот свет вака како што е поставен се претвара во тоталитаризам, она што беше СССР. Не можам да навивам за тоталитаризам, за систем што дегенерира, систем кој е спротивен од моите демократски и слободарски размислувања. Знам дека во Христијанска Америка пред 60 годин не смеше да се зборува за теорија на еволуција, во школите децата не смееа да учат за неа, ако некои професор по биологија земеше да предава беше даван редовно на суд од страна на родителите каде што родителите ги добива битките, денес сликата е сосема спротина. Ова денес не е мојата Америка јас која ја познавам, веќе не ни можам да ја препознам.
 На мојот блог каде што ги објавувам редовно моите текстови може да се види дека секој или втор текст  ми е против западната политика најмногу американската политика. Да би ме читал некој од амбасадорите сигурно дека би ме прогласиле за перосна нонграта со забранет влез во САД.
Но тоа не значи дека ако сум против Америка дека ќе одам во Москва  да се прекрстам, односно дека ќе почнам да навивам за Русите. Факт е дека со враќањето на  Русија на политичката сцена во периодт 2006-2009 година  веќе светот полесно дише. Факт е дека Русија понуди нов концепт  во меѓународните односи и уредување на светот, за меѓусебна соработка помеѓу народите и различните култури. Тоа е факт кој не смее да се негира, туку треба да се подржи, но тоа не мора да значи дека поради тоа јас сум Русофил. Сметам дека тој нов концепт како што е концептот на Владислав Шураков за суверена демократија, односно владеење на мнозинството што го нуди Русија за уредување на светот го гледам како добробит за Македонија и останатите народи. Алтернатива човекот во политиката треба да им макар и тоа била Русија, но тоа не треба да не прави русофили. Досега нашите политичари како стап беа залепени за Брисел и Вашингтон, зарем ние ќе ја продолжиме истата политика од Брисел и Вашингтон ќе се залепуваме за Москва?  А зошто кога наша одредница треба да биде Македонија и Македонскиот народ. Мојот избор и за кого јас навивам е Македонија и никој друг.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Sunday, February 2, 2020

ЗА ШУМАРИТЕ И ПЕЧУРКИТЕ




Неделава ми помина во внимание на неколку настани што повторно ме трогна да размислувам на темата за која досега сум пишувал многу пати Македонската интелектуална елита. Жал ми е што морам да го констатирам фактот дека Македонија нема интелектуална ( мислечка) елита, туку печурки бре! Печурки кои служат6 за газот на газдите кои ги направиле, демек елита со диплома, а мозок ни малку.
Image
Елитата преставува одбрано друштво кои со своите способности, знаења, умеења и вештини се издвојува од останатите луѓе во општеството, како издевоена елита со своите знаења, вештини и способности има единствена цел да помогне во развој и подобрување на човештвото и да работи за негов добробит. Поради таа цел елитата честопати се жртвувале себе си и својот живот. Да речеме се откажувала од создавање на свое семејство, но за таа сметка таа е компензиран со тоа што останувала во историјата запаметена како таква од следните генерации.
Јас цели 28 години го поминав во образование, најмногу од моите 32 години ми помина во образование. Два факултета завршив и во целиот мој живот сум бил во допир со луѓе со титулите М-р, Д-р. Од впечатоците што сум ги имал со нив можам да го кажам следново, нашиве учени се однесуват како некои да се недопирливи за обичните луѓе, за нас смртнициве, како да  се некој олимписки богови, како да се нешто над нас! а везе немат ни од реален живот. Гледате сите се замолчеја сега кога на Македонија и требаат. Цел Правен факултет Јустијана Прима заедно со деканатот никој не се одважи да ја брани државата, уставот, правото кое нивна основна струка, пострашно нешто од споствената струка и професија да ти биде газена нема.
