Friday, May 22, 2020

МАКЕДОНИЈАГЕЈТ 



Не е проблем во идеологијата или сакањето! Туку  проблемот е што не препознават дека фашизамот веќе во изминативе години силно удираше на врата секаде во светот. Нели барањето Македонија и македонскиот народ да се самоубие е исто како и Хитлеровото барање да се уништата Евреите! Па зарем дечки не сфаќате дека тоа е фашизам. Без обзир дали тоа го бара Грција,Бугарија, Еу или Америка и некоја африканска земја истот да го бара пак ќе биде фашизам.


Помина веќе три месеци од кога тужбата против поранешната криминалан дипстејт група во Америка е поднесена. Кај нас ниту вест, ниту пак некој се занимава, ниту пак некој знае за што станува збор. Освен неколку новинари и портали што има доблест да проговорат за неа. Официјалните менстрим новинари и медиуми преќутеа! Молчешким како да не се работи за нешто важно.
Image

А всушност тужбата поднесена на 26.02.2020 година е тужба која треба да го ослободи светот од глобалистите и господарите преку кои преку нивниот фашистички начин сака да владеат со светот. Па така тужбата се поеќе се шири! Се отвара пандорината кутија. Случајот Обамагејт се повеќе се шири, па стигнавме до негова разврска во Италија и Украина. Прашање кое сега за нас е значајно што станува со нашот случај Македонијагејт. Едно за нас е значајно штом  почнува да се одмотува копчето за Џо Бајден и вмешаноста на администрацијата на Обама со Италија и Украина, лесно може да се дојде до нашиот случај Македонијагејт.
Колку за потсетување да напоменеме дека Италија беше вмешана во Куртон Револуцијата (Шарена револуција) и бомбите на заев.  Исто така да напоменеме дека Италија беше вклучена  и во случајот големото уво од 2001 година. Италија е земјата која е заштитен чадор на зоран верушевски. Не за џабе бомбите за рекет доаѓа од Италија, односно беа објавувани во италјанскиот весник Лариса, се знае од каде се! од Верушевски. Барак Обама преку Џо Бајден како негов посредник инсистираше македонската страна на чело со Никола Груевски уште во 2011 година да го прифати името Севернамакедонија. Одбивањето на овој предлог од македонска страна, Никола Груевски го кошташе пад на неговата влада. Така започна куртон револуцијата и започна кашлицата во која денес се наоѓаме.
Македонијагејт треба да ги опфати следниве работи, за кои македонската страна треба да ја тужи глобалфашистичката структура. Тоа се следниве работи:
1. Насилна промена на името, идентитетот и јазикот на македонскиот народ;
2. Наметнување на бугарска и тиранска платформа; наметнување на двојазичност во целата држава;
3. Организирање на шарена куртон револуција и не законски прислушкувани разговори, не законско пуштање на бомби во јавноста;
4. Мешање на американскиот амбасадор Џес Бејли во македонски избори, во донесување на закони и други внатрешни работи на државата Македонија;
5. Наметнување на пржински договор;
6. Инцирање на различни судири по линија на Македонци-Албанци; Инцирање на различни верски судири со цел поделба на македонското општество;
7. Фингирање на меѓуетничка војна во 2001 година;
8. Насилно наметнување на ганстерскиот рамковен договор и територијалната поделба во 2004 година, фингирање на лажен попис;
9.Стимулирање на луѓе со антимакедонски ставови преку најразлични организаци како институтот отворено општество кои ќе работата против интересите на Македонија и македонскиот народ;
