Friday, December 20, 2019


БАЛКАНСКАТА УНИЈА Е ПАНДОРИНА КУТИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА


ЕУ предлага балкански сојуз со кои територијално би се окрупниле двете големи земји Србија и Албанија на сметка на помалите држави,  и на тој начин да ги решат баланските врзаници кои сами ги произведоа, Босна, Косово и Македонија. Проект во кои малите народи како Македонците, Црногорците и Бошњаците би останале без своите држави.



Деновиве Брисел даде само препорака за членство на Македонија за влез во ЕУ, но не и датум за преговорИ за влез во ЕУ. Многумина експерти и аналитичари сметат дека унијата уште долго време нема да биде спремана за прием на нови членки. Со таа констатација излезе и австрискиот весник „ Пресе“ со предлог за формирање на балканска унија, така наречена „ Западен Балкан“, со која што споредн авториве на тексто би го забрзале процесот за влез во земјите од западен балкан во унијата.  
                                 Резултат с изображение за западен балкан                                                                                                                                                              
Според австрискиот весник дел од обврските што треба да ги спроведе регионот се следниве:  во рок од десет години да ја изградата западнобалканската унија идентична по примерот на ЕУ, укинување на границите, заеднички пазар со четри основни слободни трговски зони, заедничка енергетска политика, заедничка политика во телекумуникаците, собраќајот сето тоа заедно со граѓанските права.

   Идејата е стара

Уште при распадот на СФРЈ кога во Брисел беше јасно дека се крчка распадот на Југославија, тогашната европска економска заедница сметаше дека СФРЈ ќе се распадне по моделот на Кралството СХС и дека од нејзиниот распад само Словенија и Хрватска ќе излезат како независни држави, а останатие Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора топтан ќе одат заедно со Србија, се разбира како нејзин колач поради победата на Србија во балканските војни и првата светска војна. На почетокот од распадот на СФРЈ тоа беше платформата Глигоров- Изетбеговиќ за сојуз и унија на држави со која се предвидуваше сојузување помеѓу Србија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Токму оние држави кои денес се предлагат да влезат во унијата на западен балкан.
Уште во 2012-2013 година европската унија за првпат започна да ја пласира тезата за создавање на балканска унија во која би влегле земјите кои се пред влезот на унијата.Минатата година синот на Џорџ Сорос и самиот сорос за Њујорк тајмс изјавија дека со изградба на балканскиот сојуз на држави Европа ќе се стабилизира, во спротивно балканскиот регион ќе биде поделен помеѓу Кина, Русија и Турција.

Различни размислувања за балканската унија.

Во новата стратегија на Брисел за западен балкан е предвидено земјите од западен балкан да влезат во унијата дури после 2025 година. До тогаш тие препорачуват да се фрмира балканската унија со што би помогнало на земјите од западен балкан побрзо да се подготвата за прием во унијата.
Некои експерти сметат дека создавањето на балканската унија повеќе има економски причини од колку политички причини, размислувањата се поделени. Идејата за царинска унија е повеќе политичка од колку економска смета главниот и одговорниот уреденик на Белградскиот весник НИН Милан Ќулибрак. Тој верува дека идејата не дошла автентично од Белград, туку дека е родена надвор од балканот. „ тоа ми изгледа како уштеден вид да се смират завриените политички страсти и нестабилонстите кои се шират во регинот.“
Според Јасмин Мујаковиќ новинар на вашингтон пост Унијата го предлага западен балкан затоа што унијата не се погрижила за брз влез на земјите од западен балкан и ако тоа, таа цели шеснаесет години им го ветувала тоа, брз влез во унијата.

Денешната ситуација на балканот.

Состојбата на таканаречениот западен балкан  е следнава. Хрватска и Словенија од просторот на СФРЈ се во унијата. Босна и Херцеговина и покрај крајот на војната и  потпишувањето на Дејтонскиот договор остана внатрешно поделена држава. Проблемот што Босна не може да се конституира како држава лежи во тоа што ја нема преодната точка за нејзина конструкција, односно не постоењето на Босанска нација, од таму државата не може да се конституира и да си ги извлече своите атрибути ( Босански јазик, Босанска писменост и сл.) кој се значајни за тоа како ќе се дефинира како држава, дали тоа ќе биде националана држава или пак Федерација ( Конфедерација) на три држави, републики. Таа сега преставува сложена држава со комплексно политичко- правен систем кои не може да ја дефинира дали тоа е Федерација, Конфедерација и сл. Единствено  што може да се заклучи дека БиХ преставува во моментов збир на територија како и Палестина. Во  БиХ на дело се гледа неделотворноста и незаинтересираноста на европската политика и токму таа како и Американската политика е одговорна за денешната ситуација во која таа се наоѓа. Не заборавајте дека поделбата на кантони и ентитети и нејзино сведување на територија е американски проект и нормално е за денешната нејзина состојба во која таа се наоѓа да биде одговорна токму Америка.
Србија пак е оптоварена со проблемот на Косово за изнаоаѓање на негово решеније тешко се иде, што е логично од некои кои загубил дел од својата територија денес да биде во ситуација самиот да потпише дека се откажува од неа. До сега не се најде ни една влада или политичар дека е спремен да потпише дека Србија се откажува од Косово. Дополнителен проблем на Србија се Војводина и Санџак кој ја отежнуват внатрешната ситуација на Србија. Косово не може да виде држава, бидејќи е отцепен дел од државата Србија, по меѓународното право тоа не може да биде држава се додека Србија доброволно не се откаже од него што во моментов не иде така лесно.
Македонија пак се наоѓа во ситуација на тотално редефинирање, државата без согласност на народот го смени името, со тоа македонскиот народ е спуштен од нација во граѓанин, односно луѓе кои висат во воздух и немат право да припаѓат на некоја етничка заедница како и сите останати народи. Следна фаза во која сигурно ќе ја втурнат Македонија во територијално редефинирање на кантони по примерот на договорот Милошевиќ-Мицотакис од 1991 година кои предвидуваше Македонија да се подели на Албански, Српски, Бугарски и Грчки кантон.