Е сега да се осврнам на коментарот на почитуваниот професор Горазд Росоклија кој во коментар на Фејсбук запраша дали членовите на родина се познати, што имат зад себе? дали имат образование? што постигнале во животот? и сл. Се прашувам зарем мора ли да се познати, зарем мора ли да имаат титулари М-р, Д-р и незнам што, доволно е што се Македонции и работата за доброто на Македонија.
Почитуван Господине Горазд Росоклија веќе триесет години како во Македонија владеат печурките, односно оние со педигре како Владо поповски, Владо Камбовски, Доста Димовска, Васил Тупурковски, Денко Малевски, Ѓорѓи Марјановиќ, Јане Миљовски, Софија Тодорова, Томислав Чокревски, Љубомир Данилов Фрчковски, Владо Бучковски, Рената Десковска, Каролина Ристевска -Астеруд, Гордана Силјановска -Давкова, Трајан Гоцевски, Ферид Мукиќ, Марија Ташева, Нано Ружин. Се со М-р и Д-р и што е Македонија после нив? Жив потоп во кои стигнавме до фазата на само исчезнување да останеме без држава, скитници и чергари да постанеме. Јас можам да ја разберам политичката елита, таа е конформистичка секогаш загрижена за својата позиција  која со сите средства се обидува да ја задржи власта која веќе ја освоила. Но неможам да ја сватам интелектуалнава елита која е совест и свест на народот. На мене единствено објаснување што господава такозвани интелектуалци се однесуваат е тоа што во животот тие добиле све на поклон на тацна преку разни политички штабови ( ЦК на СКМ, СДС, ДПМНЕ) стигнале на позиција или моќ, си ги тераат своите сопствени лични интереси, не ги брига за општиот интерес на народот и државата и еве ние стигнавме до денешново дно до кое се наоѓаме.
Интелектуалците не оставија без образовна политика, без здраствена политика, без социјална политика, без алтернатива во надворешната политика, не оставија без избор само со една алтернатива, а велат дека имат знаење, а во надворешната политика ни рекоа дека ние само еден е изборот НАТО и ЕУ. За тој избор немаше ниту критицизам од нивна страна, ниту пак се спроведе дебата на тема зошто ЕУ ние едниствен пат без алтернатива? што губиме, а што добиваме и.т.н. Ниедна дебатна емисија во последните дваесет години не се направи на ваква тема. Ниту пак интелектуалците успеа да ја доволаат унијата пред очите на нивниот народ. Ниту пак сега нема дебатна емисија од страна на интелектуалците за алтернативен пат Евроазија или неутралност.
Деновиве кога се дебатираше за законот за јавно обвинителство можевме да ја видиме Фатиме Фетаи која повика при избор на јавен обвинител да биде вклучена и европската канцеларија во Македонија, да не речема Брисел. Видете кога некој ќе повика некој друг да му избере, да одлучи место него, тоа значи дека слободно си повикал некој да те окупира, да ја има власта над тебе, да владе и да прави пипирефка со тебе, токму на тоа се повика Фатиме Фетаи. Која повика на отворена окупација  на институците од страна на ЕУ. Е сега да прашам чиј кадар е Фатиме Фетаи? Од кои факултет произлегла женава? Се разбира дека се знае на Јустијан Прима! Судите, јавните обвинители, адвокатите, специјалката Ката сите се производ на правниот факултет Јустијан Прима. Епа Зошто се такви какви што се? Единствено објаснување е затоа што кадрите на правниот факултет се такви какви што се слаби, ете ги тие со М-р и Д-р колку вредат. Ако на тоа се додаде дека ниеден наш со М-р и Д-р надвор од државава не е вреднуван, ниту една негова книга не е печатена или преведена на странски јазки, на странски универзитет каде што студентите во странство ќе учат по неа! јасно е колку е нивната вредност.
Времето што доаѓа е времето на шумарите, време на обичниот народ. Ги видовме овие во костуми со М-р и Д-р! Македонија после нив е потоп. Затоа време е Македонскиот народ да си ја земе судбината во свои раце, да ја врати Македонија на вистинскиот пат, да ја создаде Македонија на цврсти темели со свои атрибути и да создаде нова вистинска интелектуална елита која нема да биде како ова што досега ја гледавме.