10. Амнестија на хашките случаи;
11. Наметнување на албанската испостава ДУИ во македонските влади која преставува организација на терористичката УЧК како единствена албанска партија во Македонија.
До сега ниту власта, ниту пак опозицијата се изјасни дека ќе поведе некаква постапка по горенаведените работи, сега кога во Америка се отклопува копчето против корумпираната и фашистичка дипстејт.  Од власта не може ништо да се очекува, бидејќи се нивни марионети. Но опозицијата ВМРО-ДПМНЕ која беше насилно симната од власт со куртон револуција од страна на оптужената фашистичка групација. Наместо таа партија прва да се крене, да го крене својот глас и да проговри за се што овие људаци го направија во последните дваесет години, и да излезат како сведоци, тие си ќутата, дури не ги ни интересира.
Јас можам све да разберам и идеологија и све останато! Еве ако некој сака мене идеолошки да ме оптужи! Јас имам повеќе врска со Американците, него со Русите, така сум од младоста идеолошки врзан ( Тоа не значи дека ги мразам Русите и Русија, туку напротив ги почитувам Русите и Русија како народ и држава), но треба да се има здрав ум и да се направи разлика из меѓу себе си и нив. Јас никогаш не сум ги подржувал нивните политики, ниту пак сум го оправдувал она што тие го правеа низ целиот свет во последниве триесетина години, ни една војна не сум ја подржал што ја правеле, најмногу она што го правеа на мојата родена држава Македонија. Тоа може да се виде од моите многу текстови кои се напишани од моја страна против нивната политика. Комплетно се согласувам за сето она што се осудени во тужбата поднесена од 26.02.2020 година, а подржана од Трамп.  Јас не ја подржувам она фашистичка Америка  која не е она Америка која јас што ја сакам и ја знам! Ова Америка каква што беше до сега се оградувам, а гледам и сопствениот американски народ се оградува веќе. Епа дечки јас фашизам не можам да подржам. 
Не е проблем во идеологијата или сакањето! Туку  проблемот е што не препознават дека фашизамот веќе во изминативе години силно удираше на врата секаде во светот. Нели барањето Македонија и македонскиот народ да се самоубие е исто како и Хитлеровото барање да се уништата Евреите! Па зарем дечки не сфаќате дека тоа е фашизам. Без обзир дали тоа го бара Грција,Бугарија, Еу или Америка и некоја африканска земја истот да го бара пак ќе биде фашизам.
Сега за сега нашиот проблем е што немаме субјект кој што ќе застане зад Македонија и тужбата која е поднесена во Америка ќе биде надополнета со македонскиот случај. за сега само политичката партија РОДИНА јавно реагираше и бараше Џо Бајден и Обама да се испитат за македонскиот случај. Се надеваме дека во иднина ќе се појави некоја партија, организација или некое македонско лице со авторитет кој ќе го  исконтактира со Сајрус А. Парса и  АИО организаијата ПРО СЕ, за да тужбата биде надополнета со Македонскиот случај. Додека тоа се случи спијте ми спокојно! И знајете дека фашизмот е веќе поразен, бидејќи со него не се ни разговара и не се преговара. Македонија и Македонскиот народ на идното судење на неофашистите ќе биде еден од сведоците. До тогаш бидете ми со здравје.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Saturday, May 16, 2020