Европска унија беше добра шанса за балканот

Уште на почетокот во шесетите години кога се создаваше европската економска заедница која денес прерасна во Европска Унија по идеја на Роберт Шуман. Идејата беше да се создаде заедница на региони, како што е тоа денес албанскиот регион, Албанија, Косово, делови од Црна Гора, Македонија и Грција го формират албанскиот регион, тоа не е формално-правно голема Албанија, но како таков е поднослив бидејќи народот си комуницириа слободно помеѓу себе. Идејата беше да се нормализират границите помеѓу државите за да се намалат антагонизмите помеѓу народите. Целта беше да се исправат грешките од претходните војни, да се исправат на природен начин лошо подвлечените граници во војните на тој начин што формирајќи заедница на региони, регионите постепено ќе прерасанат во држави, по природен пат народите без војни да влезат во своите природни матични држави.
Но, таа идеја за создавање на заедница на региони е мртва! Мртва е токму од оној момент кога унијата реши да применува двојни стандарди и кога веќе дваесет и кусур години го остави балканот да се дави заглавен во лимбу просторот заглавен во периодот помеѓу берлински конгрес, балканските војни и втора светска војна.
Кој би бил губитник, а кој добитник од создавањето на балканската унија, се разбира дека се знае Албанија и Србија, бидејќи тие си ги имат создадено своите региони, останува уште правно да се верфикуват. Но тука би дошло до еден правен проблем што би се предизвикал од обединувањето на Косово со Албанија и на Република Српска со Србија, а тоа е отвареањето на пандорината кутија со слични состојби речиси во цела европа, каталонија, шкотска, белгија, шлезија, трипол, украина и сл.  ЕУ предлага балкански сојуз со кои територијално би се окрупниле двете големи земји Србија и Албанија на сметка на помалите држави, ,  и на тој начин да ги решат баланските врзаници кои сами ги произведоа, Босна, Косово и Македонија. Проект во кои малите народи како Македонците, Црногорците и Бошњаците би останале без своите држави.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија

БАРБАРИТЕ ГИ НИШТАТ ПЛАНОВИТЕ НА ЦРНАТА АРИСТОКРАТИЈА




Овој викенд бевме сведоции на овогодишниот состанок на групата Билдерберг. Средбата беше тајна и затворена за јавноста. И покрај тоа во јавноста преку тајни канали за што всушност беше разговарано на овогодишниот состанок на групата билдерберг. На нивната Агенда се најде следново: Стабилен светски поредок, Иднината на Европа, Климатските промени, како да се стават Кина и Русија во ред, иднината на капитализамот, Британија и  брегзитот, вештачката интелигенција и нејзината примена, влијанијата на социјалните медиуми и интернет заканите.
Најзагрижувачка работа за црнава аристократија како што ги нарекува Даниел Ештун новинар кој со години ги истражува,  е ново настанатата ситуација во Европа. Како и секогаш, така и овој пат криви за уривање на плановите на црната аристократија билдерберг се барбарите од исток. Западот како наследник на Рим светот во изминатиот период го подели цивилизирани и барбари, Римјани и дивјации, по истото кредо како што и во минатото го правеа римјаните и атињаните.
Барбарин во текот на историјата беше наречен Прометеј големиот човек кој им го украде огнот на самобендисаните олимписки богови кои сакале да си играт со човекот како ќе им текнело. Крадејќи го огнот со него Прометеј  му го подари  и сето знаење на човекот , тоа е причината за која Прометеј беше наречен Барбарин. Добро е позната и приказната за Конан Барбаринот, Сумеријанецот кој според приказната се бореше против лошиот господар Хиса зул, ослободувајќи го човекот од неговите лоши канџи се вброи во групата на барбари. Потоа и Херкулес кои според митот и легендата на суров начин се бореше за ослободување од олимписките богови што исто така беше причина да биде означен како барбарин. Според ова изгледа дека барбари биле луѓето кои што го нарушувале воспоставениот ред на господарите како што во историјата биле Прометеј, Херкулес, Конан, од современиот свет би можеле во истава група да ги вброиме: Исус Христос, Мартин Лутер, Јан Хус, Симеон Де Боливар, Че Гевара, Сноуден, Јулијан Асанж и многу други.
И овој пат Барбарите им ги нарушија плановите на црната аристократија, така што на овогодишните европски избори победија за нивно изненадување ( а за наша среќа) токму за нив непосакуваните  национални партии и евроскептиците. Со тоа им пропадна планот за уништување на нациите и создавање на една супер нација. Не за џабе во текот на изминатите години  нападнати беа античките цивилизации од исток преку Кина и Индија, Персија ( Иран), Месопотамија ( Ирак), Асирија ( Сирија), Феникија, Филестија, Ханан( Либан, Израел, Палестина), Хетитското царство ( Турција), Египет, Либија и Тунис ( Картагина), Македонија, Рим ( Италија). Токму со уништувањето на овие антички цивилизации кои од римската империја беа наречени барбари се планираше  да се удри врз националниот идентитет на народите, бидејќи народите од исток својот духовен, културен и национален идентитет го заосноват токму на овие антички цивилизации. Победата на националистите и суверениститет предизвикува страв за билдерберговци, За момент тие дојдоа до сознание дека нивните планови за деконструкција на светото и човековата заедница ( без идентитет) наеднаш е мртов проект.
А што да се каже за западната цивлизација и нивното дивјаштво. Заборават овие од запад дека водат потекло од десете дивијчки племиња кои го развалија западното римско царство како што се Вандалите, Херулите, Свевите, Остроготите, Франките, Англо-саксонците,Логобардите, Визготите и други. Уништувањето и поробувањето, колонизирањето на народите и цивилизаците кои западот го правеше во текот на изминативе два века се добар показател за нивната дивјачка улога и дивјарење. Додека истокот градел цивилизации, западот ги рушел.
Македонците во текот на историјата од Рим и Атина беа нарекувани Барбари. Еве зашто :
1. Александар македонски своето царство го заосноваше врз начелото на мултинационална и мултиетничка основа;
2. Меѓу тогашните европски народи Македонците први го прифатија Христијанството  и во библијата се запишани како  Македонции, а не севромакедонции;
3. Македонците преку Кирил и Методија направија писменост во Европа, описменувајќи ја цела источна европа;
4. Македонците преку Богомилите ја започна реформата на христијанството и враќање на правото христово учење.  Богомилите беа предвесници  на протестанската реформација на Мартин Лутер;
5. Македонците први направија република во Европа. Крушевската република беше првата република , после падот на Француската револуција , која беше изградена на основите на правото на национално самоопределување, солидарност, слобода, демократија, соживот и верска толеранција помеѓу различностите;
6. Денес Македонците изградија република во која заедно живеат во соживот и хармонија различни националности  и луѓе со различни вери и религии.
Тому овие наброени причини  се добар показател дека Македонците секогаш  им го рушел воспоставениот ред на  самопрогласените цивлизирани и тоа е добра причина тие да бидат сместени во групата на барбари.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
 ВРЕМЕ Е ЗА ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ 