Ни престои вистинска и макотрпна работа.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Saturday, December 28, 2019

РАБОТИ И ПРАШАЊА ШТО МЕ МАЧАТ 






Деновие се мачам! си размислувам што се случува! нешто не е во ред со мене или работава е со луѓево. Две години како Македонија е под окупација ! Сменето и, е името! Македонскиот народ од народ е симнат во коса црта! Во тек е ревендирање на македонската историја. Грците ќе си ја земат антиката, Бугарите средновековната, а Србите југословенската историја. Албанците ни го воведуват албанскиот јазик за втор службен јазик со што започнува процесот на федерализација и кантонизација на Македонија нешто налик на Швајцарија или Босна и Херцеговина.
Image
Прашање или работи што ме мачат е кој ќе не одбрани? Колку што можам да видам дека никој, ниту пак има некој да не одбрани, ние како македонски народ со години сме сами оставени сами на себе си да се браниме и тоа ние обичните луѓе го правиме. На моето прашање каде ни се интелектуалците? Каде ни е интелектуалната елита? Нели таа ние совеста на народот, општеството и државата? Нели тоа е првиот браник  во одбрана на народот и државата? па каде се? Никаде ги нема. Колку што можам да видам во последните неколку години си замолчеа, оставајќи го народот сам да се брани. На мојот правен факултет “ Јустијан Прима“ на кој јас студирам сите молчат! Единствено  професорката Тања Каракамишева-Јовановска има храброст  јавно да застане во одбрана и заштита на националните и државните интереси. Останатите сите молчат! Убаво им е! И додека им го кршат  правото и уставот !Докторите на правни науки навистина со извинување стануваат смешни и патетични кога пред сопствени очи им го кршат правото и уставот, а тие се  праваат дека не е ништо страшно, а нема пострашна работа од тоа да ти се гази сопствената професија и струка. И преку тоа може да се види колку им вредат сите дипломи. Земете ја Рената Десковска  професор по уставно право, Доктор на правни науки. Не знам женава кај кои професори полагала и кај кој учела, кој и дал диплома. Али навистина да гледате пред вас како се крши уставот и правото, и така да си дремете без да гукнете, преку тоа може да се види капацитетов на женава и се друго останато. можам да ја сватам  и партиската припадност и идеологијата, но неможе да се замени тоа за нешто што се вика право! Пред правото треба сите да молчат, бидејќи тоа кажува за состојбата како што правилно би требала да биде.
Не можам да чујам ниту пак некој од мојот претходен факултет Филозофски Факултет на кои студирав да се јави. Ниту некој историчар, филозоф, социолог да се јави. Со исклучок на професорот Љубомир Цуцуловски кои како филозоф со своите анализи се најде на бранкот на одбраната на македонската држава.
Работата која што ме мачи е токму тоа зашто е тоа така? Си викам со мене нешто не ли во ред што имам храброст нешто да напишам, и покрај тоа што две години ме блокират на интернет и покрај тоа што влегов во конфликт почнувајќи од мојата фамилија и мојата околина поради моетот вакво пишување. Си викам нешто не во ред со мене или со човециве нешто не во ред! Ако не си одговорам сам на прашањево, нема кој да ми одговори. Затоа сам ќе си одговорам.
Пред се на Македонија и требат вистински и прајски луѓе! Луѓе без влакно на јазикот. Луѓе со идентитет и интергритет, стручност и професионалност. Луѓе кои не се корумпирани и кои не дозволуват да бидат корумпирани на јавна сцена. Луѓе кои општото добро на државата и нацијата им е на прво место дури и пред сопствениот матрејален интерес.Како што и претходно кажавме такви луѓе во моментов во интелектуалната и политичката елита ги има малку речиси воопште ги нема. Сигурно е дека ги има во обичниот народ. Многу пати до сега имаме констатирано дека ѓубрето парадира на сцена цели дваесет години, за сметка на тоа луѓето со вистински вредности се фрлени во кал и тоа е нешто што во иднина мора да се промени.