КОРОНАФАШИЗАМОТ ИМА ЗА ЦЕЛ ДА ЈА УНИШТИ СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА 




А лошото секогаш доаѓа најпоследно што би рекол нашиот паметен народ,  а кое се очекува од кога ќе се стабилизира ситуацијава со операцијата корона. Поради падот на нациналните економи и нејзиното затварање, доста од бизнисите рокна, луѓето остана без работа, трговијата остана во стагнација, државите влегоа во рецесија која предизвикува долгови. ММФ и Светска банка ја искорисија шансата за државите и наците да станат нивни должници. 


Операцијата коронавирус која демек веќе со месеци бесне низ светот, сведоци сме дека не ги затвори само луѓето, туку и нивните држави, национални економи и стопанства. Евидентно е дека најголемите последици кои светот ќе ги доживее после корона вирусот е пропаста на светската економија и нејзиното комплетно уништување.
Image

Обично во историјата економски распад и уништување на светската економија се случувало кога економијата во светски рамки се наоѓала  во рецесија, депресија и пад, по што секогаш следувала нејзина трансформација во некој нов економски систем. Дали сме сведоци на некој таков настан? Распад на еден економски систем и негова замена со нов економски систем? Мислам дека да! Сите настани во последните десетина години ни покажуваат  дека стариот економски систем капитализам од либерален тип е веќе на крајот од своето постоење и треба да биде заменет со нов економски систем.
за сега коронавирусот само го забрза тој процес . Не можеме, а да не кажеме дека ова што се случува со операцијата корона има за цел повторно да излезе во пресрет спрема оние светски господари кои на досега им беше целта да остварат поголем профит. Тие многу вешто ја користат ситуацјава во сопствената корист да произведат што поголем профит на сметка на обичниот народ. Поради таа нивна цел,таа нивна цел можеме слободно ја наречеме КОРОНАФАШИЗАМ кој има за цел да ја уништи светската економија.
Прашањето кои овдека ние си го поставуваме како нормални и разумни луѓе е зошто имат за цел да ја урнисат светската економија? Поради две причини. Првата е да предизвикат светски глбален хаос за да може полесно да се владее и да се управува со светот. Хаосот ќе ги врати старите играчи, она поразена американска струја на која и виси тужбата за досегашните злодела извршени врз човештвото и веќе поразената европска струја која е во заминување. Второ целта се парите! Во хаосот се врши невидена плачка, се крадат националните богаства, природните богаства и ресурси, а сето тоа води кон зголемување на профитот на светските господари. Тие тоа веќе го постигнаа преку СЗО и неговите мерки за затварање на луѓето по дома, затварање на националните економи, стагнирање на трговијата, сето тоа се нивни иструменти за да дојдат до посакуваната состојба на хаос и неред.
А лошото секогаш доаѓа најпоследно што би рекол нашиот паметен народ,  а кое се очекува од кога ќе се стабилизира ситуацијава со операцијата корона. Поради падот на нациналните економи и нејзиното затварање, доста од бизнисите рокна, луѓето остана без работа, трговијата остана во стагнација, државите влегоа во рецесија која предизвикува долгови. ММФ и Светска банка ја искорисија шансата за државите и наците да станат нивни должници. Сите држави стагнират и се во пад, а ММФ и Светска банка се во подем. Тие одлично ја искористија шансата преку проектираните фашистички мерки на СЗО за да ги направат државите и наците вазали кој во идниот период поради нивниот долг ќе ги отерат во пропаст државите и наците. Се во ова мене ми личи како да сакат насила да си ги истераат транспацифичките и трансатланските договори ( ТИИП, ТИСА), со што би се озаконила насила приватизацијата на светските богаства и ресурси по примерот на македонската приватизација.
ММФ и Светска банка преку СЗО ги искористија мерките за да ги втурнат државите и наците  во долгови, долгови кај ММФ и Светска банка кои државите за да ги вратат долговите во иднина ќе треба да го продаваат своето национално богаство ( реки, води, езера, планини, шуми и сл.) за да ги отплатат своите долгови. Чиста работа нема што тоа им е злокобниот план. Имено, претходно поради истите причини и на ист начин се водеа војните. Нападнатата држава која паднала и е поразена и уништена, за спас на својата држава и економија се задолжува кај истиве дечки ММФ и Светска банка и кога ќе дојде време да го отплаќа, односно враќа својот долг таа држава ќе мора да ја продава својата национална економија и своето национално богаство кое на крај завршува во рацете на светските моќници.  Не се заџабе мерките на СЗО, тие имат зацел да предизвикат хаос во економијата. 
А што правиме ние во Македонија? Нашата нелегитимна и квислиншка власт, исто како и останатите се задолжува и си се задолжува, само не знам дали власта  сама од нивните џебови ќе ги ваќа парите или ние народот ќе ги врќаме, а тие по обичај ќе си ја киднат, ако овој пат има каде да одат. за сега прогнозите велат дека економијата ќе доживее на есен голем пад, падот би бил висок што власта не би имал да исплати пензи, плати, социјални бенифици, субвенции и сл. за крај како во светски рамки, така и дома не чека возбудлива година, како и повозбудлива наредна година.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија 

Friday, May 8, 2020

ФАШИЗАМОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ




  На ден пред 75 годишнината сме од денот на победата над фашизамот во Европа. Ден кој Европската унија си го украде како свој ден и од ден на победа на фашизамот го прогласи како ден на ЕУ се со една цел да ја избрише историјата и сопствениот страм дека цела Европа за време на втората светска војна имаше квислиншки и фашистички влади со исклучок на неколку држави : Русија, Велика Британија и Македонија ( ако не ги земаме во обзир неутралните држави Швајцарија и Шведска). Само за потсетување во текот на втората светска војна свои квислиншки влади имаше цела источна и западна Европа, Грција, Бугарија, Албанија со Балистите, Србија со Недиќ, Лојтиќ и Михајловиќ, Хрватска со Анте Павелиќ, Словенија, Унгарија,Романија,Чехословачка, Украина, Белорусија, Балтичките држави, Норвешка го имаше Квислинг, Полска, Холандија, Белгија, Франција, Шпанија, Италија сите има квислиншки и марионетски влади кое му служеа на фашизамот. Тоа  е срамното минато кое Европа сака да го избрише со тоа што претварајќи го денот на победата над фашизамот во денот на ЕУ.
Image