 Европските избори исто како и Македонските избори  покажа дека европските народи како и македонскиот народ слабо излегуват на избори. Тоа се должи на фактот што обичните луѓе  повеќе не им веруват  на своите политичари и политички партии. Разочаран е од нив!


Пројдоа и минато неделните европски избори за европскиот парламент. И како што сите видовме и очекувавме на изборите во голема мера на изборите победија десничарските и националните партии наспроти левичарските и либерално- централистичките партии, исходот беше за очекување, предвидувањата го покажа тоа.

Во Франција победи Мари Лапен, Макрони отиде на буништето, во Италија победа издвојува Матео Салвини, во Велика Британија Фараш, во Германија зелените, во Шведска десничарската партија, во Унгарија Виктор Орбан, во Хрватска Марија Петри, А Грчкиот народ на Ципрас му даде шут картон.  Европските избори исто како и Македонските избори  покажа дека европските народи како и македонскиот народ слабо излегуват на избори. Тоа се должи на фактот што обичните луѓе  повеќе не им веруват  на своите политичари и политички партии. Разочаран е од нив! се разбира, бидејќи Либерално-чентралистичките партии кои досега владеа со европската унија своето владења го претворија во профитерство, владење од свои лични интереси. Дури и урушувањето  на традиционалните заедниции како што се нацијата, религијата, семејството и се останато што преставува заедница им беше со една цел како на лесен начин  да се дојде до профит и бизнис. Водени од таа цел либерално-централистите заедно со европската левица ( која све е само не левица) сега ќе си ја платат цената.
За разлика од нив десните и националните партии кои ја сватија работата за што станува збор, кои сватија што се крие зад овој моструозен проект глобализам се свртија спрема народот и неговите потреби. Затоа Салвини е победник, бидејќи во секој негов говор на прво место е Италија и италјанскиот народ, нема кај него Еу и Нато, Туку Италија и италјанскиот народ. Затоа и во Италија ужива толку голема популарност. 
Доаѓа до возбудлива ситуација во самата унија. Сигурно дека глобалистиве ќе се обидат да направат све само евроскептиците  и националните партии да не дојдат на власт. Но во тој момент кога ќе се обидат да го направат истото што и го направија и на Македонија, да ја заобиколат волјата на народот, тогаш сигурно ќе можат да си стават крст на челото. Зошто? бидејќи оној кој што не сака да види, а се гледа од вселената дека од овој момент се искристализира  јасно двата концепти за иднината на унијата, односно две струии. Едната која до сега ја гледавме преставена преку левицата и либерално-  централистите  кои Европа сака да ја претворат во она што преставува Соединети Американски држави и која своевидно преставува најголема утопија, бидејќи Европа не е исто што и САД. Европа има друга историја, друг политичко-правен развој од Америка. Американскиот систем не може да се инсталира во Европа, секое негово инсталирање  во Европската унија, тоа Европа крваво ќе го плати. И втората струја така наречените Суверенисти и националисти кои Европа ја гледат само како заедница на национални и суверени европски народи, народи со потполен и признаен национален идентитет со сите негови атрибути кои произлегуват од него.
Да се вратиме кај нас! Чекав веќе две три недели од преседателските избори дали ќе има некаква најава за промена во политиката на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ? дали веќе конечно ќе почнат нивната политика да ја орентирата спрема волјата на народот? Дали ќе има промени во досегашниот курс за ЕУ и НАТО или се уште не ги разбират промените кои допрва доаѓат на европската политичка сцена.  60% од  Македонскиот народ на преседателските избори не излез да гласа тоа е добар показател дека Македонскиот народ како и Европските народи не одговара на политичката понуда. Тоа за секоја нормална политичка партија е доказ дека треба да ја менува својата политичка понуда. Сакав да верувам дека ВМРО-ДПМНЕ после дебакалот на преседателските избори ќе се совземе и ќе направи радикални политички промени во неговата политика во полза на Македонскиот народ, колку што гледам нема ништо од тоа. Пошто од тоа нема ништо!време е ние како и европјаните  сами да си организираме пролетно чистење. Чистењето почна од референдумот продолжи со преседателските избори и сега повторно продолжува, сега кога и во Европа дојде време на пролетно чистење.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
.