Зошто тоа е така? Едноставно е! Големите луѓе кои светот ги имал пред се биле силно изградени личности со свој идентитет, интегритет, образовани, самостојни, растеле во нормална средина и опкружување. Сигурно големите луѓе дозволиле животот сам да ги води, а тие оделе по патеката по која и го направиле изборот да се биде ли во животот задоволен само со матрејален интерес, односно биолошки начи на живот или да се има нешто повеќе некоја повозвишена цел од матрејалното богаство. Возвишената цел не ја раѓало само образованието, ами и идеологијата и религијата. Е тука ние сме долу! Со самиот распад на источниот блог заврши ерата , тогаш започна ерата на интерес и затоа нека не ве чуди зошто нашите политички партии се шупливо празни како и најголемиот број од светските политички партии. Што се однесува до религијата ние како Христијани се откажавме од неа многу одамна и кога се распадна комунизамот  и се врати на сцената религијата, кај нас не се врати вистинското христијанско верување, туку напротив се вратија некакви обичаи и традиции кои немат блага веза со христијанството, стар и нов завет. Прво тоа стана присутно кај нашите свештенииц и тука го наоѓаме одговорот зошто тие така се однесуват ладнокрвно, дури неплашејќи се од божја казна. Секако дека тие ќе се однесуват така  кога тие знат за бога онолку колку што и јас знам за архитектура ( за архитектура ама баш ништо не знам) затоа и нека не ве изненадува тој факт. Ако тие што се декларират за слуги на Бога така се однесуват, а што очекувате тој народ како да се однесува.
Политичка партија не може без идеја, идеологија таквата партија е како празна тиква. Исто така не може без идеја, идеологија и без возвишена цел ни животот на човекот, на оној човек кој се одлучил својот живот да го живее со повозвишена цел. Токму живејќи го животот со повозвишена цел историјата ги родила големите луѓе како Јан Хус,Мартин Лутер, Че Гевара, Боливар, Галилео Галилеј, Исак Њутон, Гоце Делчев и останатите.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Friday, December 20, 2019

БРЕНДИРАНИОТ КОСТУМ И РАЃАЊЕТО НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА 





Неделава така ми пројде од тантежи и настани како во ова наше поднебје така и случувањата во светски рамки.  Сума сумару се на све што се случува во светски рамки  ми кажува дека светот се наоѓа пред голема пресвртница, старото умира, а новото се раѓа! И ако за новото треба време да се роди, а за старото треба време да се искорени. Но едно е важно дека тој процес е веќе започнат.
 Image
Таман си рекол дека на светската сцена започнале промени. Мислиш дека барем од малце започнале и кај нас, барем малце нашиве политичари сватиле што се случува во светот. Кога гледаш сосема спротивно. Ете ја брендираната Рада северџанка во посета на мртвото НАТО каде не можеше да си го најде знамето на сопствената држава. До душа таа не знае ни во која држава е родена, ни од каде доаѓа, ниту пак каде живее, ниту па на кој народ припаѓа. Не разбира и не сваќа од малце, дека нејзиното сакано НАТО за која таа се токми  да биде амбасадор на диво градбата северна ( која не е призната од ООН) е веќе клинички мртво. Кога најголемата членка на НАТО, Америка ладнокрвно се откажа од него, јасно е до каде е стигната работата. На сите во светот на црно и бело тоа им е јасно! само на нашиве дегенерици тоа не им е јасно!.