   Но Фашизамот не е мртов како што многумина денес веруваат. Тој е жив и денес се пракиткува во Европа. Конкретен случај и пример за тоа вие Македонија.Барањето на Европа да се избрише Македонија и Македонскиот народ од  од картата на народите, не давајќи му на македонскиот народ право на самоопределување да се изрази  онака како што тој самиот се чуствува е фашистички процес исто како и оној на Хитлер за уништување на Евреите во втората светска војна.
   Она што замене како Македонец е голем срам е тоа што ние Македонците за време на втората светска војна кога беснеше фашизамот во Европа немавме квислиншко-фашистичка власт, а денес имаме таква збироштина која сака да му удоволи на глобално либералниот фашизам. Како што е групировката СДС, Денко Малевски и редица на негови колеги напикани во разни  институции во окупиранава Македонија. 
  Барањето на ЕУ да си го промени Македонија  своето име како што гледате не се однесувало само на името, туку и на промена на македонскиот идентитет, Бидејќи нашиот идентитет извира токму од тоа име. Како што можевме да видиме на последниов самит на ЕУ во загреб на кои нашиве фашисти се надева дека од фашистите на ЕУ ќе добијата препорака за учество во клубот на фашистите. Ами самитот пројде со предупредување на ЕУ дека услов за започнување на преговори за Еу е задоволување на Бугарските барања за бришење на Македонскиот јазик и Македонската историја со што Македонскиот народ ќе се претвори како остаток на Бугарската нација кој треба да се дефинира. Чист фашизам! Апла од Фашизам. Дури и за време на Хитлер на Евреите не им беше оспорен идентитетот, туку напротив како таков сакаше да се уништи. Ова што на нас денес ни се случува е тоа што сакат насила да те претворат во жив мртовец! Ем да живееш! Ем да бидеш мртов! Да не бидеш она што си се родил.
  Европа си ја продолжи својата замислена цел уште од самиот почеток на независноста на Македонија. Во текот на овие триесет години  еве ви ги Фашистичките барања на ЕУ спрема Македонија и македонскиот народ:
-1992- Лисабонска Декларација со која се бара Македонија да го смени своето име и во новото име да не го содржи името Македонија за да добие признание од ЕУ.
-1993-Менување на македонското знаме. Откажување од малцинствата во соседните држави со што станавме единствена држава која нема малцинства во соседните држави, а сите соседи имат малцинства во нашата држава. Што преставува добар услов за креирање на вештачка нација.
-1995- Потпишување на временската спогодба и добивање на референцата БЈРМ.
-1998-Промена на статусот на државата во регистарот на ЕУ, со што Македонија од држава прерасна во територија.
-2001- Фингирана војна и потпишување на рамковинот договор со што македонскиот народ од државотворен народ се пртетвори во една заедница и со тоа добивме племенско уредување.
-2004- Територијална поделба на Македонија која преставува вовед во федерализација на Македонија.
-2017-Бугарски договор за добрососедство, Тиранска платформа, закон за јазици.
-2018-Промена на името Македонија.
-2020-Нова лисабонска декларација со која се бара од Македонија да го промени својот идентитет и да се откаже од јазикот.
   Како што многумина претпоставува така и излезе дека после промена на името, доаѓа промена на македонскиот идентитет и откажување од јазикот, што преставува своевиден фашистички процес.
    зошто од Македонија се бара да се откаже од името, идентитетот и јазикот, поради две работи:
1. Поради политиката на Европа од 19 век, па наваму со што се бара Македонија да се избрише од картата на светот. Гревовите на Европа спрема нас се големи, тие ја мачат, нашето постоење ја потсетува на нејзините гревови. Имено Европа со неколку договори има потврдено дека Македонија и македонскиот народ не постојата: Берлински конгрес (1878), Букурешкиот договор (1913), Версајскиот мировен договор (1918), Јалтскиот договор (1943), Париска мировна конференција (1946).
2. Македонија е избрана за експемент за изградба на ЕУ без нации и идентитети, онака како што сакаше глоблистот и фашистот Макрони, она за што на времето сонуваше императорот Баросо.
    После сето ова изнесено можеме само да потврдиме дека денешнава ЕУ е продолжеток на фашистичка Европа од втора светска војна. Немам сомнеж во тоа дека и денешниов фашизам како и во минатото ќе биде поразен, не може да стане тој наше секојденвие, тоа е болест на човештвото. 
    Додека тоа се случи нека ни е среќен 9-ти мај ден на победата над фашизамот.

Смрт на фашизамот! слобода на народот!

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Sunday, May 3, 2020

РАЗНИ БУДАЛИ СЕ ШЕТАТ ВО ПОЛИТИКАТА 


Е по што имаме произведено вакви кадри кои не се способни за самостојно и сопствено размислување, затоа и разни будали ни се шетат во политиката како Денко Малевски. Тие или ќе се врзат за Македонија во ЕУ како единствена алтернатива, ако не е ЕУ ќе биде Евроазија или некој друг сојуз. А бе ни еден не се роди со идејата Македонија да биде независна  во меѓународните односи, да соработува со сите, а да не биде врзана за ни еден сојуз  која преставува единствена слобода.

Пред извесно време реков дека повеќе нема да се занимавам со нашиве така наречени интелектуалци како што е Денко Малевски од што со такви како него се имам занимавно со години наназад и имам пишувано за нив.
Image