Мивките парадираат на сцена



Не знам драги мои, колку забележавте  кога гласше жири комисијата  на евровизија имаше едно ( наместено) гласање, а сосема друго кога гласаше народот, публиката.  Зошто е ова важно? Бидејќи истава работа ќе ја гледаме на престојните европски избори. Среќа што овој пат ќе гласат дирекно европските народи, па знаеме однапред  дека ќе изберат некои како Матео Салвини, Мари Ла Пен, Виктор Орбан и слични на нив со визија за Европа како земја на слободни, суверени и национални народи на Европа,  а не како лордите, руслана и слични како нив. Интересно ќе биде! Моргени и Хан ќе си пишат пропало кариера.




Деновиве случајно телевизорот ми се уклучи на оние реални шоу кои во прајм тајм времињата се емитуват на нашите канали како што се пинк ѕвезди и ѕвездите на гранд. Си ги гледам јас на Алфа пинк ѕвездите, кога ја слушам Гоца Тржан како и вели на една од учесниците демек нејзините песни не можел никој да ги пее, односно дека никој не можел да пее како неа и поради тоа не требало никој од учесниците во шоуто да ги пее. За да некој да искаже  ваква реченица, значи дека за себе си ставил мислење дека си нешто над останатите, односно дека патиш од комплекс на Бог. Гоца за себе си си мисли дека е над останатите, себе си се смета за нешто посебно неспоредливо со нас останатите мртовци.  Да не ја спомнувам Марија Шерифовиќ, а што да се рече за људачата Јелена Карлеуша, да отидеш во шоу за да ти раскажува  или да те советува дамава Карлеуша како да се облекуват човециве и сето тоа вкусено по пат со некоја невкусна навреда. Би требало навистина да бидеме луди за да се пријавиме во некое вакво шоу, а на крај кога ќе ги видам учесниицте како плачат затоа што добиле негативна оценка  си викам што не е во ред ? со мене или со нив е проблемот?

Овие наброениве и ваквите како нив патат од комплексот на огледалот на кралицата од приказната за Снежана и седумте џуџиња. Тие кога ќе се погледнат во огледало сметат дека тие се Богови помеѓу нас! Не знам зошто луѓево наши се замарат со нив. Кој се тие? Која е Гоца? Некој си пејачка за која знат само од Нови сад до Ниш, од Триглав па до Вардар. Сте чуле ли вие некогаш некој наш пејач, мислам од сите југословенски простори да добие ем-ти -ви награда или Бритиш ворд награда, некој спот од некој наш да пуштата да се врти на ем-ти-ви, па некој наш пејач да пушти корења и во западната музичка индустрија. Јас колку што знам нема. Сте чуле или видел некој наш режисер  да добие оскра, бафта, златна палма за најдобра странски филм. Јас колку што знам нема таков. Па пуштете ги нашите така наречени самобендисани и самонаречени ѕвезди со светските ѕвезди има да се скријат како мивки во некое ќоше. Оти тие си знат дека не се никој и ништо во споредба со големите ѕвезди.
Второво од кај да го почнам од последнава евровизија или да направам ретроспектива. Очигледно е дека визијата за расипана европа денеска постои само на евровизија.  Имено, со години сме сведоци дека на ова ток шоу парадира само ѓубрето. Како Лордите од Шведска, како Руслана од Украина, Сестри од Словенија, ова година Швеѓаните чудесно од бели поцрнеа на овогодишната евровизија.
Евровизија токму ја потврдува тезата за Европа како „ Вавилонска Курва“. Европа не ја нарекуват Вавилон поради тоа што во Европа се зборува многу јазиции, туку поради гнасотијата, гнасотијата е симболот на библискиот Вавилон во стариот завет. Токму парадирањето на Гнасотијата на Евровизија ја потврдува тезата за Европа како Вавилон.
Трето да и се свртам на Тамара Тодевска, Во потполно се согласуваме со констатацијата на пеачката Тања Царевска Кого Тамара преставува на Евровизија? Државата и народот кои ги изгуви своите права да биде народ како и останатите европски народи. Годинава, покрај горе наведениве имавме и преставник на држава која се самоизбришала нешто што претходно не е познато во историјата на човештвото.
Не знам драги мои, колку забележавте  кога гласше жири комисијата  на евровизија имаше едно ( наместено) гласање, а сосема друго кога гласаше народот, публиката.  Зошто е ова важно? Бидејќи истава работа ќе ја гледаме на престојните европски избори. Среќа што овој пат ќе гласат дирекно европските народи, па знаеме однапред  дека ќе изберат некои како Матео Салвини, Мари Ла Пен, Виктор Орбан и слични на нив со визија за Европа како земја на слободни, суверени и национални народи на Европа,  а не како лордите, руслана и слични како нив. Интересно ќе биде! Моргени и Хан ќе си пишат пропало кариера.
Сакам да кажам дека денес мивките парадират на сцена, тоа не е случајно ако се знае дека тоа е предвидено со доктрината на ЦИА од 1954 година каде стои запишано дека ќе ги изведат на сцена  најнеморалните, најнедостојните и тоа преку најразлични телевизиски шоу  како што се шоуто на Џери Спрингер, Големиот и малиот брад, најразлични фарми, задруги и сл. Гледајќи ги тие шоуа човекот станува егзициобист, односно сеирџија кој го гледа човечкото ѓубре и неморалот кое парадира на сцена, гледајќи го него го издига на вредност. Целта е добро позната производство на вештачки ново компонирани идентитети, бидејќи стариве не им одговратат па така моќниците се решија на вештачки да си создадат луѓе според нивниот лик. Па така денес се произведуват луѓе кои од до пладне се осеќат како мажи, после пладне како жени, а навечер како некое животно. Ни риба ни девојка.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
ЅВЕРОТ СО БРОЈОТ 666