Вториов брендиран костум ми е оној албански дегенериг Османи на кои исто така не му е јасно дека светот не 1991 година или 2001 година, па мисли на мускули дека со големиот брат ќе истурка се на сила. Албанските политичари ( а не албанскиот народ) не сваќат дека денешнава Америка  не е иста како и она од 2001 година. Како што и светот не ист, а ниту и балканот не е ист како и оној од 2001 година.  Па така има прашања до дотучниот Османи  со кои пари и средства ќе води војна и со чива подршка? видел ли дека НАТО е веќе клинички мртовец? Него не му е ли јасно дека Американците сакат да се ослободат од Албанците како што се ослободува од Ирачаните, Авганистанците, Сиријците и останатие. На него не му е јасно! Ама на неговиот лидер во Тиран, на Рама сосема му е добро јасно! Гледате дека не регира што на ниеден форум и конференција Косово не покането! Не реагира што државите во светот го повлекуваат признавањето на Косово. Чисто му е јасно дека се е завршено.
Многумина мислат дека Западот и Америка сакаше да креира голема Албанија на Балканов. Реалноста е сосема друга , токму и со таа мандра сакаа да ги натерат Албанците да веруваат дека тие ќе им креират голема Албанија со тоа ги врза за себе да бидат нивни слуги. Сега кога употребната вредност на Албанците заврши, за жал по се изгледа и тие ќе завршат како Авганистанците, Ирачаните, Сиријците...
Фактички овие двајца го преставуват брендираниот костум, односно старата школа која е веќе во изумирање. Мислат дека со брендираниот костум од версаче, елеганцијата и скапиот накит мислат дека го надминале и Бога, а длабоко во себе знат дека се мртви! како брендираниот костум се ништо ! Мртви се по што не разбират што се случува во светот! Не ја гледат големата игра која пред нивни очи се игра, а која одлично ја гледа обичниот Македонци, Албанци и останати народи. Не гледат дека Британскиот брегзит не се одложува, туку се спроведува на дело,а со кои започнува распадот на нивната европска империја, не гледат дека Америка се повлекува од блискиот исток, не гледат дека американските сојузници ( Израел и Саудска Арабија) ја напушатат американската политика. Се уште се убедени дека империјата и кралот се вечни. Импери имало, ќе има, ама истите како доаѓале така и си оделе! отворете историја консултирајтесе со неа, па ќе видите дека сум во право.
Наспротив брендираниве стои чиста маса на обичен македонски народ кој е добро информиран и знае што и како се случува во светот. За сега од сите движења и опции кои се појавија  помеѓу народот, можеме да констатираме дека Родина  за сега со својата програма  има најдобар концепт за тоа како да се изгради  и развива иднината на Македонија. Луѓето од Родина го имат согледано и сфатено новото време кое му престои на човештвото и промените кои тоа ново време ќе ги донесе, па така од она што можеме да го видиме  од нивната програма е изградена во корелација со тие нови промени кои што доаѓат, особено нивната програма за Ре-државизација на Македонија, односно враќање на државата на народот е одлично смислена во корелација со она што е светски тренд.
Само едно незнам колку луѓето од родина ќе се држат до неа и ќе умееат да ја спроведат, се надевам дека се работи за обични непознати луѓе од обичниот народ кои на сцената до сега се немаат пројавено, тој факт ми дава надеж дека не се исти како СДС-ДПМНЕ.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Comments

ЗАПАДОТ СИ Е САМ КРИВ 





Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империте не биле вечни! имале свои период и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање. 
 Image
Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори  со Авганистан  за прекинување на огнот  и за започнување на соработка. Тоа  е дел од неговата политика  за норамална соработка помеѓу народите и државите во секаков поглед.