Изјавата на Малевски ми е повод да анализирам и да се позанимавам со прашањето чив производ е тој? Бидејќи тој и неговата сопруга Мирјана Малевска со години наназад настапуват против интересите на Македонија, а на сметка на некој туѓи интереси. Малевски јавно зборуваше дека малите земји не им можат ништо на големите земји, односно дека треба да се почитува политика на сила. Професоров по правни науки очигледно не знае дека постои меѓународно право за да малите земји како Македонија да можат да се заштитата од големите грабливци. Толку од знаењето на експертов по правни науки. Неговата сопруга Мирјана Малевска уште во раните 90-ти години, кога се отвори прашањето за лустрацијата, во пулс пишуваше против неа. 
Едноставна  е работата!Работата е во функционирање на целокупниот систем на државата Македонија.  Лошта поставеност на системот уште од самото нејзино основање продуцира токму вакви кадри како што денес ги имаме.  А што може да се очекува ако се знае дека уште од време на Југославија беа произведувани кадри без национално чуство, без самосвест, луѓе без интергритет и идентитет, луѓе без кичма. Едноставно кај нас шламот над шламовите беше ваден на сцена. Во таа СФРЈ ако еден Македонец се дигне да искаже некое чуство на припадност кон својата заедница, одма беше третиран за непријател. Непријател на интернационализамот! А како  да бидеш интернационалнист, ако не си прво национално освестен или што би рекол познатиот албански писател Исмаил Кадаре „ Не можеш да бидеш интернационалист, ако прво не си национално освестен.“ Во последните шесет години кај нас беа продуцирани кадри кои се послушници на туѓи центри на моќта и интереси, Белград, Брисел, Вашингтон, Москва.
А што да кажеме за воспитно -образовниот систем кои со децении генерира, а не произведува  нормални кадри, туку бубалици, односно читачи на туѓи мисли, идеи, кадар без креативност и идејност. Како денес се сеќавам пред дваесетина години кога бев осмо одделение, уште тогаш констатирав дека нашиот воспитно -образовен систем е фаличен. Во школо учениците учат природни науки (Хемија, Физика, Биологија), проблемот е во тоа што нив ги учат теорија, ама не практика и лабараториски вежби. Да речеме учите по Биологија клетка, нели би требало наставникот по биологија да направи вежба каде што учениците под микрскоп ќе ја наблудуват клетката или по хемија каде што би требало задолжително да се прави експрементирање и обиди. Ако учите редукција и оксидација би требало да направите час експременти за да учениците да увидат како се добиват тие процеси. Јас барем за тоа време се сеќавам дека мојата наставничка по хемија само ни го покажа лабараторискиот прибор и ништо повеќе не видовме ни експрементирање ни обиди. По биологија да не постоеа цртежите на клетката во учебникот немаше ни да знам како изгледа. Не е во проблемот дали е кембриџ или не кембриџ програма, проблемот лежи во неспособноста на нашите професори  да создадат кадри кои ќе бидат способни да создадат креативни размислувања , кои ќе создадат готови производи, кои ќе се истакнат во економската продуктивноста на нашата земја.Така да нашиве професори кои се оспособени  да цитират туѓи, мисли, ставови, теорија на памет. На овие и најдобриот образовен систем и програми да им ги дадеш да ги реализираат џабе е!
Е по што имаме произведено вакви кадри кои не се способни за самостојно и сопствено размислување, затоа и разни будали ни се шетат во политиката како Денко Малевски. Тие или ќе се врзат за Македонија во ЕУ како единствена алтернатива, ако не е ЕУ ќе биде Евроазија или некој друг сојуз. А бе ни еден не се роди со идејата Македонија да биде независна  во меѓународните односи, да соработува со сите, а да не биде врзана за ни еден сојуз ( која преставува единствена слобода) нешто што Швајцарија денес добро го практикува. Ама за да дојдеш до тој статус  треба така добро да ја уредиш државата, да имаш таква визија за неа која ќе гледа во следните илјада години, треба да ја направиш државата самоодржлива со такво производство со кое нема да зависиш од другите, туку тие ќе зависат од тебе. Така развиена државата нема да зависи од ниеден центар на моќ, без оглед колку нас тој центар на моќ ни се допаѓа. за тоа да го направиме како држава прво е потребно покрај креирање на продуктивен образовен систем потребно е кај народот да постои самочуство, самопочит и чуство на припадност кон македонскиот народ и македонската заедница. Без тоа неможеме да продолжиме понатаму. Сите народи и нации во текот на историјата доживеале успони и падови, па така и ние! Падовите не треба да не плашат, туку напротив треба да не направат што повеќе силни за да продолжиме да чекориме понатаму.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија,

Sunday, April 26, 2020

ТЕШКО ЈЕ БИТИ У СУКОБ СА ВРЕМЕНОМ 




Во текот на втората половина на 19 век, водечкиот српски политичар Милан Пироќанац, водачот на српските либерали ја има кажано следнава реченица „ Тешко је бити у сукоб са временом.“ Ова реченица најдобро ја отсликува денешната ситуација во која светот се наоѓа.
Image