Можеби најголемата загатка и најпривлечната работа како во новиот завет така и во целата библија  е ѕверот со бројот 666. Во откровението на Апостол Јован ( последната книга на библијата) во 13 глава,  во 18 стих го пишува следново „ Тука е мудроста кој има ум нека го пресмета бројот на ѕверот, затоа што е број на човек, а неговиот број е шестотини шесет и шест.“ Мартин Лутер без никакво двоумење сметал дека тој ѕвер е Ватикан.
Титулата на Папата на неговоата митра ( круната која ја носи за време на својота миса) Го пишува следново Vikarius filii dei тоа е вистинскиот назив на неговата титула.

V I C      A R I  U   S      F  I  L   I I     D      E  I 
5 1 100   0  0  1  5   0     0  1  50 1 1    500   0   1    =  666


Дека е точно тврдењето на Мартин Лутер, дека Ватикан е Антихристот и ѕверот со бројот 666, после него голем број на истражувачи ја потврдуват ова тез, меѓу кои големиот научник Сер Исак Њутон, Елена Голд Вајат основач на Христјанската Адвентистичка Црква која во нејзината книга Големата борба помеѓу Христос и Сатаната мошне одлично ја потврдува улогата на Ватикна како Антихристот во текот на целата историја на Христијанството, потоа професорите како што се Урија Смит, Марвин Масквел, Жак Дукан и други.
Ние низ овој текст преку проучувања на библиските пророштва ќе се обидеме да докажеме дека тоа е точно.
1. Книгата на пророк Данило ( Стари завет)
Во стариот  завет во книгата на пророк Данило, Вавилонскиот Цар Навуходоносор го сонува оној познат голем кип ( Данило глава 2). Главата од Кипот била од чисто злато таа го преставувала Вавилон, градите и рацете на кипот биле од сребро тоа го преставува Медо-персија,стомакот и бедрата од бронза ја преставуват Македонија, нозете од железо го преставуват Римското царство, двете нозе на совршен начин ја преставуват поделбата на источно и западно Римско царство, а стапалата на кипот кои се изградени делумно од глина делумно од желез според истражувачите и теолозите тоа е денешнот време, времето во кое ние денес живееме.
Подоцна пророкот Данило гледа ново видение, видение за четрите ѕверови кои излегуваат од морето ( глава 7). Првото како лав со орловски крилја тоа одговара на Вавилон, второто како мечка со три ребра во устата тоа одговара на Медо-персија, третото чудовиште како леопард со 4 птичји крилја и 4 глави ја прествува Македонија, 4 глави тоа се 4 генерали кои го поделуват Македонското царство после смрта на Александар македонски, потоа следи страшно и ужасно, силно чудовиште  со големи железни заби кое богохулеше и газеше се пред себе. Ова чудовиште газеше се разликуваше од другите чудовишта што на својата глава има 10 рогови. Наблудувајќи ги 10 рогови Даниел забележува еден мал рог како расте пред тие рогови и корне три рога од пред него. Овој ѕвер одговара на Римското царство.
                                           ѕверовите од видението на пророк Данило 

2. Десете рога и малиот рог
Најголемата работа која го привлекла вниманието на Данило бил малиот рог и десете рогови на страшниот ѕвер кои рековме дека кореспондира со Римското царство. Според ова произлегува дека големите рогови и малиот рог треба да се барат во Римската империја. 
Според голем број на теолози и библиски истражувачи десете рогови ги преставуват десете племиња кои го нападнале западното римско царство и му го ставиле неговиот крај. Тоа се следниве племиња: 1. Вандали;2. Визготи;3. Севи; 4. Франки; 5. Англо-саксонци;6. Алемани, 7. Буругонди; 8. Остроготи; 9. Ломбарди; 10. Херули. Од историјата овие племиња се познати како големата преселба на народите која се случува на почетокото од ерата.