Другата работа е уште поинтересна! а тоа е што довчерашните сојузници на САД, Саудиска Арабија и Израел наеднаш започна со интизитивна соработка со Русија. Сите сваќат дека досегашната политика и сојузништво со САД не им донесе ништо добро ниту на Евреите, ниту пак на Арапите. Па затоа Израел бара Русија да биде главниот посредник во Израелско-арапските мировни преговори. По тој повод шефот на Мосад  Јоси Коен на овогодишниот самит за безбедност кој се одржа во Ерусалим со учество и на Русија и Путни тој кажа дека придонесот на комуникацијата со Кремал  го нарече како „ Еднократен прозорец на можности“ за да се постигне Израелско-Арапски мировен договор за првпат во историјата на блискиот исток. Шефот на Мосад дури и изјави дека Мосад за првпат во историјата  шпионира луѓе за да може да постигне регионално разбирање кое би довело до опфатен мировен договор.
Можеби кај нас многу малце се знае дека за Израелско- Палестинскиот спор фактички е крив западот пред се Велика Британија кој го владеше тој терен се до 1933 година кога го напушти тој терен оставајќи ги да се чавелѓат измеѓу себе. И она што е најтрагично е тоа што западот во изминатиов период  не ги остави да постигнат никакво решение. Израелците и Арапците се деца на Аврама од неговите двајца синови Јаков ( Израелците) и Исмаил ( Арапите) луѓе кои се слични помеѓу себе, бидејќи потекнуват од ист татко. И не можат да го решат својот спор благодарејќи  на уфрлањето на западот да го менаџира нивниот спор, наместо да ги остават сами да си го решават својот спор и еве до каде се дојдени сите сме сведоци, до ситуација каде не можат да најдат решение за нивниот спор, бидејќи им се уфрлил некои странец, трета страна кој воопште не знае зошто е нивнот спор, ниту пак е поврзана со нив.
Кога сме кај изјавата на шефот на Мосад  интересно е да се се истакне и следниов говор на шефот на мосад  „ Израел верува дека мировните договори со Арапските државие погоден предуслов за обезбедување на опстпјувањето на Израел и природно е дека нашиот Руски сојузник да го подржи ова наше барање.“ 
Горе кажаната реченица ни објаснува све! ни кажува за промените во политиката на Израел спрема Арапите  и Блискиот исток. Израелците станале свесни дека единствен услов за да опстојат во светот во кои се менува треба да водат политика на соработка и разбирање. Затоа име е потребна Руска помош и руско посредство за постигнување на преговори со Арапите. Русија сигурно ќе излезе како посредник во израелско-арпаскиот договор. Путин изјави дека две децени е подржувач на израелската држава. Фактички со промените во израелската полиитка завршува и старата мантра која е погрешна интерпретација на стариот завет. Според стариот завет Евреите се избран народ да го преставуват вистинскиот бог во светот, а не да владеат со светот. бидејќи светот припаѓа на сите луѓе кои живееат во него.
Кога Израел е на таков степен на загрозеност, раскаран со сите народи околу него и кога тој Израел може да направи расчекор и да разбере дека единствен начи да опстои е да започне мир, соработка и со живот со останатите народи. Може ли кај нас да настанат промени и во нашата политика? Проемните кај нас во нашата политика ќе зависат од тоа што ние сакаме? која е нашата цел? видовме на Израел целта е да опстои! дали и нашата цел е иста, тоа ќе зависи од нашата дефинирана политика и од тоа што ние сакаме да постигнеме. Ако е нашата цел да опстоиме како народ во новиот свет, тогаш тоа треба да го поставиме како приоритет на нашата политика, да ја дефинираме таа политика и да поставиме како таа цел и со кои средства и на кои начин тоа ќе го остварме.  Кого ќе викаме на помош Русија, Кина и сл. Тоа ќе зависи од нашата самодефинирана политика. Нашата политика во изминативе триесетина години се заосноваше на тоа каде сите овци таму и ние. Сите за влез во ЕУ и НАТО ! па така и ние.
На крај за сите овие промени западот си е сам крив! тој два века низ цел свет направи пустош. Во неговите амбиции да владе со светот , да ги разграба сите ресурси и природни богаства, од рушење на легално избрани влади и нивно буткање па се до разни пучеви со кои беа донесени на власт миленици на западот, сето тоа допринесе никој повеќе да не им верува вклучувајќи ги и нивните народи. Западот си е сам крив за ситуацијата во која денес се наоѓа.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ?





Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизамот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизамот и комунизамот се изедначуваат како малтем да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го укра денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.
 Image
И навистина ! кој ли е крив?

Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната причина за втората светска војна.
Светот во деветнаесетиот како и на почетокот на дваесетиот век се наоѓа во добата на врвот на империјализамот, светот се најде поделен помеѓу тогашните големи сили, Велика британија, Франција, Шпанија, Португалија, Холандија, Данска. Тоа беа силите по кои тогашниот свет беше поделен. Меѓутоа деветнаесетиот век е период на национал романтизам, национално будење на европските народи.Започнува процесот на обединување и национално освестување на европските народи. Германија и Италија се обединија, порасна во еврпски држави,  почна да зачекоруваат на европската политичка сцена. Но тогаш во тој период светот беше поделен помеѓу горе спомнатите европски колонијални сили, ресурсите, природните богаства,нафтата се беше поделено помеѓу нив. За Германија немаше место помеѓу големите сили на империјалниот свет. Тоа беше и основната причина за водењето на првата светска војна, прераспределбата на ресурсите и моќта.
По првата светска војна, Германија како губитник на војната и со одлуките на версајскиот мировен договор, на Германија и се одземени територии, обврзана е да плаќа огромен данок спрема победниците во првата светска војна. Рецесијата и депресијата во 1929-1930 година, негативно влијаела врз економијата уништувајќи ја целата нејзиан економија, произведувајќи најразлични ломови на микро и макро ниво. Во 1933 година за да купиш еден леб, Германецот требало да плати една вреќа со пари. Тоа доволно ни кажува за ситуацијата во која обичниот германски човек се наоѓал.
Само глупавиот човек во тоа време би поверувал дека нема ништо страшно да се чека, дека тоа туку така ќе пројде. Економската криза и депресија силно предизвикуваат социјална криза, социјалната криза предизвикува политичка криза, а виновникот секогаш се бара во некој друг. На пример за Германците беа виновни Евреите, не сите Евреи, прво банкарите, пота затоа што имат друга боја на кожата и им мириса страшно, па  на крај затоа што го предале Христа и работите отидоа во јабана.Така поразената и економски уништена Германија дваесет години после  првата светска војна  тргна во уште една војна. Причината е истата, прераспределба на моќта, ресурсите, нафтата, прераспределба на колоните, тоа е причината за втората светска војна, поводот е нацифашизамот.
Идентификувајќи ја причината за втората светска војна како вина  во западниот империјалистички колонијализам доаѓаме и до целта за тоа кој е виновен за избувнивањето на втората светска војна. Се разбира дека на првото место е западот и неговите колонијални сили Велика Британија, Франција, Шпанија, Португалија, Данска, Холандија. Тоа добро го знаеше британскиот премиер Вистон Черчил кој влезе во втората светска војна знаејќи дека цената која што Британија ќе треба да ја плати за да биде победник е крајот, односно прераспределба на британската империја и тоа се случи Британија излезе како победник во втората светска војна но цената на таа победа беше крајот на британската империја и тоа и се  случи.
со оглед на тврдењето 

Фашизамот и комунизамот не се една иста работа

Со оглед на тврдењето за изедначување на фашизамот и комунизамот како една иста работа со цел да се префрли топката на СССР како главен виновник е навистина неточна работа. Фашизамот и комунизамот се две сосема спротивни работи. Фашиазмот се повикува на величење на една нација и е насочен против другите нации. Дека комунизамот се повикуваше на интернационализамот , на изумирање на нациите, народите и државите, тој беше анационален. Теоретски тие се сосема две различни работи. Се согласувам дека во комунистичките тоталитарни држави ( кои не беа заосновани на правата идеја на Карл Маркс) имаше премногу жртви од политички причини, како што беше голи оток, Сибир на Сталин И.Т.Н.  И за таквите злостворства навистина треба да се суди. Но тие злостворства направени од тоталитарните режими не се исто што и злостворствата на Хитлер направени спрема Евреите и другите народи. Целта на злостворствата кај тоталитарните режими не е водена од иста цел како и злостворствата во Хитлерова Германија. На крај злостворствата на комунистичките режими беа направени со цел заштита на политичкиот режим од противникот, а не беа правени од расистички причини како што беа правени злостворствата во Хитлеровата Германија.