А денес светот се наоѓа во пресвртница помеѓу стариот и новиот светски поредок. Во моментов во светот се судираат двете концепции глобалистичката и суверенистичката концепција. Сувренистичкта концепција која се залага за владење на народот која што го има суверенитетот  во една држава, ова концепција завзема се поголем замав. Гледате дека и Трамп со неговите последни дејствија завзема свое место во суверенистичката концепција.
Токму Трамп со последните настани покажа дека е во чекор со времето, дека го разбира времето во кое што живее и во кое владее со Америка. Престанокот на финансирањето на светската здраствена организација, економските мерки за спас на американската економија, отварање на американската економија, сето тоа го врза Трамп за суверенистичката концепција, а во исто време го направи вечен непријател на глоблаистите кои никако да го разберат времето во кое што живеат, а тоа е дека стариот глобалистички систем е веќе мртов! и никако да се навикнат на новото време, се уште се надеваат дека стариот систем ќе се врати, поради тоа влегуваат во конфликт со времето, а секој кој влегува во конфликт со времето, кога тогаш од самото тоа време ќе биде прегазен. Секој кој влегува во конфликт со времето, него прифаќа новото време кое доаѓа, како таков е осуден на пропаст и изумирање.
Во основа на проблемот стои што политичките елити кои во последните триесет години беа на власт не само кај нас, ами на секаде по светот беа во расчекор со волјата и барањата на народот од кои бараа да ги гласат на избори. Токму непочитувањето на волјата и желбите на суверениот, на народот како владител ( крал) во една држава ги донесе во позиција да народот веќе не ги ни пресметува за ништо! тоа е таа позиција во кој денес се наоѓат. Изборот име или ќе научат да ја почитуваат волјата на народот и да ја спроведуваат таа волја на народот во пракса или ќе исчезнат од сцената како диносаурсите. Ова второво име е загарантирано уште однапред. Гледате во Америка веќе никој од американскиот народ не ги есапи ниту демократите ниту републиканците, туку напротив сите се приклонија кон оној што го слуша нивниот глас, тоа е сега Трамп. Американскиот народ  е силно против карантин, против полициски час, против затварање на американската економија. Трамп како нормален политичар го слуша гласот на народот и го спроведува на дело.
Истата ситуација ја имаме и кај нас! Македонскиот народ е против полициски час, карантин, затварање на економијата која ќе предизвика најголеми последици токму врз обичниот македонски човек.Мерките за економијата која црпнатава и нелегитимната власт ги нуди се за никаде, како некоја си социјална помош за некоја ранлива категорија на луѓе да се работи. Не треба да сте некој голем филозоф или економист за да знаете дека единствено решение  за нормално функционирање на економијата е таа да биде отворена, нормално да функционира. И во овие тешки услови компаните и фирмите треба да бидат оспособени  да остварат профит.  Со економските мерки кои личат како социјална еднократна помош ќе им помогнат на компаните и фирмите, исто колку што со социјална помош им помогна на социјално загрозени лица, толку на фирмите и компаните ќе им ги решат проблемите.
за сега и двете политички партии и од лево и од десно ги подржуваат економските мерки или глумаат дека не се како што требаат. Но никој не бара укинување на полицискиот час, на карантинот, отварање на економијата. Поважно за нив е распуштеното собрание да се врати во работа и ако уставно не може! Да! се продолжува работата на собранието во вонредна сосотојба, но ако пртходно не распуштено собранието. Единствена партија која до сега се залага за укинување на полицискиот час, карантин, отварање на економијата е РОДИНА како единствена партија која стои зад  гласот на народот.
На крај слушам по социјалниве мрежи врие од нервоза за тоа што Русија и Кина биле против тоа што Трамп ги укинал финансите за светската здраствена организација. Јас колку пати треба да напишам дека Русија и Кина се светски сили и како такви  како и сите останати големи светски сили си ги гледаат своите интереси, па ако за нивните интереси чини светската здраствена организација тие ќе ги бранат. затоа ние како држава која се наоѓаме на раскрсница помеѓу исток и запад не треба да се врзуваме за некоја светска сила како слеп за стап, туки да уклучиме мозок и да гледаме кој како ќе ја води играта и ние да се орентираме на она страна на играта на која се нашите интереси, да го искористиме како џокер за нашите интереси, а не да се фатиме како слепи за стап за некој голем играч за да ги остваруваме туѓите интереси и цели како што впрочем и беше до сега.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Sunday, April 12, 2020

АГОНИЈА ПРЕД СМРТА




Почитувани како што сме сите сведоци дека во моментов се случува еден систем да биде заменет со друг систем. Либералниот капитализам е веќе во клиничка фаза на умирање кој треба да биде заменет со нов систем.  Каков и кој систем ќе биде? се уште не се знае. Но тоа не треба да не плаши. Во моментот светот се наоѓа во мрачна доба како во времето на средниот век кога падна феудалниот систем. Периодот додека умираше стариот систем и се воспоставуваше нов систем се нарекува транзиција за која треба време. Но тоа за разлика од средниот век ќе иде побргу поради релативноста на времето.
Image