                од овие племиња водат потекло современите западно европски народи

Појавата на малиот рог пред десете рогови уништува три рога од десете рогови, односно племиња тоа се следниве: Визготи, Вандали и Остроготи. Уништувањето на овие племиња го врши Рим со помош на Ватикан и тогашниот владител на Ватикан, додека останатите племиња успешно ги поставуват по негова контрола.
Според пишувањата на пророк Данило малечкиот рог следново ќе има на ум да го прави: 1. ќе го хули Бога, 2. ќе размислува да ги менува времињата и законите, 3. ќе го гази божјето свето место, 4. ќе му ја одземе неговата секојдневна жртва, 5. ќе ги мачи светите во текот на едно време, две времиња и половина време. Според ова опишувања на пророкот во осмата глава на малиот рог ни станува јасно дека се работи за институцијата Ватикан и нејзиниот поглавар. Ако се фрли полед на историјата токму ќе се види дека сите погоре споменати и наброени работи, Ватикан и папата одлично ги имат извршено овие задачи.Според 14 стих од 8 глава од книгата на Данило малиот рог кого го идентификувавме како Ватикан ќе го прогонува божјиот народ 2300 вчера и утра. Според толкувањата на стариот завет еден ден значи една година, тогаш 2300 денови и вечери преставуват 2300-те години започнуват да течат од времето на пропаста на западното Римско царство, а завршуват приближно околу почетокот на Француската револуција, по прецизно речено по Француската револуција. Оној што знае историја знае дека токму тој период во историјата е насловен како период на мрачен период каде се било подредено под знакот на католичката црква каде немало никаква верска слобода и толеранција, каде секое друго верско размислување било прогонувано, а луѓето кои се залагале  за верска слобода и реформа на црквата биле прогонувани, тоа е период на инквизицијата. Тие прогонства завршиле со апсењето на папата Пие од страна на Наполеон трети, со што му било нанесена смртна рана на малиот рог. Но едно друго библиско пророштво тврди дека смртната рана на Ѕверот била исцелена.
3. Ѕверовите во книгата  откровение на Апостол Јован
Ако книгата на пророк Данило преставува апоколипса на стариот завет, тогаш Јовановото откровение преставува апоколипса на новиот завет.
Во книгата откровение на Јован во 13 глава го читаме следново „ И видов ѕвер како излегува од морето кое имаше десет рогови и седум глави, а на неговите рогови десет круни и на неговите глави богохулни имиња и ѕверот што го видов беше како леопард и нозете му беа како мечка, а устата како лав. И видов една од неговите глави како да е смртно ранета, но неговата смртоносна рана беше целосно исцелена и се зачуди целата земја и тргна по змевот и му се поклонија на змевот.“
И во книгата на пророк Јован се среќава речиси со идентичен ѕвер како и во книгата на пророк Данило. Десете племиња , седумте глави се седумте племиња од страшниот ѕвер во книгата на пророк Данило. Овој ѕвер има карактеристики на мечка, леопард и лав. Тоа може симболички  да толкуваме дека ѕверот е изграден врз основа на претходните царства. Тука можеме да ја препознаеме западна европа која е изградена или почива на претходните цивилизациски достигнувања од антиката па до денешно време. Според пророштвото на пророк Јован смртната рана на ѕверот во пророк Данило била смртно рането, во јовновото пророштво таа е веќе исцелена. Тоа исцелување се случило во 1929 година кога Бенито Мусулини  со декрет ја прогласува Ватиканската држава, од тогаш па се до денешен ден моќта на Ватикан се повеќе и повеќе расте. Пророштвото на Јован продолжува „ И светот тргна по патот на ѕверот и му се поклонија на ѕверот...“ сведоци сме дека во денешно време  сите државници, преседатели, политичари барем во европа одат на баци рука кај папата. Сите тргна по патот на ѕверот како што пишува пророкот.
4. Денешното време
Да се вратиме на големиот кип од книгата на пророк Данило кој го сонувал царот Навухадоносор. Според записот како нозете така и стапалата се изградени делумно од железо  и делумно од глини, тоа е денешното време. Пророкот понатаму продолжува „ а што си видел железо измешано со глина, тие ќе се мешат со човечко семе, но  нема да се држат заедно, како што ни железото да се измеша со глина. ( Глава 2 стих 42-43). Стихот одлично ни дава опис на денешнава ситуација, на денешнава европска унија, народите си се мешат меѓусебе, ами како што гледате од последниве случувања на ЕУ, тоа мешање на народите не е успешно, исто како што не е успешно мешањето на железото и глината. Што значи дека приказната за ЕУ е мртво роденче, тоа го потврдува фактото во пророштвото ( Глав 2, Стих 34) „ Одеднаш се одвали каменот, па удри во кипот во стапалата во железото и глината, тоа го скрши. Тогаш наеднаш се здроби железото, глинта, бронзата, среброто и златото...“ и псле тоа доаѓа вечното божје царство ( опишано во главата 2 стих 44-45).  Тоа е тоа царството кон кое треба да се стремиме наместо лажното царство наречено ЕУ.

Напомена : со ова немаме намера да ги понижиме католиците како народ, ниту да ги возвишиме православните и протестантите, секако дека католичкото верување си има свои добри работи, исто како што има илјадници работи кои би можеле да се критикуват кај православните и протстантите.