Втора работа е тврдењето дека СССР имала различни договори, преговори, соработка со Хитлер, па дури и посета на Хитлер на Москва. А што е со западот, зарем западот не колабираше со Хитлер, зарем тие нема соработки и договори со Хитлер? Зарем само Москва имала или само нејзиниот се зима во предвид. Доволно е да се знае дека помеѓу финансиерите и подржувачите на Хитлер беа Форд, Престон Буш, Таткото на Џон Кенеди. Така да соработка и преговори Хитлер имал и со двете страни.Денес кога се зборува за тоа не е убаво само едната страна да се криви. На крај ниту Рузвелт, ниту пак Черчил не мисле така за СССР кога на посдамската, техеранската и јалската конфернеција меѓусебе со Сталин си ги договорија сферите на интерес. Источна Европа се до Берлин и припадна на СССР, а западниот дел на Европа на Британија и Америка, тоа си беше договорено помеѓу Черчил, Рузвелт и Сталин.

Претекс на Втората светска војна 

 Седумдесет и пет години после втората светска војна денес сме повторно на прекртница каде повторно во Европа се јавува Фашизамот. Во текот на втората светска војна Држави кои што има фашистички марионетските власти кои му служеа на фашизамот беа : Грција, Бугарија, Албанија, Србија ( пола -пола), Хрватска, Словенија,Романија, Украина, Белорусија, Балтичките земји, Полска, Чехословачка, Унгарија, Норвешка, Италија, Австрија, Холандија,Белгија, Вишевска Франција, Шпанија. Само три земји нема квислиншко колобрационистичка власт , тоа се Велика Британија, Македонија и Русија. Македонија немаше колоброционисти или квислинзи, Бугарската окупациона власт мораше од Софија да ги увезува.
Дека денес е жив Фашизамот во Европа и се практикува  е доказ Македонија. Барањето еден народ да се избрише од историјата и да му се одземе правото на самоопределување е исто така фашистички процес кој е еквивалентен на Хитлеровото барање за уништување на евреите во канц логори. Гледате Бугарите сакаат да си ја промената својата историја, Албанија исто така, сигурно и Французитге и Германците истото го сакат. Резолуцијата на Европскиот парламент е донесена со една цел Европа да си го избрише својот срам, како што погоре напишавме цела западна и источна европа имаше квислиншка власт. Тоа е голема шамарчина.
Сведоци сме дека во последно време се појавува и исламскиот фашизам, секако дека и тој не случајно се појавува како последен. Причината лежи во колонијалниот империјализам на западна европа кои зад себе остави пустош. Сите го знаеме случајот на Евреите и Палестинците само никој не кажува кој е крив за тоа. Британската империја која во 1933 година си замина и ги остави така, откако ги раскурца да завладе па да владее.
Она што денес се случува во светот е претекс на втората светска војна. После распадот на Британската империја  во втората светска војна, Америка остана доминантен столб во западниот свет, А со распадот на варшавскиот пакт и пропаста на источниот блок, таа остана единствен столб на светот. Меѓутоа од 2008 година, сликата на светската сцена повеќе не е иста, се појавуват и други светски сили како Русија, Кина, Индија, Иран, Турција, Јужна Африка, Бразил кои парират на Америка. Секако дека и денес целта е иста како и за време на првата и втората светска војна, а тоа е прераспределба на моќта, ресурсите, природните богаства, нафтата, енергенсите и се што се случува во светот според нас се случува со таа намера и цел.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...