Пропаста и падот на либералниот капитализам не треба да не плаши. Секако дека непознатите работи секогаш не плашат. Историјата познава доста вакви случувања. Не е првпат одреден систем да пропадне и да биде заменет со нов систем. Гледано од денешна дистанца три системи до сега се пропаднати. Робовладителското општество, феудализамот и комунистичкиот систем. за робовладителското и феудалното општество  карактеристично е постоењето на одредена општествена класа која ја имала власта над останатите обични луѓе. Таа класа немала никаква одговорност пред никого, дури ни пред Бога. Нели во средниот век учеа дека кралевите и свештениците имат природно право да владеат, односно избрани од Бога да владеат. Али нивниот морал кога ќе ја наполнел чашата до горе доаѓал и нивниот крај. Па така и во либералниот капитализам  чашата од неморал веќе е полна. И токму во тој момент му доаѓа и кајот на овој либерален систем. Од историјата можеме да сватиме дека секогаш неморалот  кои преовладувал во одреден систем, бил самиот урушител на тој систем. Па и денес е истата прчина. затоа е добро да се каже дека одреден систем сам по себе удира! и тоа во оној момент кога токму ќе стигне до врвот на својот неморал, кога веќе нема да произведува нова вредност како либералниот капитализам.
Либералниот капитализам стигна до својот крај, причините за тоа се многубројни. Но една е главна секој систем сам се урушува како што кажавме во оној момент кога ќе стигне до врвот на својот неморал. Кога веќе стига до фазата на одчовекување кога веќе нема солидарност и одговорност од страна на системот и водчите на тој систем.  Во последно време сите ние сме сведоци  дека носителите на либералниот капитализам,западниот свет на чело со Америка ги изгубија сите репери и механизми на вредностите на општествениот систем, па така носителите на либерално капиталистичкиот систем не само што немаат одговорност за она што го правеа  на меѓународната сцена, туку ги изгубија и основните човечки и морални вредности, а не само солидарноста и давањето на помош спрема другите држави и народи. Или подобро тоа што денес се случува го имаше навремето кажано Карл Маркс Либералниот капитализам ќе стигне до фазата да ја јаде и сопствената супстанца за да преживее. Човекот самиот себе ќе се јаде! Таа фаза ја гледаме кога започна западниот цивилизиран свет удри по дивјаците на исток.Жртвите беа луѓето, народите, наците, државите. Супстанцата за да преживее западниот свет беа луѓето сопствената супстанца. 
Основа на либералниот капитализам е што е врзан за профитот и капиталот.  Колку повеќе профит остваруват либералните капиталисти толку и поголема беда на другата страна се создава. Тоа по инеркција  предизвикува судирање помеѓу двата пола, од една страна капиталистите како газди и потрошувачи на капиталот, а од друга страна работниците како создавачи на капиталот. Тој социјалне судир и конфликт денес се повеќе е присутен, сигурно ќе има тендиција и да се зголемува. Гледате во Америка Џим Дор станува лидер на американските работници кој повикува на генерален штрај и борба за правата на работниците. Неговиот повик е дирекно втемелен против владењето на либералните капиталисти.
знам дека промените на општествениот систем нема лесно да одат. Промените започна со економската криза 2008/9 година, продолжи со британскиот брегзит и доаѓањето на Трамп на власт во Америка, за сето тоа време се гледа играта повучи потегни. Добар пример имаме во Стариот завет примерот со Мојсеј кога ги шуткаше Евреите низ пустината со цел да го прочисти народот кој беше научн на стариот египетски систем. Денес либералните капиталисти може и сега масовно да почнат да се самоубиваат.
А ние што правиме во Македонија?Нашите партии и од лево и од десно не сваќат, не разбираат дека довчерашната политика е веќе во изумирање. Имат една шанса или да се променаат, да ја промената радикално нивната политика, што би требало да значи промена и на кадрите  во самите партии (  и забрана на оние политичари кои досега се бавеле со политика) или да изумраат заедно со неа. Не знам колку првото ќе го одберат, но  знам дека второво не им бега. затоа не само што нашиве политичари, туку и старите европски политичари ги доживувам во агонија пред смртт.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.  