 Користена литература:
1. Свето писмо Библија, Македонски превод.
2. Масквел Марвин, Апоколипса, знаци на времето, Скопје, 2001година.
3. Вајт Елена, Големата борба помеѓу Христос и Сатаната, знаци на времето, Скопје, 2001 година.
4. Dukan ak - Tajne knjige proroka Danila, preporod, beograd 2010 godina.
5. Borovic Pavle, Armagedon, preporod, beograd, 2004 godina.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
ИМЕ СО ИЗГУБЕНА СУШТИНА  


Мојата порака  и желба за моите Македонски православни христијани по повод велигден  е токму да погледнат назад во времето на првите христијани, да ја проучат нивната вера и да се вратат на библиската суштина на христијанството. Особено во овие тешки мигови во кои западна македонскиот народ на кои неменливо Бог им е потребен. Господ Бог им подаде рака на Македонците кога на Апостол Павле на сон му се јави Македонец барајќи помош од него, тогаш Бог одговори и го испрати Апостолот во Македонија. Господ тогаш ни подаде рака, но дали ние ќе му подадеме рака? ќе клекнеме ли пред него како обични грешници и ќе бараме опростување на нашите гревови? ќе се вратиме ли на суштината на христијанството? 


Многу пати до сега сме кажале дека секое име, суштество преставува одреден симбол кој има има одредена суштина на постоење. Па така и името „ Христијанство или Христос “ , преставува свој симбол, укажува на некоја смисла на постоење. Исто е и со обичаите и ритуалите кои ги пркатикуват верниците. Ако нешто му одземеш или му додадеш на симболот тогаш тој ја губи суштината на постоењето.
Резултат с изображение за isus hristos

Пишувањето на текстов ме инспирира со години наназад и тоа баш на секој велигден, бидејќи  тој ден и тој празник си има свое значење и суштина на постоење. Името „ Христос“ кое значи месија или преведено како спасител. Оној кој го искупил паднатиот човек поради своите гревови.
Гледам со недели и денови верниците пред велигденските празниции имат обичај да постат. Но не можам да им ја видам суштината на постот. Јас барем колку што знам библиски се пости поради каење и опростување на гревовите. Мислам дека денешниве верници повеќе тоа го прават како ритуал, отколку како вера или се држат до библиското начело за постот. Е тука доаѓаме до суштината дека симболиката на постот не е диета како што некој мои пријатели ми кажат што убаво кога доаѓа пост си држам диета или некои викат бабами така правела, па и јас така ќе правам. Симболиктата и суштината на постот е дека душата треба да пости и да се кае за сторените гревови. Тоа му го вели Бог на Исаија во стариот завет што ќе ми се вашите пости кога тие се само ритуал, душата треба да пости, а не телото да се измачува. Класичен пример за симбол со изгубена содржина.
Можеме вакви примери илјадници да наведеме. Знам дека верниците вобичајно за велигден се преокупират со фарбање на јајца и тоа во каква боја да бидат фарбани. Вистината е дека не постојат ново заветни докази дека првите Христијани фарбале јајца и дека треба да се фарба јајца. Мене една работа секогаш ме чудела! зошто Христијаните наместо со фарбање на јајца не се окупират со смислата, целта и суштината на христовата смрт? Зошто не се средоточат на него? зошто не се преиспитат, себе си, своите гревови и грешки, бидејќи Христос бил распнат поради нашите гревови и суштината на христовата смрт е токму опростувањето на човечките гревови. За тоа зборува челата библија од почетокот до крајот, зборува за гревот  и опростувањето на гревовите. Во тоа е симболиката, суштината и целта на Христијанството.
Со право можеме да кажеме  дека Христијанството е веќе име со изгубена содржина, тоа се случило токму во оној момент кога верата станала само чист ритуал, без нејзина содржина, смисла и цел, туку само обична форма.  За жал денешното Христијанство ( Католицизам, Православије, Протестанство) токму во тоа прераснало. Тоа се случило во оној момент кога Христијанството прераснало од прогонувана и забранувана религија во времето на Римската империја, за време на владењето на Константин со што се прекршени зборовите на Исус запишани во Матеј „ Божјето на Бога, а Царевото на Царот“.  Тоа отворило и врата за внесување на најразлични пагански обичаи во Христијанството. Верата и државата треба да бидат разделени, а не да дејствуват како едно. Од историјата на Христијанството знаеме дека токму се случило спротивното. Се создале два системи на делување, еден западен католички каде Папата ја имал надмоќта над крлаевите, царевите, владителите ( тој ги преставувал и тргнувал од престолот), источен православен  каде владителот и патријахот делувале синхронизирано заедно и двата системи го покажуват спротивното од искажаните зборови на Исус  во новиот завет дека црквата и државата треба да бидат оделени. Овие причини како и трагањето по изгубената суштина на христијанството секогаш доведувало до појави на разни реформаторски движења како што биле Павлеќаните, Богомилите, Катарените, Реформаторите. Колку навистина успеале да се вратат по изгубената суштина и да направат одвојување на црквата од државата тоа е друго прашање за анализа.
Мојата порака  и желба за моите Македонски православни христијани по повод велигден  е токму да погледнат назад во времето на првите христијани, да ја проучат нивната вера и да се вратат на библиската суштина на христијанството. Особено во овие тешки мигови во кои западна македонскиот народ на кои неменливо Бог им е потребен. Господ Бог им подаде рака на Македонците кога на Апостол Павле на сон му се јави Македонец барајќи помош од него, тогаш Бог одговори и го испрати Апостолот во Македонија. Господ тогаш ни подаде рака, но дали ние ќе му подадеме рака? ќе клекнеме ли пред него како обични грешници и ќе бараме опростување на нашите гревови? ќе се вратиме ли на суштината на христијанството? ќе ги празнуваме ли христијанските празници со суштина? или ќе викаме не важно само колку редот да му пројде, епа како тогаш Бог да ни помогне.
Вистината драги мои е блиску онолку колку што е и блиску книгата на полицата, само треба да се отвори и да се прочита. Затоа за промена можеме да направиме нешто ново, да почнеме да ја читаме библијата и да ја осознаваме вистината. Не ни треба некој храм да посетуваме, во новиот завет пишува дека „ Човечкото тело е божјиот храм.“ и така си ги знаеме какви ни се црквите и оние кои служат таму добро си ги знеме. Се додека Христијанството не се реформира за да се врати на вистинската суштина на постоење, не ни требат храмови со златни куполи. А кога и да е ќе мора да се реформира, до тогаш ете ни го лекот. 

Христос воскресе!

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија. 

Wednesday, April 24, 2019

ШАМАРЧИНА НА ДОСЕГАШНАТА ПОЛИТИКА 


Бојкотирам!

60% од народот бојкотира тоа е нова политичка реалност која бара нови радкални промени. Промените би можеле да ги започнеме со свикување на народно и уставотворно собрание со што би ја вратиле Македонија на своите темели на кои почиваше со уставото од 1991 година. 

Изминатиот прв круг на преседателските избори пројде во знак дека Македонскиот народ издвојува победа. По втор пат победа за народот! Тој си ја потврди победата на референдумот од септември минатата година. Македонскиот народ по втор пат потврди дека не ја признава и неска да биде дел од Северна Македонија, не ја препознава окторираната Северна Македонија која упорно му ја нудат лејкиве политичари. Македонскиот народ, Македонецот во неделата силно кажа дека знае кој и што е! уште еднаш им потврди дека несака да учествува во нивниот фашистички проект со кој се сака да го обезличат за навека.

Резултатот го потврдува дебакалот, односно шлаканицата  која Македонскиот народ им ја удри на партите и нивната досегашна политика. 755.829 гласале или 324 илјади помалку од последните локални избори во 2017 година. ВМРО-ДПМНЕ  доби 16 илјади помалку гласови од гласовите добиени на последните локални избори во 2017 година. Износот на гласачи кој бојкотирале или не излегле на гласање изнесува околу 60% што потврдува дека бојкотот е победнички. Македонецот на тој начин им удир шлаканица на досегашните наши политички партии.
Тоа е шамар на северната на Заев која без Македонскиот народ е мртвороденче без нејзино прифаќање од страна на народот не може да преживе. Шамар е, и за Западниот атлантистички свет, бидејќи севернава и сето тоа што го планира  околу неа никако на терен да им заживе. Тие добро си знат дека без Македонскиот народ тоа е невозможно. Поради тоа втор пат преку домашните квислинзи, предавници и корумпирани политички елити му подметна стапица преку избор за преседател се обидуват да го поништат референдумот од септември минатата година. Македонскиот народ истиктивно тоа го препозна и рече не!
Шамарчина заработи и ВМРО-ДПМНЕ шамар за досегашната негова политика. Се гледа дека раководството на ова партија која води политика  да седи на две столици, да биде правоверна ем пред Македонскиот народ, ем правоверна спрема странскиот фактор. Политиката на расчекро се покажа како погубна за ова партија. Незнам дали се свесни од ДПМНЕ  дека единствено мерило за креирање на нивната политика треба да биде Македонскиот народ и нивните барања и тоа народот на овие избори им го кажа. Јасно ли им е? дека да учествуваш на избори организирани од страна на квислиншка влада, окупатор, на избори и да работиш во нивните институции, собранието кое ти го окупирале значи дека стануваш соучесник во велепредавството спрема својот народ.
Од септемврискиот референдум па наваму во Македонија настана нова политичка реалност, таа запчна уште во септември паралерно со референдумот и таа продолжи колку што гледаме на преседателските избори. Народот не одговори на политичката понуда  која му ја нудат постоечките партии. Тоа укажува дека се потребни радикални промени на политичката страна. Потребни се нови политички партии, нови политичари, нови луѓе и нови политики. Нас ни треба нова распределба на политичката сцена која ќе треба да стави крај на досегашните политики  со мандрата „ Глеј на запад,  еден е изборот НАТО и ЕУ.“ Со тоа треба да се стави крај на старите политичари кој не донесоа до ова дереџе во кај денес се наоѓа државата и народот.
60% од народот бојкотира тоа е нова политичка реалност која бара нови радкални промени. Промените би можеле да ги започнеме со свикување на народно и уставотворно собрание со што би ја вратиле Македонија на своите темели на кои почиваше со уставото од 1991 година. На народното собрание ќе ги казниме предавниците и сите оние кои до сега ја донесоа државата во ова состојба во која денес се наоѓа. Народното собрание ќе организира нови избори со нови политички партии, политички програми и политичари.
Некој тука би ми нашол забелешка дека со тоа и ВМРО би изумрела како партија. Јас ви велам дека не! само таа ќе пројде во процес на чистка и трансформација во нова политичка партија со нова политичка програма и со нови луѓе кои немале ништо заедничко со претходните политики на ова партија. 
Честито нека ни е победата и одиме напред !

Бојкотирам!

Мишко Македонски Ливирински, Скопје, Македонија.

АМЕРИКАНЦИТЕ ОД КОГА НЕ КУРДИСА, СЕГА ЌЕ НЕ СРЕДУВААТ

АУ!!! неделава што беше напорна, море што од настани, што од случувања. Ај што градов ми беше парализиран од лудница собраќај и протести  ср...