Sunday, April 5, 2020

КРАЈ НА ЛИБЕРАЛНИОТ КАПИТАЛИЗАМ 





Во моментов во светот суштествува општествен хаос кој  го зафати светот во целина во сите негови делови на животот! Си има своја логика своја цел, а тоа е да произведе  нов свет, нов светски поредок, нова вредност, ново поимање на светот. Токму операцијата корона ни го покажа тоа дека старото што до вчера било денес умрело, а на подвик е да се роди нешто ново, некоја нова вредност.
Image

Короната уште еднаш ни покажа дека капитализамот од либерален тип е веќе мртов! Стигнал до фазата кога веќе не произведува нова вредност. Основата на либералниот капитализам  беа парите и нивната вредност. Кога достигна до својот врв либералниот капитализам со својата вредност се претвори во предаторски систем. Ги премина сите граници, дури ги згази и моралните вредности во општеството. Во тој момент на либералните капиталисти единствена цел им беше остварување на што поголем профит на сметка на обичните луѓе. Поради таа цел се водеа еден куп војни, уништување на народите и наците, нивните држави. Се со една цел да се стигне до природните ресурси и богаства  на државите и народите и тие национални богаства да прејдат во приватни раце. Тоа беше планирано со ТИП, ТИСА, ТЕЦ, транс атланските и транс пацифичките договори со кои светските богаства треба да бидат приватизирани  во рацете на неколку корпорации.
Корона кризата е продолжение на економската криза и рецесија од 2008/2009 година. за кризата има две основи: Прво нарушување на природната рамнотежа. Како што може да видиме планетата земја сама се справува од последиците кои човештвото ги оставило тркајќи се за профит и тие последици сите ги гледаме. Гледате какво ни е времето! Не знаеме кога ни е лето, пролет, зима, есен, на пролет ни паѓа снег.  Растителниот и животинскиот свет се повеќе изумира.Речиси скоро сите животни  се на листата на загрозени животни од изумирање. Втора основа е општествената рамнотежа, односно социјално-економскиот момент кој е поврзан со човекот како битие, Бидејќи човекот е живот, но не живот во апстракна смисла само да дише, туку и да има живот во вистинска смисла на зборот. Да може човекот покрај своите матрејални добра, да ги задоволи и своите духовни, социјални и општествени добра. Да постои некаква организација на животот на човекот со светот околу себе. Човекот да биде хумано и социјално суштество, а не затворен во себе. Да постои баланс, хармонија помеѓу матрејалните и духовните добра.
Што покажа кризата со короната?
1. Покажа дека западниот либерален капиталистички систем со се западна европа,Еу, НАТО, Америка и сите останати институции што го преставува западниот либерален капиталистички систем е веќе мртов.
2. Кина и Русија искористувајќи ја кризата со короната и солидаризирајќи се со светот опфатен со короната, праќајќи им помош мудро го искористија за да се кренат на пиесталот на идни нови светски сили. Што покажува дека мултиполарноста во светот е воспоставена и таа функционира.
3. Европската унија е веќе мртва институција. Кризата со короната покажа дека ЕУ не функционира на начин на кои беше замислена. Сега нејзините членки го преиспитуваат членството во ЕУ. Не само Италија, Унгарија, Шпанија, ами и останатите земји, за брзо време може да очекуваме дека ќе го постават прашањето дали е потребно постоење на европската унија.
4. До вчерашните либерал капиталисти во Америка и Европа  самите почна да се деградират. Од денес почна да донесуват пакет за спас  на веќе пропаднатата либерална економија. Тоа ни покажува дека се враќа улогата и функцијата на државата, без нејзина интервенција неможе да опстои економијата. Токму ваквите кризи како и секој пат во историјата предизвикувале токму враќање на улогата и интервенцијата на државата во економијата. Гледате Америка токму и тоа го прави со донесување на пакетот мерки за спас на економијата. 
5. До вчерашните завојувани непријатели Америка и Русија неделава си направија меѓусебен гест. Тоа покажува дека САД и Русија можат да изградат меѓусебни пријателски односи и да изградат свет кој ќе почива на меѓусебно пријателство, разбирање, соработка, почитување на правото И.Т.Н. Нешто што сигурно Трамп и Путин во идниот свет ќе започнат да го реализират, овој потег на Путин, а прифатен од Трамп, Сигурно дека само демократите ќе сакат да го искористат за напад на Трамп. Но тоа нема да им успее, бидејќи Американскиот народ исток како и Рускиот народ е паметен народ како и секој народ.
6. Кризава со короната во целос го разголи довчерашниот двопартиски систем ( лево и десно). После кризата доаѓа време на нова политичка идеологија, нови ликови во политиката произлезени од народот, нови политички партии конституирани на нови основи. Некои во Еврпа се појавија како партите на Фараж, на Салвини, Орбан, Путин и кај нас новитет од таков калибар е РОДИНА.
за крај што ќе биде следно после крајот на либералниот капитализам. Никој не знае! Едно се знае дека на капитализамот од либерален тип ( Капитализам од либерален тип, не капитализам, како капитализам) веќе дојден му е крајот.  Што ќе биде следно? Тоа е прашање што допрва да се отвори од кога ќе заврши кризава. Дали ќе се случи враќање кон државниот-капитализам ( кои постоеше во 50-60 тите години, се до 80-тите години) или ќе следува нешто ново, тоа е нешто што иднината допрва ќе ни го открие.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...